логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Од 2 до 20 јули 2012 год. во Санкт Петерсбург (Петроград) и во Валаамскиот манастир, на островот Валаам, по четврти пат беше одржан Меѓународниот фестивал „Академија на православната музика“ (Orthodox Music Festival – овогодишната програма може да се види тука, со благослов на рускиот Патријарх Кирил и под покровителство на претседателот на Русија, В. Путин. На него, меѓу учесниците од Русија, Грција (Света Гора), Египет, Украина, Грузија и Србија, на 11.07.2012 настапи и претставник на Македонија, византискиот хор Хармосини. Тоа е повод за разговор со диригентот на хорот, хорархосот или хороводецот Ристо Солунчев.

Да почнеме со историјатот на хорот, како и кога е оформен?

Хорот Хармосини е формиран во 2006 година како продолжение на певницата којашто е дел од црквата при манастирот Св. великомаченик Георгиј, Криви Дол, во Скопје, од мене како хороводец и група на ентузијасти и вљубеници во црковната музика.
Хорот се заснова на повеќевековната, и теориска и практична, музичка традиција на источното или византиското црковно пеење. Хармосини претставуваат свештен хор што изведува црковна музика како уметност на Христовата Црква. Музиката што е изведувана од хорот го опфаќа сето музичко искуство на Православната Црква, од нејзините први векови, преку Источното Ромејско царство (Византија), па сѐ до поновите композитори од Цариград, но и од композитори од Македонија од XIX и XX век.
Досега имаме настапувано на концерти, учествувано во црковни служби, сеноќни бденија и литургии во неколку цркви и манастири во Македонија.
Како хор учествувавме и во создавањето на албумот „Детето и белото море“ на Мизар, како дело на една длабока и плодна соработка со Горазд Чаповски.

Кои се главните насоки по коишто се водиш во работата?

Хармосини е класично византиски хор и се води по традиционални музички начела. Методот на којшто се крепиме за да ги зеркаме тие начела е методот на Симон Карас, доста контраверзен грчки теоретичар и музиколог од минатиот век. Но неговиот метод е неверојатно ефикасен и ги поврзува древните теоретикони, како и хирономии, знаци за украсување на мелодијата, со она што претставува современо музичко предание. По тој метод работат Грчкиот византиски хор на Ликургос Ангелопулос и Ватопедскиот монашки хор, веројатно најдобрите хорови на денешницата. Да не зборуваме дека и во Романија, Србија и Бугарија има хорови што работат по овој метод. Тоа е во однос на самото пеење како заокружена теорија и пракса.

Но она што е побитно е онтолошката и еклисиолошката основа. Тоа пеење е пеење на Христовата Црква и исходи од литургиската и, воопшто, целокупната богослужбена пракса. И во основата може вака да се постават работите. Има еден текст на Георгиос Константину, професор по византиско пеење, во литургиското ЦД на Ватопед, што се однесува на праксата на пеење во хор. Имено, последните неколку децении, па и повеќе, постои тенденција по градските цркви да пее само еден протопсалт, некаде и ламбадариј на левата певница, плус со некој исон (па дури и има семплувани исони?!) или некое гласче на ученик што и не се слуша. Ученикот, пак, треба да стане протопсалт на некоја друга црква и така со ред. Оваа тенденција хорот да се замени со еден псалт е нова и реално непреданиска пракса. Тоа е тезата на Константину. Според мене, оваа пракса има основа и во финансиите, полесно се плаќа еден псалт, а конкретниот храм, а и самиот псалт, има од тоа полза. Потем тука е и световњачката суета на псалтите, коишто своето пеење го доживуваат како настап, а и им годи постојаното фалење на луѓето од црквата, додека во хор ниеден глас посебно не се истакнува. Небаре, луѓето треба да дојдат нив да ги чујат. Несомнено во црквата дарбината не се репресирала, ами се чувала и умножувала, та и дарбината за пеење. Оттаму, псалтите и станале клирос, им се дало некакво достоинство, но само како дел од целата заедница. И последните многупочитувани псалти во Цариград од претходниот век пееле главно сами. Но малкуте христијани Грци во Цариград за што попрво, за свештеници, владици или за псалти? Сфатливо е. Константину оттаму ја фали праксата на пеење во хор на Света Гора и воопшто сета монашка пракса како чување на древноста. Во древна Византија секогаш пееле хорови, биле составени од најмалку 7 луѓе. Сето тоа е апсолутно конзистентно со идејата за Црква, за собрание. Имено, Литургија (од литос и ергон) значи токму тоа: заедничко дело, дело на заедницата. Служи Епископот кој Христа го изобразува, а свештеникот служи во име на Епископот, за сите и за сѐ. Народот тоа го следи и го потврдува. Во првите векови народот пеел сѐ. Како Духот мистагогиски ја водел Црквата низ вековите, се усложнувала поезијата и музиката на Црквата. Се јавила потреба музиката и поезијата да ја изведуваат професионални пејачи заради апроксимативното совршенство, но повторно ХОР. Оти само заедница може да претставува, да символизира друга заедница, певницата, односно хорот, во име на целиот народ пее и одговара. Свештеникот е еден оти Епископот е еден, оти Христос кој служи е еден. Тоа е идејата на небоземната хиерархија, којашто е едно велико уметничко дело на Логосот и во Логосот. Хорот го изобразува народот, го потврдува неговото сведоштво, но и сведоштвото на ангелските хорови. Нивниот трепет во Славата Божја е трепет во хор. Затоа хорската пракса на пеење е најавтентична и целосно преданиска. Тоа е онтолошката основа на она што Хармосини сакаат со себе да го постигнат. Ова не значи дека е обезвреднето индивидуалното пеење, ами напротив, тоа само тука си ја добива својата смисла. Соло делниците во рамки на хорот само ја истакнуваат посебната дарба на некој псалт, неговото умеење на самосвојствен начин да изрази одредени музички образи, во инаков модалитет од хорот, на начин невозможен за хор, но и да се изрази себеси, ипостасно да се потврди. На тој начин, сѐ е логосно соединето и сѐ е дел од динамизмот на Црквата, од динамизмот на логосот на нејзината форма во којашто таа, Црквата, апсолутно се иконизира, во овој случај, музиката.

Потребна е голема доверба на свештениците во псалтите, всушност, не толку во нив, колку во Литургијата како даденост, како еден апсолут на еоните, доверба во повеќевековното музичко предание на Црквата, благословено од нејзините светии и запечатено од Светиот Дух. Освен ако не веруваме како протестантите дека сета црковна пракса овде на земјата е осиромашено човечка и само човечка, и дека во неа нема ништо од музиката на ангелите. Колку бедни и ништожни би биле ние кутрите!

Како дојде до поканата за фестивалот на православната музика во Петроград?

Првиот контакт на организаторите на Фестивалот беше уште есента минатата година и одеше преку нашиот добар пријател од Белград, Никола Попмихајлов, хороводецот на Српскиот византиски хор Мојсеј Петровиќ. Преку него испративме демо снимки, организаторите ги бендисаа и започна комуникацијата. Оваа година дојде покана од Руската амбасада до Министерството за култура за традиционален византиски хор, па бевме препорачани од нашиот Архиепископ Стефан во официјално писмо од МПЦ-ОА. Понатаму сѐ одеше природно.

Во кој состав отидоа Хармосини?

Во Петроград отидовме во ограничена бројка од организаторите од 16 хористи. Главнината ја сочинуваа Хармосинци, но за потребите на овој концерт бевме засилени и со уште неколку псалти, наши колеги и пријатели од Македонија. Со нас беа Милош Дрпа и Антонио Лазески, двајца богослови коишто византиско пеење учеле кај протопсалт Георгиј Секулоски. Антонио сега посетува школа и во Солун. Потем, со нас беа и Димитри Кумбароски, Теофан Санџакоски и Александар Дејкоски од византискиот хор Калистрат Зографски од Струга. Едноставнио, ние таму не ги претставувавме само Хармосини, туку реално целата црковна заедница, целата наша византиска традиција каква што е моментно во Македонија. Затоа и сакавме да одиме во овој состав – од една страна да го засилиме хорот, а од друга страна да покажеме дека византиското пеење е една уметничка форма на Црквата, и како такво тоа е и Црквата сама, тоа е истото логосно заедничарење во Црква. Ние сме една заедница, Дрпа ја претставуваше неговата заедница од Тетово, неговиот учител, сиот негов живот во Црквата, Антонио на најдобар можен начин ја отелови заедницата на Бигорскиот манастир, браќата Стружани го донесоа оној литургиски миомирис на манастирот од Калишта. Со нас е и ѓакон Ѓоко Бурмузоски, кој реално и не беше гостин, пред 7-8 години тој беше дел од Хармосини кога се формиравме, а потоа работеше со професорот Јане Коџабашија. Можеби другите работат поинаку, но ние не сме некое фолклорно здружение кое си тера приватна агенда, ами сме црковен хор на една конкретна литургиска заедница од Св. Георгиј – Криви дол, којашто е дел од реалното, во време битисувачко, евхаристиско живеење на Црквата во Македонија како тоталитет, односот е pars pro toto. А тоталитетот е секогаш недовршен, оти е вечен ерос по Бога, па затоа е и можен целиот историски динамизам на одот на Црквата низ вековите и сето нејзино собирање. Музиката е секогаш недовршеност. Музиката е како вопиј на заедницата. Таа покажува навистина каков е народот кој ја практикува, алудирам на Конфучије, но всушност покажува по што тој народ копнее, што на тој народ во бесконечна перспектива му недостасува –
вечно-повикувачки-не-докрај-досегливиот Господ.

Како поминавте во Русија?

Во Петроград пристигнавме на 10 јули, околу пладне, концертот беше на 11-ти вечерта. На 12-ти присуствуваме на литургија за денот на Светите апостоли Петар и Павле, на којашто пеевме заедно со еден псалт, Русин, инаку „византиец“ како и ние.

Инаку, луѓето од фестивалот беа одлични домаќини и сѐ беше беспрекорно. Концертот траеше неполни два часа со пауза од 15 минути измеѓу двата блока. Досега не верувам дека некој од нас имал такво искуство да пее таков захтевен концерт. Јас сум генерално задоволен од нас, а најбитна е публиката којашто беше мошне задоволна од програмата и пеењето. Се работи за неверојатна публика со велика традиција и со суптилен и рафиниран вкус. Искрено, се надевам дека по овој концерт ќе имаме можност и за понатамошно дружење со таа петербуршка публика во иднина. Запознавме интересни свештеници и ѓакони од црквите кои имавме можности да ги посетиме. Неверојатно пријатни и христолики Руси. Никола Попмихајлов, природно, беше таму, фино си поминавме со него вечерта по концертот, оти е веќе како одомаќен таму. Инаку, Петроград е фантастичен град, дише со духот на сопствената историја. Несомнена е и дијалектиката на спротивставените историја и современите текови. Но најбитно, ги чува и бидува чуван од своите светии како св. Јован Кронштатски и св. Ксенија Јуродива.

 

И, по ова успешно гостување, што е планот за понатаму?

Концертот од Петроград ќе го изведеме и во Македонија, најпрвин во Битола на 10 август 2012 год. во рамките на Бит-фест, нормално во покуса варијанта. Не сум баш најсигурен дека македонската публика е иста како петербуршката. Сигурно на почетокот од септември и во Скопје. Ако даде Бог и во Охрид и во Струга. Во план е снимање на ЦД „Литургиски химни“. Но главно да не престанува нашето учество во Литургијата.

 Извор:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная