За гревот и исповеста
Се раскажува дека блажен Ероним, кога живеел во Палестина и се подвизувал во Витлеемската пештера каде што се роди Спасителот, имал чудно видение. Му се јавил Исус Христос и го прашал:
“Ерониме, сега кога сите Ми подаруваат по нешто, ти што ќе ми дадеш?”
“Моите добродетели и молитви!” – одговорил св. Ероним.
“Добро тоа, но што друго?”
“Моето срце, душата и целиот себе!”
“И тоа ќе го примам, но Јас сакам уште нешто од тебе!”
“Но, што друго да ти принесам Господи?” – во недоумица прашал подвижникот.
“Дај Ми ги твоите гревови!”
Блажен Ероним скрушено заплакал. Тој низ солзи прашал:
“Зошто Ти се, Господи, моите гревови?”
“Сакам да ги земам на Себе!”
Слушнавте ли? – “Дај Ми ги твоите гревови!” Исус Христос ги бара од нас нашите гревови! Да му ги дадеме во Светата тајна исповед и Тој ќе ни ги прости!
Извадок од книгата Заборавеното лекарство
од Архимандрит Серафим
Избор: Наташа Деспотовска- Димитриевска
Друго:
Заборавеното лекарство (I дел)
Заборавеното лекарство ( II дел)
Заборавеното лекарство (Iii дел)
Заборавеното лекарство (IV дел)
Заборавеното лекарство (V дел)
Заборавеното лекарство (VI дел)