логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 starec.Tihon.jpg

...ги благослови дрвјата... (отец Серафим Роуз)

Животот човеков

 Бидејќи за христијаните пример за совршенството е Исус Христос и мерата на тоа совршенство е што попотполно вдлабочување во Него, тогаш и обврската да се стремиме кон совршенство  е исто што и обврската угледување на Господа Исуса Христа, изобразувањето Негово во себе и одразување на Неговото совршенство на себе.
 Бог нам овој живот ни го дал за да би имале време да би се припремиле за оној. Овој е краток , а оној бесконечен. Но, иако е краток, за време на истиот може да се спремат залихи за целата вечност. Секое добро дело заминува таму како мал влог; а сите такви влогови сочинуваат општ капитал, од чии проценти ќе зависи издржувањето на вложувачот за целата вечност. Кој таму ќе испрати повеќе влогови, неговото издржување ќе биде побогато; кој ќе испрати помалку, неговото издржување ќе биде поскромно. Господ секому дава по неговите дела.
 Гледајте кон небото и секој чекор од вашиот живот таму насочувајте го, да биде стапнување онаму.
На земјата се раѓаме не за радост, туку за пот, напори и страдање. Нашиот живот не е овде, туку таму. За „таму“ и треба да се спремаме. А телото и крвта ништо не ги смирува така како болеста... Отиди во некое свето место очекувајќи исцеление – тоа е добро. Но не по свое убедување, туку кога на тоа ќе биде укажено. Добро е да се посети студенецот на отец Серафим (Саровски)... но само ако постои топла вера.
Секојдневни грижи секогаш ќе постојат. Не мора посебно да се истакнува дека треба да се грижиме за душата. А вие, мислам и се грижите. Ако душата не се задоволува со она што го правите, тогаш придодадете. Бог ќе биде милостив. Тоа што велите дека немате време – не е точно. Време секогаш останува, само што не се употребува како што треба...
Ви испраќам книшка, толкување на триесет и третиот псалм: Ќе го благословувам Господа во секое време... и ви наложувам епитимија – неизоставно да ја прочитате.
Нашата цел е живот во Бога, но ние друг пат кон Бога немаме, освен Господ Исус Христос.
За раководење да се зема Словото Божјо и светоотечките дела.
Тргајте се од гревовите и правете секакво добро во животот – не само со телото, туку и со душата и со срцето; не само надворешно, туку и внатрешно, то ест и мислите и чувствата секогаш да бидат богоугодни. Што уште, освен добар живот? Пророкот вели: Тебе Те бара лицето мое... лицето Твое, Господи го барам. Со ова се изразува непрестајно сеќавање на Бога, со непрестајна ревност во сè да Му се благоугодува.
Во иднина постави си себеси закон – никогаш никому да не му го изјавуваш своето незадоволство.
Заради името, со кое те нарекле родителите, немој да се грижиш, туку погрижи се твоето име да биде запишано во книгата на животот. Чувај ја верата и прави добри дела. А од гревот бегај.
Целта е – Царството Небесно, но за достоен влез во тоа Царство треба да се очистиме од страстите и од сè лошо. Затоа што без тоа очистување вратите на Царството не се отвораат, тоа треба да биде наша прва цел. Кон тоа сега насочувајте сè... Сето ова е содржано во два збора: тргај се од злото и прави добро.
Од устата на ревнителот не треба да излегува: „не можам“. Водењето на работите бара голема мудрост, тоа е дар Божји.
Оној што решил да живее како што треба, веднаш го препознава злото, во кој вид и да се појавува. Понекогаш тоа се јавува само како помислување за зло, кога во умот се појавува зол предмет, понекогаш како злобно чувство, понекогаш како повик на зло, а понекогаш воедно и како привлекување кон него, повеќе или помалку силно. Понекогаш меѓутоа сето тоа се јавува во низа: се појавува зол предмет, тој предизвикува чувство, а потоа и привлекување... Сето тоа за душата е нечисто, ну уште не и грешно. Грешноста започнува со прифаќањето на злото, кое преминува во одлука да се направи зло – тоа е внатрешно дело, после кое се смислуваат начини, време, место... Потоа следи и самото грешно дело, од кое доаѓа ропството на гревот и душевна смрт.
Главни двигатели на животот во Христа се: ревноста – огнена, енергична, немилосрдна кон себеси, јаросно остра на својата зла страна во сите нејзини пројави, без никакво снисходење; и Божествената благодат која се привлекува и призива со ревноста и кога помага секогаш кога ревноста дејствува како што треба... Благодатта Божја секогаш е спремна и во полна сила, додека ревноста не е секогаш исправна, не е секогаш во потребниот напон: таа слабее, се приближува на рамнодушноста и се лади.
Тесниот пат нам обично не ни се допаѓа... Дај ни ширина и простор! Зар Господ не ги слуша овие извици? Ги слуша, но нема да го промени домостројот на нашиот живот, зашто тоа не би било добро за нас. Нашата состојба е таква, така да нас само тешкотија би не држела во исправна положба... А штом излеземе на ширина, се расплинуваме и гинеме. Затоа на земјата и царува недостиг, како најдобро опкружување за нас. Апостолскиот ум во тоа... ја гледа татковската љубов Божја кон нас, а оние што се во таква положба ги смета за синови блиски на Бога.
Појдовната точка на нивната помраченост е таа, дека целта на нашиот живот наводно се наоѓа на земјата... Но, таа не е на земјата. На земјата е почетокот на животот – неговиот припремен период – додека вистинскиот живот започнува после смртта... И единствен начин на подготовка е – мирното поднесување на тешкотиите, лишувања и неволји. Тој што земјиот живот ќе го погледне или ќе го набљудува со такви очи, тој нема да се отстрани ако во својот живот не види ширина и пространство... туку ќе ревнува во едно – да постигне тешкотијата да донесе најдобар плод, чија употреба се одложува за идниот живот.
Потребите и грижите се навистина разорни за духовниот устројство; но таа нивна разорна сила можеме да ја пресечеме препуштајќи се на волјата Божја.
Зошто живееме? Живееме затоа, да би нас, откако овде поживееме, на оној свет нè дочекала добра пресуда и дел кој на тоа одговара.
Кај старците постои закон: гледај пред нозете и чекори секогаш како што треба, да не се слизнеш, не сопнеш, и не паднеш. Тоа значи: гледај што бараат тековните околности во животот и во тие околности постапувај секогаш по заповедта Божја.
За секое секојдневно дело постои едно решение – да се прилагодува на она што  единствено е потребно, а не да се извршува на штета на тоа.
Бог го зачнува животот и раководи со него. Затоа секогаш Нему треба да Му се прибегнува и од Него да се очекува решение. А како Тој решава и како Неговото решение доаѓа до срцето, тоа не можеш да го разбереш, иако е несомнено дека Тој го придвижува секое дело кое Му е угодно и деоведува до негово извршување.
Животот кој што е заморен, одбоен и напнат, не е Божји живот.
... Не треба да се повлекуваме себеси, ниту радо да се препуштаме на забавите, зашто таквото однесување ја одгонува благодатта Божја.
Домашните работи можат да го оправдаат само тоа што пократко се стои на молитва, но исчезнувањето на внатрешната молитва не можат да го оправдаат. На Господа му е угодно и мало – ако е мало но е од срце.
... Целта е кај сите христијани една – да се биде во живо единство со Бога. Сите такви сочинуваат едно тело, додека надвор од тоа тело нема луѓе кои се духовно живи. И сите го имаат овој заеднички подвиг: да ги победат страстите и да станат чисти, без обзир на тоа дали живеат во светот или се оддалечиле од светскиот начин на живот.
Се присетувам како некој од древните старци  еднаш меѓу своите објавил: „радувајте се со мене – јас сум сега цар!“ Како тоа? Се зацарил над страстите. И иако не може да секој да објави нешто такво така смело, оваа состојба во христијанството е нормална. Тоа и е цел на животот во Христа.
Ако му се предавате на Господа од сета душа, Тој вам Самиот или преку Ангелот – Чувар, ќе ви ја предаде сета христијанска наука.
Подобро е да не се врзуваме за правилата до ситници, туку да имаме едно општо правило: секогаш да се дејствува наспроти барањата на самоугодувањето. И ако се допушти некое олеснување на телото, тоа нека не биде заради повлекување, туку од свеста дека е неопходно за здравје.
Ако верувата во промислата Божја која го одредува земниот удел не секој човек, онака како што му е најпогодно да се спаси, тогаш треба да верувате и во тоа дека вашите животни околности се најпогодни за вас, да би се уредило вашето спасение.
Целта на животот не е спокојство на земјата, туку блаженство после смртта во другиот живот. Кој носи било каков крст, тој оди по сигурен пат кон тоа. Тука преселете се со својата желба и надеж и сите свои помисли и грижи насочете кон стекнување спокојство таму.
... Целта на нашиот живот не е среќно да поживееме на земјата, туку биле среќни или не, и со едното и со другото достојно да се подготвиме за добивање на вечното блаженство во другиот живот.
Христијанскиот живот од првите чекори наидува на многу препреки и колку подалеку ги одминува, толку ги има повеќе. Оној кој стапува на пат со таков живот треба да се наоружа со храброст, како би одел напред без страв од борби со препреките кои му предстојат.
Човековата цел не е на земјата, туку во другиот живот. Кога би била на земјата, ние не би умирале, а бидејќи умираме, значи дека нашиот вистински живот не е на земјата. Земниот живот е само подготовка за другиот живот...
Човекот има три животи – духовен, душевен и телесен. Првиот е завртен кон Бога и небото, вториот – кон уредување на земното постоње, а третиот – кон грижата за телото. Ретко се случува сите овие животи да се откриваат со еднаква сила, туку обично кај еден преовладува еден, кај друг вториот, кај трет – третиот. Највисок е духовниот, зашто духот е над душата и телото, и затоа што преку него човекот станува поблизок со својата цел, то ест со небото и Бога.
Делата не се она главното во животот; главно е – расположението на срцето, завртено кон Бога.
... Вие сте слаби, а живеете светски живот – според тоа, светскиот живот не дава добро здравје. Одтаму следи пред сè следново: „бидејќи ти светски животе, не ми даваш добро здравје, јас те отфрлам како неодговарачки за подобрување на моето здравје“.
Да ли е можно да се сочува вниманието будно осумнаесет до дваесет саати? Тоа никако не е возможно. Мислата мора да попушти и свртува во расејаност. Ова значи – да се дејствува против себе, то ест, со сопствено правило да се оди кон разорување на вниманието, наместо кон негово собирање. Понекогаш е потребно да се одздивне.
Радувајте се кога ќе наидете на надворешно, несакано понужување. Дочекувајте го како особена милост Божја.
Чувајте се од секое претерување.
Избегнувајте заситеност – состојба во која лукавото срце си говори на себе: доста, ништо повеќе не ми е потребно; се потрудив, доведов сè во ред, можам малку и да се опуштам . На Израилот му е речено: си се угоил, здебелил и засалил... Сè во изобилие! А плодот, каков е? Еве: ...  па го остави Бога (Пов. Зак. 32, 15). Ова се однесувало на телесната ситост и задоволството со својата надворешна состојба. Но во потполност може да се примени на духовната ситост и на задоволството со својата внатрешна состојба. Последицата е иста – заборавање на Бога. Кога од сè се има доста, зошто да се моли на Бога и да се размислува за Него? Но, самозадоволните не доаѓаат одеднаш до таму, туку најнапред ова го имаат во можностите. Непосредното дејство на ситост е ослабување на вниманието и повлекување. Кој го допушти тоа, ќе почне да лизга надолу низ лизгава падина на ридот. Во тоа е несреќата. Затоа внимавајте!
Целиот наш живот се состои од дела и помисли. Средете ги делата, па фатете се за доведувење во ред на помислите – тоа е најнеопходно. Господ нека ве умудри во сето тоа.
Вие само воздивнувате и се жалите... А всушност, зар не се надевате дека ќе се спасите со дела? Тоа е јудејски пат. Христијанскиот пат е – со солзи да се кае и да се моли:„Господи! Ти кој сè управуваш, спаси ме.“ Зашто надежта за спасение во Господа воедно е и обрвска за христијаните и дух на нивниот живот... А каде е надежта, таму е и утехата.
... И строгоста и снисходувањето се еднакво потребни и благотворни – на свое место, во свое време и во своја мера. Оној што секогаш го бара она што е спасоносно за душата, тој ќе умее да извлече корист и од едното и од другото.
Тешкотии постојат и во монашкиот и во светскиот живот. А во овој последниот се повеќе...
... Не треба да гледате на тоа што било, туку на тоа што предстои. Она што било – се исправува со покајание, а она што претстои не зависи од тоа што било , туку од подвигот и напорот. Мерата  на  напори и подвизи станува мера на очистувањето, а понатака и сведоштво Божјо за тоа очистување.
Исправниот живот се одвива со страв и трепет пред сеќавањето на Бога, кое не отстапува и нè следи нас во чекор. Отаму е трезвеноста. Но над сè стои - ревноста за спасение, силна и неумоллива.
Чувствувате повик сиот свој живот да Му го посветите на Господа, а се плашите да се одлучите на тоа. Да се посвети животот на Господа – тоа не е оставено на избор, туку представува неодложлив христијански долг. Кога се зборува за посветување на животот на Господа, не се мисли на некој дел од животот, туку на сите пројави на душевниот и телесниот живот, и на најобичните мисли, и на најпростите движења на телото.
Бог однапред го гледа човековиот живот во целина... и одлучува овој да биде меѓу оние кои веруваат и се спасуваат, а оној не... Божјата одлука се донесува врз основа на целокупниот живот на човекот; самиот живот се одвива и по наклонетостите на волјата и под влијание на Божјата промисла на неа, како однадвор така и и одвнатре... Бог сè прави да би го вразумил човекот. Ако и после сè гледа дека тој не сака да се исправи, тогаш го остава и како да говори: добро, ништо друго не преостанува. Бог не ја сака смртта на грешникот; но не врши ни притисок на волјата, туку само сè прави да би ја привлекол на добро. Тој сè за секого предвидува и како ќе предвиди, така одлучува.
... Основно е – трпењето на напорите на делувањето и совладувањто на тешкотиите... Кога кај нас секогаш сè би било , би се успале.
Држете се вака: секогаш да бидете Господови. За тоа се бара многу: во мислите секогаш да го носите Господа; во срцето секогаш да имате љубов кон Него; во волјата – сè што правите, правете го поради Господа. Тоа се три точки, но такви кои во себе ги содржат сите – го опфаќаат целиот живот.
... Во животот по Бога духовните утехи се додаток, а не суштина. Суштината е – сила и цврстина за држење во добро поведение, како внатрешно, така и надворешно. Затоа не треба да се паѓа во очајание кога утехата и одушевувањето ќе поминат, туку треба поусрдно да се прифатиме за вообичаените напори на богоугодниот живот, и на внатрешниот и на надворешниот.
Падот е правење на лошо и богоротивно на дело, со свесност за тоа дека е во прашање несто лошо и богопротивно и со гнасење на совеста. Падот е во врска со грешното дело. Делото станува грешно кога постои доброволно согласување на лошо. Мислите се грешни кога доброволно ќе им се даде место во душата, но кога доаѓаат сами, а душата не ги сака и им се противи, тогаш тука нема грев, туку во прашање е добра борба.
Стоејќи пред лицето на Господа, други мисли не треба да се допуштаат... туку само Господ да се гледа со потребните чувства кон Него – дека гледа, слуша и подготвен е да услиши и исполни. Не оставајте го својот збор без мисли за Господа и за тоа што е Тој за нас, но мислите нека ви бидат едноставни: дека е блиску; дека чува, држи, учи и раководи...
Кога делата доаѓаат од срцето, тогаш животот е навистина жив... а кога при тоа се уште и на Господа посветени, тогаш се божествени: зашто тогаш Самиот Бог дејствува во нас. Размислувајќи за својата судбина, вие заклучувате: нека биде волјата Божја. Нема помудро решение од тоа. Кој е таков во срцето, тој е како во тивко пристаниште, иако пред очите му е разбрануваното море на светот... На таа котва држете ја лаѓата на вашиот живот, па брнаовите нема да ве потопат – само малку ќе ве заплиснат.
... Ви се приближува испит. Господ ќе ви постави прашања преку околностите со кои се соочувате. Вашиот одговор е – тоа како се држите во ситуациите на кои наидувате; а Божјата благонаклоност или неблагонаклоност – тоа о отценката...
Кога ќе има потреба нешто да зборувате или пишете, молете се за просветуваље, смирено и искрено свесни за својата ограниченост во разбирање на патиштата Божји. Никогаш не составувајте (беседи), а она што доаѓа од срцето кажувајте го и запишувајте го без размислување.
Дали некој напредува во животот и колку, тоа не може да се забележи, зашто инаку никој себеси не би се трпел онаков каков што е. Незнаењето на тоа го држи човекот во страв и секогаш ја обновува неговата ревност, уверувајќи го дека уште ништо не е неправено и, соодветно со тоа, треба да почнува одново.
Почнувањето одново – тоа е закон на духовниот живот. Секој ден треба да се смета за прв ден од животот во страв Божји – заборавајќи сè претходно, освен гревовите, за кои секогаш треба да се каеме.
Тешкотиите на патот, препреките, раслабленоста, унинието – сето тоа се случајности кои доаѓаат и поминуваат. На нив не треба да се обрнува внимание. Треба да им се спротивстави уверување дека напред се наоѓа исправна цел и средствата кои ни се дадени доверливо водат кон неа. Пред тоа секој немир ќе се повлече и душата ќе се исполнува со надеж.
Земниот живот за тоа е и наменет, да во текот на него невољите одвојуваат од неумесни приврзаности, а утехите да ја хранат надежта за очекувано подобро. Затоа тие секојдневно се сменуваат.
Никогаш не треба да се врши насилство над текот на настаните, туку внимателно да се гледа како се одвиваат и тоа да се користи на свое спасение.
Тежнеењето да се живее широко, на земјата е излишно. Тесниот пат – е вистинскиот пат.
Мислам дека кај вас пречесто се поставува прашањето: што да се работи, што да се прави? Сметам исто така, дека одговорот на тоа, ви се дава во вашето срце: што друго, освен да се спасува душата своја. Тоа е одговор за секоја ситуација. Кога душата се спасува, сè друго може и не мора; ма што и да било, спасението на душата може да се помири со сите животни околности и не само што може да се помири, туку сите ги оживува и осветова...
Својот живот треба да се предаде во рацете Божји. Тој сè ќе уреди на најдобар начин. Меѓу другото, Тој тоа веќе и го прави.И сè што досега ви се случувало, дело е на Неговата промисла за вас... верувале вие во тоа или не. Но, ако Бог за вас уредува сè, а вие не верувате и не исповедате, тогаш и самите согледувате дека таквото однесување во односот со Него е многу неисправно. Сè треба да примаме од рацете Господови и за сè да благодариме. Повелете запишете го тоа во своето срце и за најпрва задача одредете да се убедите себеси во тоа. Преиспитајте ги сите ситуации во вашиот живот, па во сè ќе видете прст Божји кој прави добро и ќе Му заблагодарите на Господа.
Што се однесува на текот на животот, нека знае дека неговата промена не е својство на нашите сили. Сета наша мудрост треба да се состои во тоа, да се прилагодуваме на сите животни околности кои Господ ги испраќа – така да би биле што е можно помирни.
Злото околу нас постои не затоа да би му сме се покорувале, туку да би се бореле и со борбата да би постигнувале спротивно добро: наместо похот – целомудреност, наместо гордост – смирение... Тоа е задача на вашиот живот...
Делот на секој човек го одредува Бог; сиот тек на човечкиот живот исто така представува дело на Неговото себлаго промислување, та соодветно со тоа и секој момент, секоја средба.
Целта на животот навистина треба точно да се познава. Зар тоа е чудно? Не е ли таа веќе одредена? Работите стојат така да, бидејќи постои задгробен живот, целта на целокупниот овој живот треба да биде таму, а не овде. Тоа на сите им е познато и нема потреба посебно да се објаснува, иако во пракса ретко кој на тоа се сеќава. Но вие себеси поставете си како закон за целиот ваш живот, со сите сили да ја следите таа цел, па и сами ќе согледате каква светлост од тоа ќе се разлее на вашето привремено пребивање на земјата и на вашите дела. Прво што ќе се открие ќе биде убедувањето дека сè овдешно представува само средство за другиот живот. По повод средствата постои едно правило – да се употребуваат и да се котистиме со нив така да водат кон целта, а не да оддалечуваат од неа и да се испречуваат пред неа. Еве ви воедно решение за вашата недоумица – „Не знам што да направам со својот живот“. Гледајте во небото и секој чекор на вашито живот одмерувајте го така да биде стапнување онаму.
Целокупното устројство на христијанскиот живот е вакво: верувај во Бога, на Кого во Света Троица Му се поклонуваме и Кој нам не самува во Господа Исуса Христа, со благодатта на Духот Свет; примај ги благодатните сили преку Божествените Тајни на Светата Црква, живеј по заповедите на Евангелието и вдахнувај се со надежта дека Бог заради малиот личен напор кој одговара на нашата сила, заради верата во Господ Спасителот и послушноста кон Него нема да нè лиши од небесното. Ова посебно го истакнувам, да би виделе во кој дух ние христијаните треба да ги вршиме своите дела. Зашто едни кажуваат: работи, работи, а други: верувај, верувај. Потребно е и едното и другото: верата да се соединува со делата и делата со верата.
... Ви доаѓа сиромав – Бог го довел. Што треба да направите? Да помогнете. Бог Кој би довел сиромав, секако со желба кон тој сиромав да постапит онака како што Му е Нему угодно, гледа на вас како ќе се однесувате на дело. Нему Му е угодно да помоднете. Ќе помогнете? Ќе направите дело угодно на Него и чекор кон последната цел – наследување на небото. Воопштете го тој случај и ќе добиете: во секој случај и при секоја средба треба да се прави она што Бог сака да правиме. А што Тој сака, тоа уверливо го знаеме од заповедите кои ни се дадени. Бара ли некој помош? Помогни. Некој те навредил? Прости. Сам некого си навредил? Поитеј да побараш прошка и да се помириш. Некој те пофалил? Немој да се гордееш? Те покудил? Не се срди. Дошло време за молитва? Молете се. Време за работа? Работете...
Целта – блажен живот после гробот; средства – дела според заповедите, чие исполнување бара секој случај во животот.
Ако верувате на Промислаа Божја, која секому ја одредува земната судбина онака како што му е полесно да се спасе, тогаш треба да верувате и во тоа дека целокупната ваша животна ситуација најпогодна за постигнување на вашето спасение. Колку јас што гледам, таа ви дава  потполна слобода да се знимавате со својата душа. Тоа е голема предност. Уверувајќи се во тоа, благодарете на Бога за сè, и пријатно и непријатнмо. Мирно трпејќи ги непријатностите, вие помалку се приближувате и на делото на мачениците. Но, ако роптате, не само што ќе бидете далеку од тој дел, туку и одговор ќе морате да дадете.
Сега треба да се прифатите за делата. Оние што живеат во светот – за светските, оние пак кои се одрекле од светот – за небесните.
А вие... полусветските (+ сакате да угодите и на Бога и на светот). Како да се оди по таа средина?! Пријателот на светот е – непријател на Бога. Според тоа, средина нема. Меѓутоа, без светски работи не може да се живее. Како тогаш? До едната страна треба да се допира само видливото – безучество на срцето. Која страна за тоа да се избере? Светската, секако...
Светските дела никогаш не стануваат без грижа и суета. Но тие речиси секогаш можат да се претворат во дела на љубовта, трпението и покорноста на волјата Божја. Молитва може да се држи во душата дури и при извршување на многу напорни работи. Потребно е да се внимава на себе и да се трпи.
Најголемата опасност од непрестајна напорна работа е гасење на религиозните чувства. Изгледа вие го доживувате токму тоа. За жал, како што стравувате, сосема е можно да дојде до потполно ладење.
Но, ова не доаѓа од природата на светските работи, туку од нашето невнимание кое си го допуштаме со мислите, чувствата, желбите и грижите да паднеме во чисто светско. А тоа може и да не биде. Сè започнувајте со молитва, продолжувајте со надеж, а завршувајте со благодарење. Така секое дело ќе биде обвиено со Божествена одежда е нема да го истерува Бога од душата... Потоа, преминувајќи од зборови на дело, исфрлајте од душата сè световно – со вниманието и чувството бидете со Бога или повторувајте го било кој стих од псалмите. Заборавањето на молитвите е многу жалосна работа... Секогаш кога тоа ќе го почувствувате... земете книга за молитвата и вдлабочете се во читањето. Молитвеното возвисување кон Бога постепено ќе оживее. Имајте на ум дека треба да се грижите за тоа и молете се на Господа да не ве лиши од молитвени утехи. Кога се во прашање човечки дела, ништо не се постигнува без напор. А духовните дела бараат најнапрегнатост и со тоа непрестаен напор.
Воопшто, како да се живее без световни работи? Таква обврска не постои. И најголемите пустињаци имале бавчи со зеленчук, па, во крајна линија, се грижеле за нив. Потребно е само да се водат работите така, грижите  да не нè проголтаат и да им се посветуваме не како на наше главно дело, туку како додаток.
Како да се чува внатрешната собраност при извршувањето на секојдневните работи? Треба да се работи усрдно, внимателно, постојано и без занемарување. Секое дело кое ви предстои примајте го како поверено од Самиот Бог и извршувајте го како Божјо... Така мислата ќе биде со Господа. На тоа човекот може да се навикне, со помош Божја.
... Вас до таа мера ве оптеретуваат секојдневните грижи, што не стигнувате ни да се помолите. Тоа е ѓаволска соблазна. Бидејќи ни се потребни покрив, облека, храна и други работи, ние треба да ги стекнуваме и со тоа мораме да мислиме на тоа и да се грижиме. И во тоа нема ништо грешно. Бог благоизволел нашиот живот така да со уреди. Но на тоа безгрешното  ѓаволот, прикрадувајќи се, придодава грешно – непрестајна грижа која ја оптеретува главата и го изедува срцето. Против оваа болест се насочени сите поуки на Спасителот за тоа дека не треба да се грижиме: Не грижете се, значи, за утршниот ден ќе се грижи за своето... (Мт. 6, 34). Тоа не значи дека ништо не треба да се работи, туку што и да се работи, не треба да се оптеретуваме со претерана грижа која ништо не донесува и само исцрпува... Кај претераната грижа грешката се состои во тоа штоа таа сака сè сама без Бога да уреди и добие, во тоа што човекот после учи со надеж да се наслонува само на она што сам ќе постигне и на сопствените способности, без Промислата Божја, а преку тоа световните добра да ги смета за главна цел, и овој живот за конечен, не простирајќи ги своите мисли на идниот живот. Гледате ли каков богоборен дух придвижува претераната грижа.?!.. Од тоа извлечете поука за неопходноста на борбата со ова зло, како бе сте се спротивставиле кога непријателот ќе ви се приближи и проба да ве убие. Ако не стапите во борба, грижата сосема ќе ве изеде; ако пак почнете да се борите, таа ќе се повлече како и секоја друга душевна слабост кога ù се спротивставува.
Како да се бори? Почнете и ќе научете... Пред сè, од грижите почнете да ја очистувате молитвата, а потоа и сите други свои дела, па и тие ќе се одвива како што треба и при тоа грижи нема да има.
Како молитвата да се чисти од грижи? Штом за време на молитвата се појави грижа, бркајте ја; ако пак дојде, пак бркате ја... И секогаш така... На молитва никогаш не држете грижа, одбијте ја штом ќе забележите дека се појавила. Во тоа се состои борбата! И ќе видете плод. Пред да пристапите на молитва, донесете одлука дека не се предавате на грижата ако се појави – оградете се со тоа и оваа намера утврдете ја со различни мисли... Ќе видите плод, само не спуштајте ги рацете туку борете се!
Световните и друштвени работи, од кои зависи состојбата на домаќинството и друштвените заедници, се работи кои ги одредил Бог и нивното исполнување не претставува бегање во небогоугодна област, туку одење во делата Божји.
Бидете усрдни кога работата е во прашање и работете многу грижливо, очекувајќи успех од Бога. Нему посветувајте Му го и самото дело, ма колку тоа и да било незабележливо, а грижите потиснувајте ги.
Направете така, па вас вашата професија и секојдневните работи нема да ве одвлекуваат од Бога.
... Човекот треба да живее во духот, да се потчинува на духот, со духот да проникнува во сè душевно, а ште повеќе телесно – и во сета своја надворешна делатност, то ест во семејниот и друштвениот живот, Тоа е – закон.
Духовните служби треба да бидат на чело, под нив и во потчинетост нивна – душевните занимавања... а под едните и другите телесниот живот. Тоа треба да биде правило! Кога таквиот поредок ќе биде нарушен, човековиот живот се расипува.
... Бидејќи за човекот е, а би стапил во ова општење (со Бога) и да би ојачал во него, потребно е да проживее кратко време на земјата – а тешку му е овде да живее сам – привремено му е дадена и склоност кон друштвеноста, но не како главна, туку како дополнителна склоност, заедно со другите вообичаени склоности.
Станувајќи член на Црквата, христијанинот не престанува да биде член на друштвената заедница. И не треба да престане. Потребно е само, кога ќе го прими христијанството, да го освети своето делување во друштвото.
... Делата во друштвеното служење можат да се прекинат или изменат, но љубовта треба да биде непрестајно чувство – како чувство на долг кој не е отплатен и нема да биде отплатен до крајот на животот... Љубовта треба неизменливо да пребива во срцето на вистинскиот служител на Татковината, со сето изобилство на видливите дела.
Нема ниедна ниска положба. Ниско е само – да се биде немарен и крив за нешто. И водарот (оној кој вози вода за пиење) и дрвосечачот се чесни професии, кои навистина носат почит кога се извршуваат како што треба.
Секој треба да стане миомирис Христов – тогаш и без пофални зборови ќе постои непрестајно славословие на Господа. Цветот на ружата не пушта глас, но неговиот миомирис во тишината надалеку се шири; така треба да живеат и сите христијани.
Кој живее духовно, кај него сè – и неговата облека, и однесувањето, и зборовите, и делата – донесуваат корист на оние кои ги слушаат.

Подготви: Златко Дивјаковски 

 

Друго:

 

 

  

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная