74.
12 март 1954г.
Писмо до истата
...Господ, по Своето милосрдие, ти дал да вкусиш, па макар и трошка, од тоа „колку е добар Господ", како и на св. апостоли на таворската гора, кога св. ап. Петар рекол: „Добро ни е овде." Сепак, знај дека понекогаш мора да се биде и на Голгота.
Ѓаволот не се крева против ништо толку колку што се крева против молитвата! Понекогаш дејствува преку луѓето, па се создаваат разни клевети; понекогаш, пак, раѓа сувост во срцето, мрзливост и многу други работи.
На тоа те потсетив за да не паднеш со духот кога ќе дојде до тоа да почнеш да ги вкусуваш споменатите работи. За својата внатрешна жалост и утеха не треба никому да му се кажува, освен на ддуховниот отец. Неискусните во духовен живот, можат да ја извртат духовната работа.
Труди се никого за ништо да не осудуваш, а за омразата и расправиите самата знаеш од искуство. Ако си со некого скарана, Господ нема да ти ја прими молитвата. Сето Свето Евангелие зборува за тоа.
Еве уште нешто: внимавај да не помислиш дека си постигнала нешто големо, а другите тоа наводно не го знаат! Па, имало и такви подвижници, кои биле вознесени во оној другиот свет и ја виделе славата на светиите: луѓето ги прославувале, а тие добиле големо мислење за себе, ги совладала ѓаволска гордост, паднале од духовната висина и воделе распуштен живот, служејќи за потсмев на луѓето.
Господ нека те сочува тебе и твојата ќерка!
Писма на валаамскиот старец (23)
Извор:
Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001
Главен и одговорен уредник
Митрополит Тимотеј
Друго:
Писма на валаамскиот старец (1)
Писма на валаамскиот старец (2)
Писма на валаамскиот старец (3)
Писма на валаамскиот старец (4)