логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

НАЈГОЛЕМИОТ ОПИТ ШТО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ГО ИМА

Митрополит Атанасиј Лимасолски

Некогаш имавме манија да купуваме топки за пинг - понг, фудбал, и разни други спортови, за да ги привлечеме младите луѓе. Се разбира тоа не е лошо, добро е во близина на храмот да има пространство во кое децата ќе се забавуваат. Сето она што Црквата им го дава на луѓето за да им помогне да се одморат, да ги заштити од други работи, е добро. Но не треба тука да застанеме. Вистинската цел на Црквата е друга. Сето тоа има воведувачки карактер и помага за привлекување на децата.

Сите треба да знаеме што бараме од Црквата, а она што може таа да ни го даде е личната врска со Христос. Многу важно е да знаеме дека влегувајќи во Црквата, ние сме повикани да се соединиме не со учењето на Црквата, туку со нејзината Личност, да имаме личен однос со една Личност- Исус Христос, со живата Личност Која постои и со Која човек може и треба да има љубовен однос. Треба да ја сакаме таа Личност. Тоа е многу важно. Тоа е многу важно, затоа што во минатото имавме проблеми во црковните средини, поминавме низ неколку кризи - богословска, духовна, пастирска, по што како последица природно следуваше луѓето да ја напуштат Црквата, како што впрочем и се случи. Тогаш Црквата се обиде да го основа учењето низ и врз разумот, преку рационалните аргументи. Постарите се сеќаваат дека во учебниците по веронаука имаше докази за постоењето на Бог. Тоа беа пет – шест докази, чија цел беше рационално да докажат дека Бог постои. Тоа беше грешка бидејќи тезата води до антитеза: доаѓа некој друг и со рационални аргументи ти докажува, дека Бог не постои и тој располага со многу поздрави аргументи од твоите, затоа што ти логички се обидуваш да докажеш дека Бог постои, а Тој не постои. Светите отци рекле, дека Бог не постои. Зошто? Свети Симеон Нов Богослов вели Бог е непостоечко Суштество. Бог не постои, затоа што Тој воопшто не постои како останатите суштества. Не можеш да кажеш, Бог постои како што не можеш да речеш не постои, затоа што Тој постои. Тој е непостоечко Суштество, затоа што Неговото постоење не може да се опише и точно да се определи. Зошто светите отци тоа го кажале? Тие го кажале тоа, за да ги избегнат грешките што ги правиме ние. Под западно влијание ние се обидуваме да ја поставиме Црквата на неправилна основа, врз лажни нешта, независно дали тоа е разумот, науката, философијата или социјалниот живот. Со рационални аргументи се обидуваме да докажеме, дека Бог постои, дека Евангелието е најдоброто учење во светот бидејќи во него се зборува за љубовта, праведноста, еднаквоста итн. Навистина за сето тоа се зборува. Но човек многу едноставно би прашал: „Мораше ли Христос да дојде за да ни каже, потребно е да бидеме праведни, социјално ангажирани, слободни, демократски луѓе"? Добро, дојде, ги кажа работите што се во Евангелието. Но зошто треба да правиме нешто што не можеме да го разбереме: зошто на пример да се молиме? Зошто да одиме на бденија, да постиме, да одиме во црква? Да нè кадат со темјан, да ни станува лошо, сите да се причестуваме со иста лажичка, од ист путир (чаша) - сите прашања кои човечкиот разум може да ги постави. Луѓето кои ги поставуваат тие прашања имаат право, бидејќи нештата на кои ги учеа во Црквата, се поткрепуваа единствено на разумот.

И денес слушаме некои да речат, дека Христос бил учител, демократ, револуционер и што ли уште не. Што му се допаѓа на човектоа му го припишува на Христос - секој со своите размислувања. Се разбира сите тие размислувања се предаваа во Црквата, во неделните училишта, се пропагираше еден социјален и морален начин на живот. На пример ги учеа децата на морални и неморални работи, дека треба да прават добро итн. Но сето тоа и многу други работи се предаваа како идеја, која нема никаква врска со личноста на Христос и се стасуваше до таму - постарите се сеќаваат, дека сите деца откако ќе наполнеа шеснаест години се оттргнуваа од Црквата. До дванаесетгодишна возраст сите деца доаѓаа, им даваа по една икона, бонбони, тогаш немаше базени и слични работи за да го поминуваат времето. Тоа беше една од ретките можности за децата да се занимаваат со нешто надвор од училиштето. Обично наставниците организираа неделни училишта и тоа беше убава прилика за децата да се видат со својот учител или учителка. Децата растеа и во гимназијата сите се оттргнуваа. Зошто? Затоа што влегуваа во пубертет, пред себе имаа предизвици, искушенија, друг опит, наспроти кој идеите предавани во неделното училиште беа немоќни. Тие идеи на никој начин не можеа да опстојат. Оддалечувањето на децата од Црквата без исклучок беше општа појава.

Се правеа напори, но на крајот храмовите беа празни. Иако години по ред се организираа неделни училишта, кампови, секакви потребни работи - се стаса до таму што во Црквата немаше луѓе, немаше свештеници, бидејќи луѓето, а најмногу младите немаа врска со Црквата, која им се претставуваше како идеологија. Од една страна како идеологија, а од друга како земна институција. Црковната хиерархија имаше светски карактер, повеќе се занимаваше со социјални и други прашања, а не со духовни проблеми, помеѓу обичниот народ се се сведуваше на чист ритуал - бракот, крштевката, погребот, славите итн. Особено во Кипар преживеавме две многу тешки децении 60-те и 70-те години на пропаст. Со се распаѓаше и беше страшно да видиш млади луѓе во храмот. Се сеќавам, 1976 година отидов да студирам во Грција, и ми остана голем впечаток кога првата недела отидов во храмот и видов млади луѓе. За прв пат видов млади луѓе во храм. Во Лимасол имаше некакво раздвижување, но од 200 - 300 души останаа 5, ако воопшто останаа. Кога отидов на Света Гора и видов млади монаси, тоа беше толку необична глетка за мене. Прв пат видов млади луѓе во расо и со нив можеше да се разговара. Тоа беше нешто потполно непознато за Кипар. За среќа таа криза не траеше долго. Така е во Црквата - таа не потонува, испливува на површината, го надминува искушението и продолжува напред. Денес (се мисли на 1990 год.) луѓето се враќаат во Црквата, но има и нешто чудно: младите луѓе, кои се враќаат се студенти, а не 16 - 17 годишни, ретко ги има такви. Кога човек ќе порасне и ја достигне таа возразст, поради една или друга причина се свртува кон Црквата. Најубаво е што младите луѓе ја бараат Црквата и ја наоѓаат на правилен начин. Имено, тоа беше одговорноста на Црквата - да се јави и да се покаже на младите луѓе во својот автентичен вид. Зашто, ако пак ја направевме грешката да се претвориме во една „лесна" Црква, тоа е исто како да видиш старица со фармерки и лакирани нокти. Кога Црквата прави обид да се модернизира, да биде современа, тогаш е смешна. Многу сме смешни кога се обидуваме да бидеме модерни. Затоа што младиот човек не сака од нас да бидеме модерни, туку да слушне слово, кое не е облечено во некаква логика или рационализам, бидејќи таа епоха помина. Поради тоа, епохата на рационализмот во 60 - 70-те, беше епоха на атеизам во Кипар. Имаше атеисти и во училиштата, имаше деца кои не веруваа во Бог. Денес нема такво нешто и тие кои велат дека се атеисти, не се такви. Тогаш имаше идеолози атеисти, се водеше борба против атеизмот, против материјализмот, се пишуваа апологетски дела, што ли уште не, се истакнуваше дека 1000 научници на некоја конференција докажале дека Бог постои. А противниците одговараа дека 2000 научници на некоја конференција докажале дека Бог не постои. Ајде најди го крајот! За среќа, тие комично-трагични времиња поминаа. Денес младиот човек не бара логички докази, туку бара опит. Постои ли тој опит во Црквата? Ако го има, човекот живее со него, знае како да живее со Бог во Црквата. Доказ за тоа е што младите луѓе сакаат да учествуваат во Светите Тајни, се навикуваат на исповед, често се причестуваат, се молат, одат на бденија, ги почитуваат иконите, светителите, ги читаат житијата на светителите и светоотечката литература - сето тоа се случува на убав и правилен начин. Тие го откриваат она што го барале. Тогаш ми оставаше голем впечаток, кога ќе видев, а и сега гледам, млади луѓе надвор од Црквата кои земаат светоотечка литература да ја читаат и проникнуваат во неа. Во она време срцето ми се кинеше, кога гледав „религиозни" луѓе, кои ги читаат книгите на светите отци и ништо не разбираат, а кога ќе почнеа да зборуваатза она што го прочитале од отците, ми доаѓаше да се фатам за глава. Си велев нема поголема злоупотреба на Божјото слово од тоа. Доказ за целата таа трагедија во текот на тие години се нејзините рефлекси во сите сфери на црковниот живот. Видете за што станува збор. Не ни ги бендисуваа храмовите и затоа изградивме модерни храмови - некои од нив се како вселенски бродови. Влегуваш внатре и се прашуваш што е тоа, кино? Ако нема икони, човек би се запрашал, всушност, што е тоа? Зошто се потребни сите тие храмови? Некаков амфитеатар, исто како да си на театар, духовникот е актер, а сите те гледааат од своите места - но тоа беше последица од начинот на размислување на минатата епоха. Византиските икони, иконите со строгото аскетско изразување исчезнаа од храмовите. Се појавија некои икони, ги делевме на децата во неделното училиште - малиот Исус како едно замислено дете, со руса коса, со некакви образи, Света Богородица како симпатична Германка и еден Христос, на пример, иконата Женихот - гледаш занесен актер, со занесен поглед - и тоа бил Женихот?! Се прашуваш каква е таа работа! И сите тие германски, западни, туѓи ликови, кои влегоа во Црквата им беа „сервирани" на луѓето како духовна храна. Нема да заборавам кога еднаш ме поканија да зборувам во таа сала, тогаш уште бев во Махера (машки манастир на Кипар). На крај решив да отидам за да не излезе дека се однесувам горделиво. Ме поканија да зборувам за старец Пајсиј. Поводот беше официјално затворање на учебната година во неделните училишта, а темата беше „Примери за следење. Во еден момент ни кажаа дека секој од нас има 6 минути на располагање. Но, што да кажам за 6 минути? Добро, да видиме што можам. Започнаа со национални, религиозни, социјални теми. Ви велам, се чувствував како на пентекостално собрание. По дејствување со ништо не се разликувавме од нив. Да знаев дека нема да биде скандал ќе си отидев. Таков срам почувствував! Добро што мнозинството од децата беа надвор, јадеа, пиеја сокови, и не не гледаа. А и никој не нè слушаше - внатре беа само нивните учители. Кажавме што кажавме. Се чувствував како да сум на гробишта. Се зборуваше за еден мртов бог. Од сето она што го слушнав, јас како духовник се вознемирив. Повеќе не издржав. Се држев за масата зашто нервите ми беа на работ. Како издржуваат тие луѓе? Не го кажувам тоа за да укорам некого, едноставно опишувам што се случи. Како да ви кажам? Не знам. Бог да нè чува од такво нешто. Се зборуваа толку бесмислени работи... и за кого зборуваа - за младите? Да, еве ги младите! Колку деца имаше во салата? Тие беа надвор, јадеја и пиеја! Малку од нив беа внатре во салата 15-20 деца, милите, тие што се плашеа да излезат, а останатите беа возрасни. За што зборуваме? Навистина, како Црква поминавме низ еден период на духовно самоубиство, на духовна смена. Имаше многу различни причини за тоа: историски, богословски, пастирски. Со тоа не упатувам укор кон никого, ниту обвинувам лица или група на лица. Едноставно сакам да разберете, дека ако со својата појава Црквата не е автентична, колкава и да е цената за тоа, таа не ќе може да опстои. И ако Црквата направи грешка и се обиде да се задржи на друг начин, макар и за кратко да се задржи, таа ќе почне да паѓа надолу. Тоа е 100% сигурно. Ќе се сруши како кула од карти. Не може да следат слични работи. Опстојува само тоа, кое извира од автентичноста на нејзиниот живот, на нејзиниот опит. Само опитот може да опстои. Ништо друго. Нашата епоха го докажала тоа. На кој ли начин? Кога човек гледа луѓе, кои се поистоветуваат со световниот живот и „не се разбираат од збор", но кога во еден момент погледнуваат реално и имаат реален допир со Црквата, тогаш веднаш од корен се променуваат. Чудно е што тие имаат такво познавање и постапуваат на тој начин, како одамна да влегле во Црквата. Сум видел безброј такви обраќања во верата. Во Кипар, на Света Гора, која е живо место со присуството на современите старци, живо место до тој степен што гледаш една пештера, во која човек влегува и излегува од неа прочистен. И се поставува прашањето, како тој човек, кој пред тоа имал таков начин на размислување, таков начин на живот, се презаситувал со световен живот, како тој стасал до промена - како сега тој се моли, се подвизува, пости, се чувствува пријатно.

Убаво е што Православната Црква му дава на младиот човек пријатност, зборувам за урамнотежени луѓе, а не за искомплексирани, кои се плашат од другиот човек. Утре го празнуваме пренесувањето на моштите на св. Горѓи - тоа е, му го отвориле гробот, ги извадиле моштите и ги поставиле во храмот за поклонување на верниците. Што значи тоа, зошто Црквата го одбележува тој настан? Тоа е многу важно зашто само Православната Црква зборува и учи за слава на човечкото тело, за тоа што човек ја спасува не само душата, затоа што Црквата не се занимва само со човечката душа и дух, туку го спасува и опфаќа целиот човек. Свети апостол Павле вели, дека телото е храм на Светиот Дух, а Црквата оддава почит на телата на светителите, нивните мошти, затоа што и нивните души и тела се причесници на енергијата на Светиот Дух. На тој начин целата човечка природа се осветува и дури по смртта таа благодат и енергија пребиваат во нивните мошти и прават чуда. Црквата секогаш го поддржувала тоа учење. Во текот на XIV век се водени големи богословски полемики во Црквата. Свети Григориј Палама - светогорец, кој подоцна станал митрополит Солунски, го поддржува тоа учење и смета, дека Црквата нема никаква врска со философијата, бидејќи во таа епоха почнале да навлегуваат западни теории, според кои човекот се спасува не со благодатта на Светиот Дух, туку преку интелектуалниот процес на мислење и применување на Божјото учење - тоа, кое и денес го слушнавме. Видете, и денес помеѓу христијаните и црковните луѓе некои сметаат дека да зборуваш за чуда е плод на нездрава религиозност И се поставува прашањето, „според нив Христос бил некаков болен религиозен човек, кој правел чудеса?" Ако го прочитаме Евангелието ќе видиме дека е полно со чудеса, полно со енергиите на Бог, Кој изгонувал бесови, исцелувал слепи, воскреснувал мртви и велел, дека и Неговите ученици ќе го прават тоа - ќе изгонуваат бесови, ќе воскреснуваат мртви, ништо нема да ги повреди. Сето тоа што пребива во Црквата е докажано, дека Црквата е жива, а благодатта на Светиот Дух дејствува не само преку чудата. Чудата се елемент, израз на живата енергија на Црквата, а исто така покажуваат дека Црквата не е учење, иако тоа учење е најдобро во светот. Често Христос го претставуваат како голем учител, мистик - тоа го велат масоните. Ние нема да кажеме дека Тој бил таков? Црквата нема такво учење. За нас Христос е совршена Личност, Тој е совршен Спасител на светот, не може да примиме друга личност, во која можеме да се спасиме - ниту личност, ниту идеја, ниту учење. Најважно е да сознаеме, дека во Црквата развиваме личносен однос со Самиот Христос, а кога човек ќе го спознае и постигне, влегува во патот на исцелението, кое Црквата го нуди и тогаш ќе го почувствува во срцето. Зашто ако не го почувствува тоа значи дека Црквата зборува лага. Црквата не зборува работи кои не може да ги докаже - да докаже, но не со разум, туку преку опит. Тоа е исто како кога посетуваш лекар кој постојано ти препишува лекарства, а и покрај тоа нема подобрување. Во еден момент ќе сопреш да одиш кај него. Ќе си речеш, две години го посетувам, ги пијам лекарствата, но за жал не се чувствувам подобро. Треба да ги смениш лекарствата или лекарот. Не може да одиш кај тој лекар, ако нема резултат. Ниту да бидеш толку наивен, и да одиш кај лекар кој ти вели: „Навистина си болен, ќе ти препишам лекарства, но ќе се чувствуваш подобро кога ќе умреш! Кога ќе умреш ќе ти се подобри состојбата!" Црквата заличува на тој лекар, кога влегуваш во неа и ти велат да ги запазиш Божјите заповеди, да правиш се што ти вели свештеникот, а кога ќе умреш ќе отидеш во рајот. Благодарам! Таквите наивни луѓе, таквите бесмислици човек не може да ги прими. Не сум будала, цел живот да ги правам тие работи, а кога ќе умрам да отидам во рајот? Ами ако нема рај? Што правиме тогаш? Нели е наивно човек да верува во нешто кое не може да го допре? Не знам за вас, но јас никогаш не би ползувал таков начин на живот, та тогаш кога ќе умрам да видам дали тоа што сум го правел 80 години е правилно или не. Тогаш што е Црквата? Црквата е опитен живот, опит од вечниот живот кој започнува во тој живот и преминува во Вечното Божјо царство. Кога служиме Литургија велиме -„Тело Христово примете, од Изворот на бесмртноста вкусете". Сега, сега го вкусуваме бесмртниот живот на Христос, а не по смртта. Не можеме да речеме „чекај по смртта", тоа повеќе ми личи на ислам -„прави како што пишува во Куранот, а потоа, кога ќе отидеш во рајот, знам што ќе јадам - пилаф!" Сега не ли можам да јадам пилаф, а кога ќе умрам тогаш, кој ќе отиде таму ќе види за што станува збор. Така и човекот кој се хранел со идеологии, со религиозни идеологии ти вели: „Ти будала ли си? Животот е пред тебе, живеј, прави што сакаш! Свештениците и монасите те будалат! А кога ќе остариш и веќе ништо друго не можеш да правиш, тогаш оди во црква, ти личи на 80 години. Нешто не е во ред, треба да одиш на психијатар!" Тој човек не може да разбере зошто младите луѓе живеат црковен живот. Кога бев во техничко училиште, нема да го кажам името на директорот, бидејќи е жив, сега е пензионер -тој ме повика во кабинетот и почна да ме распрашува. Во тоа време правеа анкети помеѓу учениците, сакаа да ја разберат идната професионална ориентација. Тој ме праша што сакам да работам во иднина. Му реков, немам намера да бидам градежен инженер, ниту дрводелец, ниту електротехничар. Тој пак ме праша: - Што ќе работиш? - Ќе продолжам со класични јазици. - И кога ќе пораснеш, што ќе бидеш? - Ќе бидам монах. - Монааах? Добро, ќе разговараме по паузата. Бевме многу добар клас. Бевме четворица пријатели - јас, до мене седеше еден јеховин сведок, напред седеше еден другар и уште еден, кој беше атеист. Досега уште сме пријатели. На големиот одмор отидов во неговиот кабинет. Започна да ме прашува: - Добар ли си? - Добар сум, г-н директоре. - Спиеш ли добро? - Спијам добро. - Јадеш ли? - Слава Му на Бог, јадам. Бев мало дете, не можев да разберам што сакаше да ми каже. Потоа разбрав, дека тој се изненадил. Рекол дека тоа не е нормална работа. Јас, пак, што имав направено порано: свирев на инструмент во училишниот хор, за националниот празник требаше да исполниме една песна, во која се пееше за две растенија - за јасминот и ориганото. Исто така требаше и владиката да присуствува, а јас десет дена пред тоа решив, дека не можам да свирам такви песни, затоа што се љубовни. Бев мало дете, така си помислив. Имав таква ревност, што си реков, нема, тие песни се грешни. Тогаш свирев на кларинет. Еден ден отидов кај наставникот по музичко и му реков: „Извинете, но нема да земам учество". Тој започна да вика, да хули, да се гневи. Му кажа на директорот кој се обиде со добро. На крај ме искара пред сите и ме исплука. Ми викаше: „Ќе свириш ли?" А јас: „Не, нема да свирам!". Ќе пукнеше од нервоза. Како и да е. Кога човек идеолошки ја разбира Црквата, тој не може да разбере дека животот на верникот во Црквата се заснова на опит. За него тоа е безумие. За него Црквата е безумие. Светителите биле безумни, затоа што правеле апсурдни работи. На пример, да го земеме свети Неофит Затворник (Кипарски светител, се слави на 24 јануари). Кога бил 24 години, тој се затворил во една пештера и 60 години живеел во неа. Тоа не е ли безумство? Како логички можеш да го објасниш направеното од него? - Логички да го објасниш страданието на мачениците, аскетите, отшелниците, пустиножителите. Не можеш. Ќе ви кажам пример од животот на свети Ѓорѓиј. Тој претрпел исклучително многу мачења. Бил млад човек. Воин. Го терале да се одрече од Христос. Тој не се одрекол. Многу бил мачен. Го облекле во железни усвитени чевли со клинци внатре. Чевлите биле вжештени. Го однеле во театарот и го врзале за коњ. Тој требало да трча по коњот. Толпата наоколу не се стишувала. Во житието се вели дека тој трчал толку брзо што коњот го преварил. А во исто време си велел: „Трчај, Ѓорѓи, за да го примиш посакуваниот Господ". Тој бил исполнет со толку пламена љубов во срцето, што не чувствувал дека нозете му горат. Кога го читав тоа се стресов. Тоа го видов со сопствените очи: на Света Гора живееше еден старец - отец Сергиј. Тој живееше во Иверскиот скит. Од таму до Кареја се стасува за околу два часа. Патот е тешко прооден: шума, планини. А преку зимата снегот стасува и до 4 метри. Минуваше покрај нас. И преку зима и преку лето носеше галоши (опинци). Имаше длабок глас. Во тоа време одговарав на манастирската порта. До неа остававме разни работи за луѓето кои минуваа - леб, сирење, локум, кафе, чај. Исто така кај мене беше клучот од магацинот. Кога поминуваше од тука го прашував: „Како си?" Тој одговараше: „Гладен сум". Беше сиромашен човек, пустиник. Секогаш облеан во пот и со една торба на грбот. Во принцип тие торби собира многу работи, до 60 кг товар. Одеше еднаш или два пати во седмицата во Кареја, пазаруваше за сите отци, тие што живееа околу него имаа потреба од газјени шишиња, компири, масло. Тој беше една чудна глетка. Го прашав дали нема кој да му помогне. Ми одговори: „Нема благословени луѓе. Не е потребно. Јас одам". Секогаш беше радосен, се шегуваше. Беше многу благодатен човек. Кога почина отидовме да го погребаме. Кога му ги симнаа обувките. - Ќе се стресете, деца, долу, каде што е стапалото, му се гледаа коските! Месото го немаше! Разбирате ли?... И покрај тоа одеше два пати во седмицата во Кареја, им служеше на сите отци наоколу, гладуваше, секогаш беше натоварен, тој никогаш не се жалеше. А ние, во нашето незнаење, го прашувавме: „Каде одиш, во Кареја? Ај, донеси ми и мене еден леб!" Тој одговараше „Ќе ти донесам, благословен човек!" Кој го среќаваше по патот, го молеше да му донесе нешто од Кареја, а тој се согласуваше. Во состојбата во која се наоѓаа неговите нозе, човек не би можел ни да се движи. Тогаш се сетив на свети Ѓорѓиј. И си велев, тоа нешто може да се случи, бидејќи има луѓе кои имаат во себе таков пламен на благодат и љубов, што чувството за љубов ја победува дури и самата природа на човекот која е многу силна. Тоа е големината на Црквата - преку силата на Божјата љубов се преобразува човечката природа и човекот прави натприродни работи, кои луѓето што се надвор од Црквата не можат да ги разберат, не ги примаат, за нив тоа е невозможно, смешно, болно, лажно. Но, во Црквата стануваат возможни, бидејќи верата е - „противтежа" на разумот, која не е теоретска, интелектуална, туку опит во животот, најголем опит кој човекот може да го има...

Превод: Свештеник Игор Пармачки

Православна светлина бр. 36

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная