логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Halkidiki.sv.Kiril.Solun1.jpg
Многупати во срцата на луѓето се јавува страв, дека можеби низ бурата на животот ќе останат незаштитени и сиромашни, па затоа честопати нивниот ум и помисла се насочени кон тоа, како да соберат пари или да стекнат имот и други богатства, за да имаат кога ќе им затреба.И не е за чудење, ако станува збор за оние кои не веруваат во Бога, и својата надеж ја полагаат во парите и во другите богатства. Но, што да речеме за оние кои се нарекуваат христијани, одат во црква и Го молат Бога да им помага во животот, и кои велат дека нивната надеж им е во Христа, во Богородица и во Светителите, а спротивно на тоа се среброљубци, не давајќи им ништо на своите сиромашни браќа, и постојано собираат пари и богатства. Во животот видов дека многумина се токму такви - само наречени христијани и е навистина зачудувачки, како може живот втемелен на интереси да се усогласи со зборовите Христови: „Не грижете се што ќе јадете и што ќе пиете, нити во што ќе се облечете. Погледнете ги птиците небесни: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот Отец небесен ги храни. Погледнете како се облечени полските кринови! Па дури ни Соломон не се облече така како овие ништожни цветови. И ако полската трева, што денес ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?“Ова се јасни зборови, едноставни, и покажуваат каков е темелот на Христовото учење. Зашто, како е можно човек да има вера, а истовремено да е заробен од парите и лукавите интереси, дури и многу повеќе отколку безбожниците? Можеби мисли дека ќе го залаже Бога. Но со Бога не можеме да си играме.Меѓутоа, според лукавите помисли на човекот, сè може да се уреди, па дури и тоа, да се биде добро завиткан во парите, односно во ѓаволот, кого Христос го нарекува Мамон – бог на среброљубието, а истовремено да се претставува како христијанин, да се оди во црква, да се моли и да прави метании, дури и многупати да се плаче од љубов кон Христа, но, сепак, да не може да се ослободи од љубовта кон парите. Тука навистина не се вклопува ниедна логика. „Држи ги цврсто парите“, ти вели лукавата помисла, „а запали и по некоја свеќа и направи некоја метанија, за да имаш добри врски и со Христа“. Ако, пак, размислуваме за рајот или пеколот, и тука наоѓаме некое оправдување: „Што и да се случи, барем нешто сме добиле“.Апостолот Павле вели: „Ако се надеваме на Христа само во овој живот, тогаш сме најбедните луѓе на светот“. Токму псевдохристијаните го молат Христа пред сè за потребите од овој свет: за својата работа, за телесно здравје, за своите деца, а штом нешто не оди како што сакаат, почнуваат со жалбите и негодувањата дека Христос и Богородица не побрзале да им помогнат за остварување на нивните намери, со кои, честопати, им нанесуваат штета на своите браќа.Апостолот Павле на друго место вели: „Добро е надежта на вашето срце да ја утврдите врз благодатта Божја, а не на јадења (односно на телесни работи), од кои немаат корист, оние кои ним им го посветиле животот, односно се посветиле на собирање пари, лажејќи се себе си дека на тој начин ќе бидат во сигурност“. Зашто „кога ќе дојде смртта сето тоа ќе исчезне“.Во светот не постои ништо поизразено од славољубието. „Целата историја на човештвото го потврдува ова безизлезно славољубие. И колкумина во светот барем еднаш седнале да подразмислат за овој добро познат феномен на славољубието, кој постојано треба да го имаме пред нас и со кој треба непрестајно да се бориме? Ние постапуваме како нојот, кој ја закопува својата глава во песокот, за да не го гледа својот непријател и мисли дека така се сокрил од него.Судејќи според тоа, зарем не се за жалење важните и силните луѓе на земјата? Иако јасно гледаат дека низ историјата бездната ги проголтала сите силни и важни во овој минлив свет, и дека нејзината отворена уста чека и нив да ги голтне, тие не престануваат да се занимаваат со „лажната слава“, со лукавства, со војни, со своето високо образование, и секакви безумства, со кои се фалат пред целиот свет. О, колкава е лудоста на оние кои светот ги смета за сериозни, многу разумни, генијални! Вистинска беда од расудување и знаење! И токму таквите го водат светот. Некои пак се зафатени со славните философии и раните вештини, па дури и ги обожуваат, иако добро знаат дека, не по долго време, сите  ќе исчезнат од лицето на земјата!

Извадок од книгата „Неподвижен темел“ на Фотиј Кондоглу

Извор: Бигорски манастир


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная