логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

80.

Писмо до монахињата
Најбогољубива монахињо!
Пишуваш дека те мачи гневот: „Ниту мир, ниту утеха немам". Ако не се трудиме и работиме над своето срце, мир и утеха нема да има. Најпосле, треба да се земе себе во свои раце, а не постојано да живееме негрижливо! Бидејќи „Царството небесно се зема со напор и подвижниците го здобиваат" (Мт. 11, 12). Антониј Велики му рекол на својот ученик: „Ниту Бог, ниту јас нема да ти помогнеме тебе, ако сам не се потрудиш. Духовниот живот е сличен на дрво: телесниот подвиг е негов лист, а духовното работење — плодот!" Светото писмо вели: „Секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган" (Мт. 3, 10.). Секако, телесниот труд е нужен и без него нема да има плодови. Сепак, знај, телесните трудови не се доброде¬тели (доблести), туку помош за постигнување добродетели. Многумина се труделе а плодови не добиле, бидејќи нивниот труд бил надвореен и им го убивал духот. Св. Јован Лествичник вели: „Премногу се разврати сегашиов век и станал преполн со злоба и лицемерие. Телесниот труд, според примерот на нашите древни отци, денешниве христијани, можеби, и го покажуваат, но не се удостојуваат со благодатни добра, иако, мислам, дека на човековата природа тие дарови никогаш не и биле толку потребни како сега. А тоа, пак, немање го трпиме со право, бидејќи Бог се јавува не според напорите, туку според простодушноста и смирението на човекот". Св. Исак Сирин вели: „Ако се трудиш во некоја поважна добродетел и не гледаш успех или плод, не чуди се, бидејќи Господ ги дава даровите не за трудот, туку за смирението". Свештеномаченикот Максим рекол: „На телото дај му малку вежба, а сите сили употреби ги за внатрешно делување". Св. Варсонифиј рекол: „Ако внатрешното делување според законите Божји не му помогне на човекот, бадијала се труди надворешно" Св. Антониј рекол: „Кога седев кај еден ава, дојде некоја девојка и му рече на старецот: 'Аво, јас својот живот го поминувам во пост, јадам еднаш во неделата и секојдневно го изучувам Стариот и Новиот Завет". Старецот ја праша: 'Дали за тебе немањето станало исто што и изобилието?' таа рече: 'Не'. Срамот исто што и пофалбата?! 'Не'. Непријателите исто што и пријателите?! 'Не'. Тогаш мудриот старец и рече: „Оди, труди се, сеуште немаш ништо!"
Страшен беше подвигот на таа девојка: ед¬наш неделно јадела и тоа, најверојатно, не избирала храна, а тогаш слушна од искусниот старец: „Ништо немаш!" И го изучувала Светото писмо, но не ја разбрала суштината на неговите пораки и целата нејзина побожност била чисто надворешна — не се удостоила со духовни плодови. И петте неразумни девојки, за кои зборува Светото Евангелие, го зачувале големиот, натприроден подвиг на девственоста, но немале добри дела, па останале пред вратите на одаите на Небесниот Младоженец. И фариеите го знаеле наизуст Светото писмо, но не живееле според неговите правила и не можеле да ја разберат вистината — го распнале Господа!
Да, духовниот живот е наука над науките: бара духовно расудување, а расудувањето се раѓа од смирението. Египетските старци - добродетелта што јавно се представуваја сметале за грев, а не за доблест. Ете колку светиите се плашеле од суетата! Архиепископот Теофил еднаш ја посетил Нитријската гора и му дошол авата на гората. Архиепископот го прашал: „Која добродетел, според твоето искуствено сознание, е највисока на монашкиот пат?" Старецот му одговорил: „Послушност и постојано самопрекорување!" Архиепископот рекол: „Друг пат освен тој нема?" Свети Варсонуфиј Велики рекол: „Ако ги исполниш овие три правила, каде и да живееш, ќе бидеш спокоен. Првото е — да ја оставиш својата волја зад себе; второто е — да се прекоруваш самиот себе, а третото — да се сметаш полош од сите".


О блажено послушание! Кој ја приклонил својата глава под твојот јарем, секогаш ќе биде спокоен и радосен. Плодовите се утешни, но бараат големи напори. Св. Отци го сметале послушанието за еднакво со мачеништвото. Дај крв и прими дух! Од вистинското послушание се раѓа смирението и бестрастието, па дури и прозорливоста. Не чуди се, навистина е така. Нема да ви пишувам примери за послушание, претпоставувам дека и самите сте читале и знаете.
Еве уште нешто! Поради тоа што живееме без духовно внимание, не водиме сметка за себе ни за другите и од другите бараме да се поправат, а самите остануваме негрижливи. Понекогаш дури и ги клеветиме другите и чувсвуваме тешки последици од тоа. Ке наведам пример. Се случило во Египет, во еден женски манастир, каде се спасувале 400 подвижнички. По патот одел еден кројач и го сретнала една послушничка, некаде зад манастирот. Тој и рекол: „Зарем немаш послушание?" Таа одговорила: „Не, туку сами работиме". Овој разговор — средба го видела друга искушеничка и по некое време, се скарала со таа сестра и под влијание на гневот ја наклеветила за таа средба. Наклеветената послушничка, не можејќи да го издржи срамот и од тага тајно се фрлила во реката Нил и се удавила. А клеветничката сфаќајаќи дека неправедно ја наклеветила и ја погубила, и самата се удавила. Колку тажна приказна! Во тој манастир се спасувала Исидора Јуродивата. На неа и се јавил св. Питирим. Кога се дознало за нејзиниот подвиг, од смирение не можела да ја трпи човечката слава, таа тајно си заминала и не се знае каде живеела и како завршила. Блажена Исидора, моли Го Бога за нас грешните!
Тој женски манастир бил покрај реката Нил, а од таа страна на реката имало 10 манастири и во секој манастир по 1000 монаси. Со сите манастири управувал преп. Пахомиј. Секој манастир имал игумен. Во женскиот манастир служел јеромонах од манастирот на преп. Пахомиј. За оние послушнички кои загинале, преп. Пахомиј му забранил да држи помен, додека за оние кои исто така ширеле клевети, му наредил да ги одлачи од светата причест седум години. Господи, избави ме од човечка клевета и учи ме да ја исполнувам Твојата волја!
Уште нешто! Во истата таа земја и во истото време, во еден манастир живееле двајца браќа: едниот имал 12, а другиот 15 години. Еднаш двајцата игуменот ги испратил да однесат храна на некој отшелник (монах кој живеел сам во пустината). И тие му ја однесле храната, и враќајќи се на патот наишле на змија отровница. Тогаш, помладиот брат ја зел змијата в раце, ја замотал во мантијата и ја понесол во манастирот, секако, не без суетно самозадоволство. Таму монасите ги обиколиле момчињата, им се восхитувале и ги пофалиле за светоста. Игуменот бил духовно искусен и разумен човек. Ги казнил момчињата и им рекол: „Чудото Божјо сте си го припишале на себе! Подобра е само совеста без такви моќи, отколку добродетелта со суета!" Тој знаел дека чудата им штетат на светите.
Да, на земјата нема совршенство и постојаност. Имало и такви случаи кога некои подвижници, кои биле вознесени на небесата и таму ја виделе славата на светиите, потоа паднале и воделе срамен живот, служејќи им за потсмев на луѓето.
Со преп. Макариј Велики живеел еден таков подвижник, кој бил толку преисполнет со благодат што со полагање на своите раце лекувал болни, но бидејќи си вообразил дека е свет и се занел — пропаднал. Се оддал на срамен живот и така и умрел. Св. пророк Езекил вели: „Ако праведникот скршне од патот, Господ нема да си спомене за неговата праведност, а ако грешникот се исправи, Господ нема да си спомене за неговите гревови!"
Да, ние не треба да си веруваме на себе додека не легнеме в гроб. Да се стои во добродетелите, не зависи од нас, туку од Божјата благодат. Господ, пак, не чува, ако сме смирени: колку човек ќе се смири, толку и ќе напредува во духовниот живот. Ние треба да се трудиме во онаа мера во која имаме власт врз себе, а успехот зависи од благодатта, затоа ние сме должни да се молиме и да бараме помош од Господа. Во духовниот живот главен подвиг е молитвата. Молитвата бара внимание и трезвеност. Претпоставувам дека ти си читала за молитвата, но сепак ќе ти кажам, секако, накратко. За неа тешко е да се пишува во детали.
Молитвата има три степени: првиот — устен, вториот — умен и третиот — умносрдечен. Усната молитва се произнесува со устата, додека умот лута наоколу. Втората — умната молитва: умот треба да се „затвори" во зборовите на молитвата, да ги следи, а вниманието да биде на горниот дел на градите, бидејќи вниманието е душа на молитвата. Ако вниманието биде на градите, тогаш и срцето ќе сочувствува. Третата — умносрдечната молитва е „сопственост" на многу малку подвижници и се дава за најдлабоко смирение. „Острастениот човек не треба да тежнее кон таква молитва", вели св. Григориј Синаит. Кон умиление и солзи не треба да се тежнее, а кога ќе дојдат самите од себе, значи, умилението и срдечната топлина задржи се на нив се додека не поминат. Сепак, не треба да мислиш дека си постигнала нешто големо. Тоа доаѓа природно, од внатрешната концентрација и не е прелест. Еве што ќе ти кажам за секој случај: ако топлината појде и понатаму, разлевајќи се по сето тело, тоа не доаѓа од крвта, туку е духовна топлина. Од неа ќе ти потече река солзи и сите луѓе ќе ти изгледаат како ангели. Во таквиот миг ти веќе не можеш да останеш на нозе, туку треба да легнеш или да седнеш. Ако тоа ти се случи во црква, треба што побргу да излезеш надвор, бидејќи другите, кои не ги познаваат сличните појави, ќе помислат дека тоа е прелест, а не е прелест, туку те посетил Небесниот Гостин.
Го завршувам пишувањето за молитвата. Труди се во молитвата! Господ ќе му даде молитва на оној кој се моли. Амин.

 

 Друго:

  Писма на валаамскиот старец (23)

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

 

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная