логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 
Мошне често нашите духовни потреби ги бараме и црпиме од сферите на необичното, загатнатото, полусвесното... но во сите случаи бараме или возбуда или спокојство. Две сосема различни расположенија кои се допираат, надополнуваат, се проникнуваат, во чинот на размислата, барајќи го мигот за творење, внатрешниот копнеж и инспирација.

Ваквиот вовед ми се стори пригоден за претставување на една исклучителна личност: сестра Макрина, игуменија во манастирот Св. Архангел Михаил во Берово, која е и уредничка на списанието Премин. Непосредниот повод за овој разговор е наградата за најдобро дебитантско остварување, книгата Полигони, во издание на Темплум. Полигони е потпишана со псевдонимот Галијана Маркова... Доволно елементи за поставување прашања

 

Според природата на работите, пишувањето е својствено на луѓето кои својот живот и работа ги минуваат во манастирски услови. Сепак, тоа пишување е главно врзано за црковното живеење, религијата, теологијата... Вашето литерарно првенче, Полигони, е нешто што, и покрај длабоката спрега со духовноста, претставува прилично радикален прозно-поетски текст со оглед на вашата “струка”. Од каде таквиот порив, кои се мотивите и од каде предизвикот да се биде прилично далеку од “класичните црковни писанија”?

Во моментов се дружам со една преубава книга од Антониј Блум, во која на едно место се вели дека во човекот има една бездна, во којашто може да потоне сето знаење, сета љубов, сите човечки чувства, сè што е тварно, и тоа да пропаѓа во такви длабочини, што дури да не може да допре до некое дно при што би се создал повратен  звук - ехо, и дека само Бог може да ја исполни оваа бесконечна длабочина. Се сеќавам кога бев дете, омилена игра ми беше фрлањето камчиња во бунарот на црквата Св. Спас на Кале, чекањето да го слушнам звукот во моментот кога камчето ќе пропадне во водата некаде далеку доле.... Ова е истата игра, со тоа што бунарот сега е малку поинаков од вообичаените, како и чувството дека камчињата исчезнуваат без фидбек... Тоа дека нема повратен звук, дури ни ехо, само го потврдува фактот дека длабочината на човекот нема граници... Многу слично на она изобилие од бои и облици со кои се среќава човечкото око кога ќе се најде заробено во тунелот на калеидоскопот.

 

При издавањето на книгата инсистиравте на мала мистификација во врска со авторскиот потпис. Го користите псевдонимот Галијана Маркова. Која беше идејата за таков потег?

Па, првичната идеја беше да се создаде една платформа на која ќе биде поставена драмата “Не што може Македонија да направи за мене, туку што можам јас да направам за Македонија”, многу едноставна, едночинка, низ која се инаугурира идентитетот на Галијана, како можен одговор на разно-разните конспирации од нашата поблиска и подалечна околина. Улогата на авторката е да повика на револуција, на бунт против самите себе, против мртвилото, против пасивноста, убеденоста дека ништо не може да се стори. Да се забрза процесот на индивидуација, што значи самосвест, станување личност, осветена низ процесот на обожување, што е едно и исто.

А што се однесува до литературниот израз, тоа што сакав да го кажам, јас го кажав во полигоните, импровизирано вежбалиште во кое, признавам, најексплоатирано доживување ми беше она на постојаното почнување од почеток, како нешто што не може да заврши бидејќи крајот секогаш имплицира нов почеток, без повторување на ништо што било претходно... Мојот став е дека на литературата не ì е потребна теорија. Делата живеат независно од своите автори и во тоа се состои шармот на индиректната комуникација со луѓето и меѓу нив.

 

Дозволете да констатирам дека сомнеж е доминантниот збор во вашата книга, не според фреквентноста на употребувањето, туку како методологија на откривања, аналогии и противречностите на животот. Барате ли вие, всушност, решенија или се задоволувате со безизлезот како последна телесно-духовна дестинација?

Скраја да е. Во стари времиња кралевите и царевите секојдневно пиеле по малку отров, за да станат имуни на истиот. Во моментот кога отровот со незапирлива брзина ќе ја инфицира крвта и кога нема да има време да се оди до амбуланта или да се повика лекар, на човека добро му доаѓа овој претходен тренинг со дозирано или виртуелно труење.

Самиот живот по дефиниција е проблем, ако го лишиме од неговата мистична димензија. Ние губиме многу време додека да го лоцираме проблемот, додека да ја поставиме задачата и да се зафатиме со барање на можните решенија. Безизлез не постои. Една од најпрочуените синтагми на православието е: држи го умот во адот и не очајувај...

 

Од еден несомнено автобиографски агол, го соопштувате вашето ментално и духовно патување и созревање, но впечаток е дека тој пат неретко завршува со фаталистичка поента. Се согласувате ли?

Доколку Христос е мојот фатум, да. Не верувам во постоење на судбина како некаква однапред зацртана линија на животот, предестинираност и слично. Детерминизмот ѝ е туѓ на слободата, без која не е можно ни самото дишење.

 

Смртта, болката, па и гневот кои, и покрај жонглерската игра, остануваат во нивниот реален, неодминлив простор, како во Miserum est: “...Универзумот е производ со фабричка мана”! Во име на вистината, или во име на демистификацијата?

Некој нека ми каже дека не живееме во некрофилска цивилизација! Воената индустрија е главен столб на најмоќните држави во светот. Луѓето се навикнати да умираат уште пред да умрат, кога одбиваат да се справат со предизвиците на животот, и кога без да забележат, му дозволиле на очајот, едно од најсуптилно прикриените лица на злото, да се вгнезди во нив и систематски да ги јаде однатре, не давајќи им да дишат. Не дека сакам да ја гледам темната страна на нештата, но ја гледам реалноста: нашето општество, младата независна Македонија е во тешка  депресија. Освен мал дел од луѓето кои успеале да се снајдат во метежот на т.н. “транзиција”, поголемиот дел, мнозинството, живеат на работ на егзистенцијата. И тоа, на политички план се дезориентирани, на социјален и економски се тотално изнемоштени. Поради загубената верба, народот е немоќен што било да смени. (Види: едночинката за Кенеди и Трајковски, атентати)...

Сепак, приврзаник сум на теоријата дека земните димензии на човековото постоење како што се политичката, социјалната или некоја друга, треба да се трансцендентираат во својот онтолошки backup, односно дека сè на овој свет има смисла единствено во допирот на Бог и Човек.

Се сеќавам во младоста, кога за првпат се сретнав со смртта, ја доживеав како лична навреда, како газење на слободата, неправда par exellance. И започна во чекор да ме следи духот на античката трагедија, се надоврза на мојата сопствена сенка. Колку повеќе бегав, толку повеќе одеше по мене. Моите први обиди во поезијата беа врзани токму со бунтот против смртта, против нејзиното ништавило, против детерминираноста, против нејзината моќ да ги голта оние што ги сакаме. Зашто, додека ме има мене ја нема смртта, а кога ќе ме нема мене, останува да видиме....

Дај Боже да бидеме со Оној што воскресна од мртвите и со смртта смртта ја победи. Поголема демистификација од тоа нема.

 

Можете ли Полигони да ја означите како сатирична исповед?

Па, не. Ќе се навратам повторно на длабочината на човекот за кој зборувавме на почетокот. Наспроти неа, постои исто така и нејзин антипод, а тоа е површината. Кога не сакаме да нуркаме во себе, и кога од не е важно кои причини (најчеста е инертноста) стануваме површни во изборот, во одлуките, во стилот, времето што ни е дадено да се научиме на љубов, ужасно се скратува, поради тоа што со тапкањето во место, всушност самите си го затвораме пристапот до вечноста како можен одговор на прашањето Ме сакаш ли. Длабоко сум уверена во тоа дека не е можно, кое и да било човечко суштество да го напушти овој свет без претходно да ја поминало царината на љубовта, со позитивен одговор во однос на визата. Во спротивно, залудно веруваме.

Како што вели еден од Христовите апостоли, да не беше Христовото воскресение, нашата вера немаше да биде многу различна од другите.

 

Љубовта е често спомнувана во вашите записи, но не без вкусот на скепсата, како: “Зошто е љубовта билка што не може да вирее”?

Мора да признаеме дека не е лесно да ја негувате оваа билка во светот, особено ваков каков што е тој денес. На билката ѝ недостасува кислород, светлина, вода, а некогаш дури и земја... Забораваме дека човекот е загатка, и клучот за нејзиното решавање е во љубовта, но каква? Ако сакате да видите дали имате совршена љубов, преиспитајте го својот однос со непријателите. Барем за христијанството, љубовта кон непријателите е conditio sine qua non. Единствената причина поради која Бог го создал светот и човекот во него, е љубовта. Замислете ја таа слобода!!! Бог може сè, освен да го присили човекот да Го сака.

Нашиот одговор на љубовта Божја, е нашиот личен избор. Имаше една песна од Стинг, што одеше вака некако: “If you love someday , set him free”

 

Во вашите текстови има и хумор, урбан светоглед, иронија со извесен наслутуван аскетизам (Супермаркет, Жена диета), но и како спротивност - дилемата (The living sea): “Боже, ќе сменам ли нешто?”

Таа намерно пренагласена дилема на неколку места е само обид да изградам (или да посочам) една ситуација на нестабилност, кршливост, кревкост, токму како последица на можноста за избор што ја имаме постојано, без прекин, со секое вдишување и издишување... иако тоа незабележливо ни се провлекува низ прстите... Боли немоќта кога ќе слушнам вест дека драг пријател погинал во сообраќајка, дека во бомбашки напад загинале педесетина случајни минувачи, потонал брод, се урнал авион, хеликоптер, и еден куп слични работи.

 

Дали намерно е заобиколуван или маргинализиран есхатолошкиот аспект во вашите толкувања и контемплации?

Процесот на станување личност е едно патување кое изискува храброст, цврста волја, решеност на срцето, спремност да се преземе ризик, да се загуби сè. И низ губењето да се дојде до сознание дека ниту сме имале нешто, ниту можеме да имаме, освен илузиите што самите си ги негуваме. Ослободувањето од илузиите ѝ носи олеснување на душата, кога таа не се врзува за минливите нешта од овој свет. Познанието на Вистината покренува еден чудесен механизам на превртена перцепција на есхатонот: тој станува сегашност, и вечноста започнува уште сега и овде. Но, тоа само ако сме спремни да го сакаме Другиот повеќе од себеси.

 

Во Овде и сега велите: “Ниедна пропаст не може да се споредува со оваа, заради власта на сегашноста и нејзината склоност кон диктатура која секогаш го присвојува рекордот на минатите сегашности”. Дали во играта на зборови можеме да бараме политичка иронија?

Не, таа аналогија е и повеќе од банална и мислам дека за нас, Македонците, станува неизбежен синдром, сè да видиме со очите на политиката. А кога веќе сме тука, морам да забележам дека она што нас ќе нè убие не се куршумите од спротивната страна, туку нашиот пренагласен, генетски предиспониран космополитизам, што околните нации го имаат само како странски збор во речникот, а ние се раѓаме и умираме со него.

 

Морам да забележам на евидентната дискрапанца на она што како уредник на Премин го правите, со она што во Полигони го пишувате:  “Се молам да ме нема од чисто еколошки аспект”.

Ова снемување (парадоксално) не е од позиција на слабост, но ниту е од позиција на сила. Поскоро е од позиција на ништо, бидејќи така сме создадени: ниту од што, и освен љубовта на Бог, ова ex nihilo е нашето единствено право на постоење.

 

Подготвува ли сестра Макрина ново литерарно изненадување?

Во секој случај - да, без разлика на изненадувањето. Нема поголема радост и предизвик од поривот на креативноста. Во перспектива на вечноста се гледам како некој што се занимава со молитва, созерцание, теорија...

 

Разговарал: Влатко ГАЛЕВСКИ

Фотографии: Андон ДАВЧЕВ

 

Извор: неделник „Форум“

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная