логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

vasiliy



(Се посветува на загинатите бранители, кои животот го положија за ближните.во битката против тероризмот во Куманово.Упокој ги Господи душите нивни, и споменот за нив, направи го вечен!-10/05/2015   )



Последното интервју, кое отец Василиј го дал неколку дена пред Светлото Христово Воскресение, во 1993 година, кога тој и уште двајца други монаси – Трофим и Терапонт, биле убиени од рацете на сатанист, во Оптинската пустина.

АУДИО

— Oтец Василиј, што мислите, ќе оживее ли Оптинската пустина, ќе се возроди ли таа?

– Светото Писмо ни вели дека Бог не е Бог на мртвите, но Бог на живите. Во Бога сите сме живи. Ние Му служиме имено на Тој Бог, Кој воскресна и со воскресението ја победи смртта; во Него нема смрт, во Бога нема смрт, зашто таа постои само надвор од Бога. Затоа, сосема природно е тоа што Оптина е жива, за човекот што верува, тоа прашање воопшто не возникнува.

– И старците се живи?

– Секако.

Но, сепак, духовноста на Русија – што е тоа?

– Духовноста на Русија – е Христос. Тој ни вели: „Јас сум вистината, патот и животот“. А бидејќи духовност не може да има надвор од Христос, за Русија таа се изразува со еден збор – Христос. Тоа е сè.

– Можеби оттука е и нашата трагедија?

– Несомнено.

– Ние му сме предани на Христос, затоа така и нè мачат?

– Без сомнеж. Христос рекол: „Во светот ќе имате маки, но не плашете се, Јас го победив светот“. Ветувањата Господови се неодминливи, и никој никогаш не може да ги откаже. Ние и денеска живееме само од тие ветувања. Само од тоа.

Разбирам дека, можеби, тоа не смее да се прашува, но сепак, кажете ни, колку што може, каков е Вашиот внатрешен живот?

– Внатрешниот живот на Оптина – е тајна, таинство. Нашата Црква има седум Таинства, ако знаете. На тие Таинства се гради сè. И секое Таинство има некаква надворешна форма – се извршуваат некои молитви, дејствија – но истовремено, во тоа Таинство дејствува Самиот Христос, невидливо и недопирливо. Токму со Неговата благодат се извршува самото Таинство. Така, и со надворешниот живот на Оптина и со нејзиниот внатрешен живот. Вие надворешното го гледате, а внатрешниот живот не може да се раскаже. Пак ќе речам: внатрешниот живот на Оптинската пустина – е Самиот Христос. Само ако се присоединиме кон Бога, можеме да го разбереме тој внатрешен живот. Поинаку тоа не може да ни се открие. „Јас сум вратата – вели Господ, – кој ќе влезе во Мене, ќе се спаси. И ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде“. Тоа е внатрешната врата кон духовниот живот на Оптина – Христос.

–  И сето тоа е неискажливо?

– Неискажливо, зашто како можете да раскажете за тоа, како дејствува Бог? Тоа е невозможно.

– Но, може да се раскаже, на пример, што ти чувствуваш?

– Може. Земете ги псалмите на Давид. Тој вели: „Вкусете и видите, дека Господ е добар“. Повелете  – вкусете и ќе видите. „Кого го љубам, – вели Господ, – него и го казнувам“,  „зашто Господ го бие секој син, кого го прима“. Ние сме возљубените синови на Бога заради тоа што ја имаме вистината на Православието. Затоа, следствено и нè казнува, зашто Господ посебно нè љуби. Како што секој татко, кој го сака својот син, никогаш нема да го остави без наказание (*насочување). Тој казнува по                љубов, не по жестокост, разбирате? Ние сме навикнати да накажуваме само со жестокост. Нам не ни е познато чувството – љубов, непознато ни е што е тоа наказание со чувство на љубов. Господ нè казнува имено со љубов, за да нè вразуми. Само затоа и ни се испраќаат некакви маки – заради наше вразумување, за да ја познаеме вистината Христова. Тоа е сè. Затоа нема ништо страшно во тоа, треба секогаш да бидеме спремни за маки. И ве уверувам, дека нема ниту еден човек на земјата кој никогаш не се мачел, нема. И тоа, што кај нас е вака – јас сметам, дека кај нас е најдобро од секаде. Ние сме добри, само затоа што сме православни, ако сме православни. Не дека подобри од нас нема, но ако го пазиме Православието, тогаш добри сме.

– А зошто Христос нè избрал нас?

– Зел и нè избрал. Од каде да ја знаеме Божјата промисла? Кога Тој ги собрал Своите ученици, им рекол: „Мислите дека вие Ме избравте Мене? Не, но Јас ве избрав вас и ве поставив на служба“. Зошто Господ го избрал јудејскиот народ? Не знаеме. Зошто им дарувал свети пророци, Стариот Завет? Зошто Тој го избрал рускиот народ и му дал да ја чува вистината на Православието? Ние не ги знаеме патиштата Божји, и за нас тоа е затворена тајна, запечатена, можеби засекогаш. Дури, можеби и после смртта нема да ни се открие. Но бидејќи тој дар ни е даден нам, ние задолжително ќе го чуваме и свето ќе го пазиме. А како и зошто – тоа не е наша работа.

– Што е за вас службата?

– Ние вршиме служба, служба на Бога. Господ вели: „Вие ќе ми се поклонувате со дух и вистина, на секое место“. Ете што е службата – заедничарење со Бога, разговор. Молитвата – е наш разговор со Бога, стоење пред Него, служење Нему. Затоа тоа е секогаш живо, никогаш не умира, тука е животот, тука присуствува Самиот Христос.

– А вие не се изморувате од таа служба?

– Секако дека се изморуваме, ние не сме ангели. И ние сме луѓе. Но, Господ нè поткрепува онолку, колку што смета дека е потребно. Дава и да се измориме, и да се потрудиме. Преподобен Исак Сирин пишува: „Ако твојата молитва беше бес скрушено срце и телесен труд, сметај дека си се помолил фарисејски“. Така што, треба и пот да пролиеме, и телото свое да го принудиме, и душата, секако. Тоа е труд. А сетете се што вели старец Силуан: „Да се молиш за цел свет – значи да пролеваш крв“. Таков е молитвениот труд. Ете, земете го Евангелието – како Господ се молел за Чашата: „И потта Негова беше како капки крв“. Таква може да биде молитвата. Таа за нас е невидлива и нејасна, но таква молитва исто така има.

– Излегува дека, за да се достигне тоа, секогаш треба да поминеме низ болка?

– Секогаш. Таков е законот на животот. Него го установил самиот Господ. Зошто Тој го претрпел Крстот, зошто Тој трпел?

– Секој треба да помине преку својот крст, инаку ништо нема да постигне во внатрешниот живот?

– Ништо. „Земи го својот крст и врви по Мене“, – тоа се Господовите зборови. Значи задолжително треба да го земиме крстот и со вера да одиме по Господа. „Откажи се од себеси, земи го својот крст и врви по Мене, и ќе бидеш Мој ученик“. Ете го целиот закон. Но, како што учат светите отци, сето она што го исполнува послушникот, треба да го исполнува и благочестивиот христијанин. Со исклучок на тоа, што ние даваме завет на девственост. Порано така и било. По животот, древните христијани малку се разликувале од монасите.

– Но, вашиот живот, сепак е повеќе внатрешен…

vasiliy1

– Тоа не можеме ние да судиме. Господ е Судија – какви сме ние. Тој знае, со што живееме, и како живееме.– Но, вашиот живот, сепак е повеќе внатрешен…

– Но, колку ви е тешко вам, дури и болно!

– „Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесеата“ и „пак ќе речам – радувајте се!“ Ете какви ветувања имаме. А вие велите – тешко.

– Но сепак, тешко ви е?

– Нам ни помага Господ. Затоа ни е лесно.

– Тој на сите им помага, но вам сепак ви е потешко.

– Господ има возљубени деца, така? Ете, монасите – се возљубени деца. Кого Бог повеќе го сака, кому повеќе му помага? На монасите. Затоа нам ни е полесно. А луѓето, кои се оддалечени од Бога, како да стануваат блудните синови. Тогаш ним им станува тешко. Тешко зошто? Затоа што на Самиот Господ му е потешко да им помогне. Разбирате? Ете зошто возникнуваат тешкотиите во животот – кога човекот зема нешто врз себеси и го отстранува од себе Бога, Кој му помага. Затоа светот и ги носи сите тие маки, затоа што си заминал од Бога, се отстранил од Христа, и го носи врз себе товарот што ги надминува неговите сили. А ние дојдовме кај Бога, и Господ Сам за нас ги носи и сè прави.

– Но сепак, ако сте повење возљубени, тогаш има и повеќе страдања, иако тие надворешно не се гледаат?

112045.x

– Секој човек има своја болка, секој човек си има свои страдања. Монасите – се возљубените деца на Господа. Земете ги, на пример, старците. До што дошле тие на крајот? – До непрестајна радост. Тие ни беа извор на радост. Замислете, доаѓате кај старец Амвросиј и му велите: „Баќушка, отец Амвросиј, Вие се мачите, веројатно, така?“ Гледајќи на нив, не возникнувале такви прашања. Кога гледате на нас, вакви немоќни, може да се појават такви прашања.

 

Јеромонах Василиј (Росљаков)

Монасите – возљубени деца на Бога

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=MGPPNFGOTco[/youtube]

 Оптина  повикува, на подвиг синови,

И Господ ги приведува тие што духовно се спремни.

Игор Росљаков – витез и поет,

Зачекори по патот Христов, и го остави патот на светски победи.

Отфрлајќи ги од себе прангите на суетата на земните окови.

 

Инок Терапонт – Володја Пушкарев,

молчалив ангел на светла и света љубов.

А Оптинскиот ѕвонар, од сите возљубен,

Леонид Татарник, а во постриг – Трофим.

 

Во 93-та, непријателот на Пасха, нивните тела ги уби.

 
    Оптина, кораб на Православието,

Божјите молитви – едра,

Ги отпева мачениците, браќата,

На тревата крвава роса.

 

Со првиот пасхален ѕвон,

Од непријателската сила,

Го завршиле својот земен пат,

Војниците Христови, отец Василиј,

Монасите Трофим и Терапонт.

 

Браќа во Христа, Верата – нивен покров,

Кон Бога одеа тројцата, во срцата свои носејќи љубов.

Духот го смирил нивното тело, растоптувајќи го гревот,

Ги посрамил, со победа на верата,

Непријателските полкови на адот.

До крајот живеејќи, се претрпувајќи

Како нашиот Господ.

 
    Оптина, кораб на Православието,

Божјите молитви – едра,

Ги спомнува мачениците, браќата,

и тие сите нас на небото.

 
Со првиот пасхален ѕвон,

Од непријателската сила,

Го завршиле својот земен пат,

Војниците Христови, отец Василиј,

Монасите Трофим и Терапонт.
 

    Оптина, кораб на Православието,

Божјите молитви – едра,

Ги отпева мачениците, браќата,

На тревата крвава роса.

 
Со првиот пасхален ѕвон,

Од непријателската сила,

Го завршиле својот земен пат,

Војниците Христови, отец Василиј,

Монасите Трофим и Терапонт.

 

    Оптина, Кораб на Православието…

 
Василиј Рослјаков, Интервју, Оптински Новомаченици

Извор: Преспанско-пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная