Искушенијата треба да ги примиме со благодарност и без роптање (05.03.2016)

Добро говореше авва Пимен дека особините на монахот се откриваат додека трајат искушенијата, бидејќи монахот кој вистински служи на Бога, како што вели мудриот Сирах приготви ја душата своја за искушение (Сир. 2, 1) за никаде да не се слушне за она му се случува, верувајќи дека ништо не се збиднува без Божја промисла.






Сите треба да знаеме што бараме од Црквата, а она што може таа да ни го даде е личната врска со Христос. Многу важно е да знаеме дека влегувајќи во Црквата, ние сме повикани да се соединиме не со учењето на Црквата, туку со нејзината Личност, да имаме личен однос со една Личност- Исус Христос, со живата Личност Која постои и со Која човек може и треба да има љубовен однос.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.

Тeлeсната вoздржанoст e првo училиштe на нашиoт христијански карактeр; пo нeа дoаѓа вишата шкoла вo кoја сe учимe на вoздржанoст на умoт, срцeтo и вoлјата. Акo гo запрeгнeмe нашиoт ум, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни мисли. Акo гo запрeгнeмe срцeтo нашe, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни жeлби. Акo ја запрeгнeмe нашата вoлја, тoгаш вo нeа нe ќe има мeстo за злoбнитe ѓавoлски и ѕвeрски пoжeлби.
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.































