логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



  
ОТВОРЕНО ПИСМО
(Повод: „Од пајтонџијата, до аџијата, во Форум од 01.05. 2009 година, и другите реагирања на текстот „Од арабџискиот дефтер: Во името на секуларизмот„)

Што напишав, напишав, на тој начин и јас го изразив своето мислење како слободна личност преку неделник „Форум„ (а објавено и во „Нова Македонија„ 02.06. 2009 г.) кој ми отстапи(ја) простор за реакција, за што искажувам почит и благодарност до редакцијата. Навистина не се чувствувам убаво кога знам дека некого сум повредил со моите зборови, исто така сум и засрамен што сум навредил најверојатно повозрасен човек од мене. Не сакав да фрлам никому ракавица за понатамошни препирки и кавги преку медиуми, сега сакам да му подадам рака на Владимир Петрушевски-Фили (а, ова се однесува и на сите кои се нашле повредени од моето пишување), барам прошка од тебе /извини што не ти персирам, бидејќи и покрај се сакам да бидам пријател/ зашто знам дека само на тој начин ќе ми олесни, ако ми простиш ти и Бог ќе ми прости. Знам дека преку самоправдување нема да постигнам ништо, тоа низ аскетското искуство во Црквата ни го потврдиле светите отци, прифаќам и тврдам дека сум човек и тоа грешен. Што се однесува до некои заклучоци кои сум ги сумирал во мојата реакција, не беа упатени кон тебе Фили конкретно, туку кон она идеолошко гледање на верата и веронауката кое сеуште сметам дека беше и е присутно во нашето општество, а тоа го заклучив разгледувајќи ги коментарите и колумните кои беа пишувани против веронауката во образовниот систем, каде се повторуваат постојано и постојано истите идеолошки гледишта во секој текст иако од различни автори. Секако тие ставови иако спротивни на моите ги почитувам бидејќи се израз на слободата на личноста која ја почитувам, бидејќи верувам дека Бог го создал човекот како слободна личност, налик на Неговата слобода која нам ни ја подари по благодат. Според христијанското учење Божји луѓе сме сите, сите сме создадени според образот и подобието Божјо и во секоја човечка личност се изобразува Христос Богочовекот, Кој се идентификува со секој човек, затоа Фили не те сметам никако поинаку освен како човек со полна слобода во смисла на животот, затоа прости ми ако со моето реагирање на твојот текст го нарушив твоето достоинство како човек бидејќи на тој начин сум погрешил и кон тебе како ближен и кон Бога, а и кон себе. Како свештенослужители не сме ништо повеќе од народот Божји кој ни сослужува на Светата Литургија со неговото молитвено амин без кое нема единство во Црквата како Тело Христово, а заради кого /народот/ и од името на сите нас и на сиот свет ги принесуваме нашите благодарстевни молитви кон Светотроичниот Бог за спасение за сите и за се, за наследство на вечниот живот во Царството Божјо. Сметам дека ничеовски модел на човек прилега на оние идеолошки погледи кој алудираат на совршенство и благосостојба без Бог, тоа не е својствено за христијанското учење. Запознат сум дека Дарвин со учењето за потеклото на видовите оформил теорија од која се откажал пред смртта /може да се види од неговата биографија/, и не е догма, а како теорија многу допринела особено во областа биологијата, па и пошироко во науката, а барем Православната Црква никогаш не коментирала и не осудувала научни теории, бидејќи нејзината мисија е да го направи достапна спасителниот Христовиот подвиг за обожување на паднатата во грев човечка природа, а обожената состојба во Христа од себе да ја пренесе на целиот свет и секое создание, што Христос со Своето Воскресение го покажа. Но, сепак текстовите дека во името Бога ќе сме го ставеле Дарвин под нога или дека ќе направиме забуна ако на децата им дадеме информација и поинаква од онаа на Дарвин, сепак сметам дека барем во оние погледи кои беа изнесени контра веронауката Дарвиновата теорија се воздигнува до степен на догма, исто како и секуларизмот, иако за тоа нема потреба, /инаку догми не постојат само во учењето на Црквата, догма е дека Земјата се врти околу Сонцето, а Сонцето околу својата оска, зарем не е тоа непобитен факт, така и за нас кој веруваме сметаме дека точното исповедање на верата, или догмите се Вистина, која за нас е Христос/. Што се однесува до религиската деконфесионална етика во јавните училишта во Обединетото Кралство, пишуваше специјалниот известувач на „Утрински весник„ од Лондон, проверете, а впрочем имам лично искуство како тоа се случува таму.
А, сега важната работа: не се сметам за експерт по образование или скраја да е експерт за сезнаење иако тоа во Македонија барем по мое мислење е честа појава во сите години на транзиција, но зошто сметам дека веронауката треба да биде дел од образовниот процес во јавните училишта е заради историското искуство од синергизмот на верата и училиштето или науката, сетете се на светите Кирил и Методиј кои како црковни луѓе ја ширеа писменоста меѓу својот народ и другите словенски народи, сетете се на тоа дека свети Кирил Филзофот бил учен при за тогаш современи услови и современо време, Универзитетот во центарот на тогашната позната цивилизација Константинопол, а потоа и бил професор на таа прочуена Магнаурска школа каде се изучувале и филозофијата, математиката, реториката, астрономијата, калиграфијата, дидактиката, но и верата. Ќе се потсетиме и на светиот Климент кој по искуството на св. Кирил го основа Охридскиот универзитет, ќе се сетиме и на келијните манастирски училишта каде и под туѓо владение од црковни луѓе се запазуваше писменоста кај народот, а ќе се потсетиме и на училиштата кои беа отворани при црковните храмови во Скопје, Велес, Штип, Прилеп, Битола, Струга итн. во текот на 19 век како зародиш на современото системско образование каде учителствуваа Џинот, Прличев, Миладинови и други, и се така до 1953 година кога од идеолошки причини се прекина таа врска која не пречеше во развојот на нашиот човек како слободна личност  за понатаму во животот да го одбере она што смета дека за него е добро. Да се потсетиме и на термините образование од црковно-словенскиот збор, образ што означува дека потребно е да го градиме нашиот образ според Бога, за да ни биде чист, а воспитанието е според воспитати што значи да се нахраниме со вистинските и вечни вредности. Денес сметам дека вистинското значење на овие термини дадени преку јазикот на светите браќа сме ги занемариле во задоволувањето на своите цели без бирање на средства, а образот често го претвораме во ѓон,  а хранењето со доблестите и вредностите кои не прават барем човек и личност и кои приведуваат кон незаборавот во вечноста се заменети со храната на потрошувачкото општество каде секогаш недостасува нешто повеќе. Затоа, од чест и почит кон овие црковни луѓе по кои ги именуваме и нашите универзитети, факултети и училишшта сметам дека како црковни луѓе барем можеме да го кажеме нашето мислење за изучувањето на веронауката /или како и да се нарекува/ во училиштата, како мислење дека е потребна, како и по слободен избор на оние кои тоа сакаат да изучуваат во природната средина – училиштето, јавно без да се криеме од било кого за да не бидеме обвинети дека наметнуваме ставови.
Дај Боже во никого да не влезе ѓаволот, туку љубовта и светлината Христова за да се разбираме во мир и љубов и покрај различните ставови, бидејќи во Христовите очи сите сме еднакви, и уште еднаш прости ми Владимир ако сум те навредил лично, иако тоа не ми беше намерата, мојата реакција беше во однос на ставовите, а не кон тебе како личност. Секако, твоите ставови иако различни од моето видување ги почитувам, но не можам да се сложам со нив. Се надевам дека и лично ќе те сретнам за да ти се извинам како на повозрасен и да побарам прошка од човек што смета дека сум го повредил. Христос е совршен Бог и совршен човек и постојано го врти и другиот образ, но јас сум грешен и треба да се поучам од Него, можеби тоа е потешкиот пат, но тоа е и спасителниот пат, како што го потврди Тој, преку Крст до Воскресение! 
ѓакон Горан Стојчевски
МПЦ – Скопска епархија

 

Извор: Форум- 20.05. 2009



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная