логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Стереотип

Не дека никој од нас не дал повод да се верува дека освен мантијата и брадата задолжителна опрема на владиците бил и џип, но, не е добро да си ја изгубиме душата во обид омразата кон нас свештенството да ја претвориме во омраза кон Бога и Црквата


Pimen.Matka4a.jpgАлилуја! По толку години во Црква и постојано размислување зошто Црквата ја намалила својата мисија, и кој е тој изум човечки што толку многу му наштетил на ширењето на верата, читајќи блогови низ интернет-странициве низ земјава, конечно сфатив. Ете, ние „глупавите“ верници со векови сме мислеле дека наш непријател е ѓаволот, кој од завист им штети на членовите на Црквата, а со тоа и на нејзината мисија, или пак социјализмот, атеизмот, прогресивната секуларно-хуманистичка мисла или нешто слично, а тоа да ти било едно обично превозно средство измислено кон средината на минатиот век, кое едноставно се викало џип. Па толку луѓе во историјата на Црквата се немаат сопнато ниту на погрешните догматски учења, ниту на нецрковните инквизициски методи, колку што се сопнуваат на џиповите.

Ако не верувате проверете ги коментарите од пред некој ден во „Утрински Весник“ по добронамерната критиката на нашиот Архиепископ за навредите при изборната кампања, или пак преписката на еден македонски блог под наслов, „попот Пимен повикува на тепачка со лопати“, и видете дека се на овој наш простор се врти околу тие џипови, како и стопати повторените, а непроверени приказни околу нив. А никако да се научиме пред да прашаме за џипот, да си ја проверуваме информацијата? Или поубаво е да се држиме до старото правило: брат ми видел, па и мене ми кажа, па сега и јас знам повеќе од него? Далеку од идеја да бранам некого ми е пишувањето бидејќи не дека никој од нас не сме дале повод да почне да се верува дека освен мантијата и брадата задолжителна опрема на владиците, бил и џип? Или дека сакам да заобиколам некои финансиски скандали со кои сме дале повод оправдано да ни се префрла за недоправените храмови или искршените прозорци на Соборниот храм?

 Но, друго сакам да кажам, дека не е добро да си ја изгубиме душата во обид омразата кон нас свештенството да ја претвориме во омраза кон Бога и Црквата, односно заради некој свештеник со конкретно име, да го мразиме и светителот со тоа име. Бидејќи често ќе слуШнам изјави како некој бил верник и го сакал Бога, но не и нас, свештенството, бидејќи му пречело тоа што сме имале џипови и заради тоа не посетувал Црква, а и дека од таа причина нам не ни држи зборот и веќе никој ни верува. Прикаската им е добра и уште малку ќе ме убедат дека ако бевме како поповите од македонските народни приказни со некоја измрсена мантија, поткусурен епитрахил и некоја смеШна капа од половина метар и јавнати на некое сакато магаре, е тогаш бидејќи така сиромашни и несмасни и од сожалување не ќе можеа да ни вратат збор, па и проповедта ќе ни држеше, а мисијата ќе цветаше и храмовите Ќе беа преполни со народ.

Но, во кој век живееме? Дајте да го заборавиме тој стереотип на попови од приказните, но и оној истовремено изградениот, по репортажата од црковно-народниот собор во Калишта, дека секој од нас има џип и премногу пари. БидејЌи ако сакаме да си ја оправдаме нашата мрзливост да одиме во црква, или пак да си ја лажеме и онака заспаната совест дека заради револтот кон некого и кон неговиот џип не одиме во црква ќе најдеме и друга мана и друго оправдување. Барем во експертизмот за наоѓање мани сме први. Но добро, ако на повеЌето тоа им е поентата ќе ги разберам сите оние кои не критикуваат, а можеби и мразат, освен оние што коментираат дека заради нивната огорченост не доаѓаат во црква, бидејЌи тие немаат никакво право да кажуваат што и како возиме, ако не доаѓаат во црква тогаш сигурно возниот парк не е од нивните средства.

А сега, за потврда на тоа дека секако и на секого ќе му се најде мана, недостаток или вина, Ќе се навратам на неделниот празник Цветници или Влегувањето на Нашиот Господ Спасителот Исус Христос во Ерусалим. Пред да излезе Христос на својата доброволна смрт за да ги очисти нашите гревови, заобиколен од своите ученици и апостоли, но и од многубројниот народ кој тргнал по него качен на магаре, Христос влегол во Ерусалим. И зошто токму на магаре? Едно заради пророштвото, друго, заради тоа да ни даде пример на смирение, и трето, заради тоа што во тоа време магарето било еден вид превозно средство. И народот го дочекал со палмови гранчиња во рацете, со постилање на своите облеки под неговите нозе, со торжествено пеење на песни Осана, благословен е Оној кој доаѓа во името на Господа.

Но, кратко траела оваа еуфорија кај луѓето, бидејќи за неколку дена истите тие луѓе го предадоа и со истите усти со кој Го поздравуваа и воспеваа на Цветници, на Велики Петок повикале кон Пилат распни Го, распни Го. А зошто? БидејЌи Христос имал грев во себе? Не, туку заради нивната неправилна претстава за Спасителот. Затоа што очекувале воспоставување на земно царство, а не на Небесно, и нормално човечки следело очај, а со тоа и губење на душите. Христос, како совршен Бог и совршен човек немал никаква вина, но лукавиот и завидлив народ сепак нашол вина во Него. И што вина му најдоа? Вината ја најдоа во искривувањето и извртувањето на Неговите зборови дека ќе го разруши храмот и за три дни Ќе го подигне, притоа зборувајќи за храмот на Своето Тело кое ќе биде распнато и погребано и за три дни славно Ќе Воскресне, а не за Соломоновиот храм кој бил гордост на Израилот. Откако ги испревртеа Неговите зборови најдоа богохулие во нив и доволна вина за распнување.

Значи, ако народот на Христа Кој е совршен Бог и совршен Човек му нашол мана, па колку ли полесно Ќе ни се најде нам на обичните смртници. Бидејќи сме подложни на гревот и кај нас лесно може да ни се најде вина и мана. Истото повторно може да се случи, кога ќе извадат некои зборови надвор од контекст /а, тоа кај нас се прави мошне рутинирано/, ќе се извртат и погрешно ќе се протолкуваат. Но, извесно е дека она што Христос го претрпе и ние треба да бидеме подготвени да го истрпиме, согласно зборовите Христови, ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат и чашата што ја пијам Јас, и вие ќе ја пиете. Простете ми, но никако не сакам да се кријам зад овие Христови зборови, и не ги ставам во контекст на одбрана од коментарите и критиките, но во контекст на објаснувањето за леснотијата со која на секого можеме да му најдеме недостаток и мана.

Морам тука да се надоврзам и на еден конкретен пример на извртување на зборови и произволно толкување. Имено, во претходната колумна на едно место реков, како и да е, било и да не се повтори, зашто како сме тргнале, не дај Боже крваво Ќе биде на камен-темелнилкот, зашто тогаш во нечии раце ќе има и лопати. Ни на крај памет не ми било да заплашам некого да седи дома при евентуалното поставување на камен-темелникот за да не добие лопата по глава, туку тоа го кажав како молба до Бога за вразумување на сите, а особено до оние поединци кои сметаа дека со својот груб и насилен настап ја бранат Црквата, да не се повтори глупоста од 28 март. Е арно, ама најпрво преку еден портал, а потоа и во еден весник видов дека со извртување на овие зборови, јас ете сум станал поборник за воспоставување на православна џамахирија и дека еве, ќе му го земам лебот и на Бин Ладен, бидејќи сум повикал на православен џихад, и тоа со студено оружје наречено лопата. Но, секогаш е така, оној што чита знае повеќе што сакал да каже авторот, отколку самиот автор што тоа го напишал. Но, му благодарам на Бога за се. Бидејќи, ако исчезнат искушенијата, кој од нас ќе се спаси?

Нејсе, еве ги празниците од страсната (страдалната седмица), а по нив и Воскресението, Велигденските празнувања, па да ги искористиме и да одиме во најблискиот храм на богослужбите, но не да го разгледуваме црковниот авто-парк или пак да бараме да го препознаеме оној од толпата што не навредил или удрил, зашто така безумието ќе трае до бескрај, а душите кај ќе ни одат? И на оние што дошле со искривена намера на богослужба, и на нас што не сме го спречиле сето тоа на време со постојана молитва, за сиот овој наталожен гнев и омраза преку покајание да ги отфрлиме од нас, па да воскресне во нас нов човек, охристовен. Дајте сите заеднички само да го направиме првиот чекор кон Бога, да дадеме простор за отвореност кон Него, а потоа на сите ќе ни биде полесно, зашто на нашиот само еден чекор кон Него, Он ќе направи илјада кон нас. БидејЌи, Бог е љубов и секогаш до крај ја почитува нашата слободна волја.

Митрополит Европски Пимен

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7721
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная