логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

И сега вели Госиод: обрнеше се кон Мене од се срце со пост, плач и ридание (Јоил 2, 12).

Зашто, кој сака својот живот да го сочува, ќе го загуби, т.е. кој сака да го спаси стариот, телесен и огревовен човек во себеси, тој ќе го загуби животот свој: зашто вистинскиот наш живот се состои во тоа да го распнеме и умртвиме стариот човек со неговите дела и да се облечеме во новиот кој се обновува по образот на својот Создател. Без умртвување на стариот плотски човек нема вистински живот, нема вечно блаженство. Колку е посилно и помачно умртвувањето на стариот човек, толку посовршено е   неговото   обновување   и   препородување.
Колку е поголемо неговото очистување, толку е посовршен животот и поголемо е неговото блаженство во идниот век. Умртвувај се себеси и ќе оживееш. Ах! Јас чувствувам дека, кога сум потполно здрав и кога не се напрегам и не се трошам себеси во напори, тогаш умирам со духот, тогаш во мене нема Царство Божјо, со мене владее мојата плот, а со плотта ѓаволот.
На христијанинот му е неопходно да пости за да го избистри својот ум и за да го разбуди и развие чувството и својата волја да ја придвижи кон добро делување. Тие три човечки способности ние ги помрачуваме и ги задушуваме, најмногу, со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет (Лука 21, 34), а преку тоа отпаѓаме од Изворот на животот, од Бога, и паѓаме во гнилеж и суета, изопачувајќи и осквернувајќи го во себе ликот Божји. Прејадувањето и сладострастието не приковуваат за земјата и ги потсечуваат, така да речеме, крилјата на нашата душа. А погледнете, колку високо летале сите испосници и воздржаници Христови, како орли крстареле на небото! Тие, земнородни, живееле со умот и срцето на небесата и таму слушале неискажливи зборови, и се научиле на божествена премудрост. А колку човекот се понижува себеси со стомакоугодувањето, со прејадувањето и со пијанството! Тој ја изопачува својата природа, создадена по ликот Божји и се уподобува на бесловесната стока, па дури станува и полош од неа! О, тешко нам од пристрасностите наши, од беззаконите навики наши! Тие не спречуваат да го љубиме Бога и ближните и да ги исполнуваме заповедите Божји, го вкоренуваат во нас плотското (што значи грешното) самољубие, чијшто крај е вечната пропаст. Така, пијаниот не жали купишта пари само за да се опие и да ја задоволи својата плот, а на просјаците му е жал да им подаде дури и една копејка. Пушачот фрла во ветер десетици и стотици рубљи (руски пари, заб.прев.), а на просјаците, кои со своите молитви би можеле да му ја спа-сат душата, жал му и само една копејка да им додели. Љубителите на раскошно облекување, на модерен мебел и на скапоцени кујнски прибори трошат огромни суми на пари за облека, мебел и други скапоцени предмети, а крај просјаците минуваат со рамнодушност и презир. Тие кои сакаат добро да се најадат, не жалат пари за секакви јадења, а на сиромасите им е жал да им дадат и еден грош. На Христијанинот му е потребно да пости и заради тоа што со вочовечувањето на Синот Божји човековата природа е продуховена и обожена и заради тоа што ние итаме кон горното Царство, кое не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух... Храната е за стомакот, а стомакот за храната, но БОГ и неа и него ќе ги уништи (Рим. 14, 17 и 1 Кор. 6, 13). Само на незнабошците им е својствено да јадат и пијат до пренаситување, т.е. да имаат пристрасност (страсна наклонетост) кон сетилните уживања - не знаејќи за духовните, небесни насладувања, тие сиот свој живот го устројуваат на уживање на стомакот, на многу јадење и пиење. Затоа и Господ во Евангелието честопати ја изобличува таа погубна страст. Па, дали е разумно човекот да живее во постојана опиеност од желудечните испарувања, кои се подигаат во утробата за време на непрестајното варење на храната и на нејзиното вриење?! Зарем човекот е подвижна кујна или самодвижечки оџак, со кој можат со право да се споредат сите оние кои и дење и ноќе пушат? Какво е задоволството да се живее во непрестајна опиеност, испарување и чад? На што воопшто ќе личат нашите домови? Зошто со смрдеа да го загадуваме воздухот и да го вдишуваме? А - што е најлошо од се - ние со неа ја помрачуваме и ја задушуваме душата и ги трошиме нејзините последни духовни сили!
Во онаа мерка, во којашто човекот ги задоволува своите сетила, тој се оплотува (станува телесен) и го оддалечува од себе Пресветиот Дух Божји, Кој и не може да престојува во луѓето коишто водат чисто телесен живот: зашто каква заедница има светлината со темнината (2 Кор. 6, 14)?! Таа состојба, достојна за плач и солзи, многумина ја искусуваат, и за жал, не се свесни дека во себе го немаат Духот Божји, токму како што и слепите од раѓање не знаат дека е голем губиток тоа што не ја гледаат светлината. Таквите луѓе немаат вера ниту љубов во срцето, ниту пак имаат дух на молитва. И го избегнуваат општењето (заедницата и заедничарењето) со Црквата. Боже мој! Колку ли опасности во животот ме демнат?! Јас станувам најголем непријател на самиот себеси, кога премногу му удоволувам на своето тело.
Ако многу јадеш и пиеш како ненаситник, ќе бидеш - плот; ако постиш и се молиш ќе бидеш - дух. И не опивајте се со вино, туку исполнувајте се со Дух! Пости и моли се и ќе оствариш многу големи дела. Ситиот човек не е способен за големо дело. Имај простота во верата и ќе направиш големи дела, зашто се е можно за оној што верува. Имај грижливост и ревност, и големи дела ќе оствариш!
Постот е добар учител: 1) на секој што пости, тој му овозможува да сфати дека на секој човек му е потребно многу малку храна и пиење, и дека ние, воопшто земено, сме лакоми да јадеме и пиеме многу повеќе од неопходното, т.е. од она што и е потребно на нашата природа; 2) постот убаво ги покажува или ги очитува сите немоќи на нашата душа - сите нејзини слабости, недостатоци, гревови и страсти, исто како што матната стоечка вода, која почнуваат да ја чистат, ги открива гадинките што живеат во неа или нечистотијата која во неа се крие; 3) ни ја покажува и сецелата неопходност, со сето срце да прибегнеме кон Бога и од Него да бараме милост, помош и спасение; 4) ни ги разоткрива сите лукавства и подмолност и сета злоба на бестелесните духови, на кои ние порано, и не знаејќи го тоа, сме им служеле, а чии подмо-лности јасно се очитуваат сега, кога ќе не озари светлоста на благодатта Божја и тие ќе почнат злобно да се нафрлаат на нас поради тоа што сме ги напуштиле нивните патишта.
Кој ги отфрла постите, тој заборава од што произлегол падот во грев на првите луѓе (од невоздржување), како и тоа, на кое оружје против тревот и искушувачот не упати Спасителот, кога беше искушуван во пустината (постејќи 40 дена и ноќи); тој не знае или не сака да знае дека човекот отпаѓа од Бога најчесто токму преку невоздржувањето, како што се случило и со жителите на Содом и Гомор и со Ноевите современици - затоа што од невоздржувањето доаѓа секој грев во луѓето. Кој ги отфрла постите, тој на себеси и на другите го одзема оружјето против својата многустрасна плот и против демоните, кои ја воспоставуваат својата моќ над нас особено преку нашето невоздржување. Таквиот човек и не е војник Христов, затоа што го фрла оружјето и доброволно се предава во ропство на сладострасната и гревољубива плот, тој е слеп и не го гледа односот помеѓу причините и последиците на нештата.
Говорат - „их, не е многу важно ако во време на постот се мрси, (се јаде мрсно), не е постот во храната!". И не е многу важно ако се носи скапоцен накит, се оди во театар, на вечери и маскенбали, ако се купуваат раскошни одела и скапоцен кујнски прибор, мебел, скапи кочии и брзи коњи, ако со собираат и се трупаат парите и друго. Но, поради што се одвраќа нашето срце од Бога, од Изворот на Животот, поради што го губиме вечниот живот ако не поради стомакоугодување и скапоцена облека, како оној богат во Евангелието, поради театри и маскенбали? Поради што стануваме толку бездушни кон сиромашните, па дури и кон своите роднини, ако не поради својата пристрасност кон сластите и воопшто кон стомакот, кон блеката, скапоцениот кујнски прибор, мебелот,   кочиите, кон парите и сл. Не можете да им служитена Бога и на мамона (Мат. 6, 24), не можете да бидете пријател на светот и пријател Божји, да им служите на Христа и на велијарот. Тоа е невозможно. Поради што го загубија Адам и Ева рајот и паднаа во грев и смрт, ако не поради змијиниот отров (кој го примиле доброволно)? Погледнете добро зошто не се грижиме за спасение на својата душа, која толку високо ја цени Синот Божји?! Зошто додаваме грев врз грев и непрестајно паѓаме во противење на Бога и во суетен живот, ако не поради пристрасност кон земните работи (страсна врзаност за нив), а особено кон земните сласти!? Зошто го грубиме нашето срце, зошто стануваме плот а не дух, изопачувајќи ја својата духовна природа, ако не поради пристрасност кон јадење и пиење и кон другите земни добра?
Како тогаш некој може да зборува дека не е важно ако за време на постот се мрси. Веќе и самото тоа што така зборуваме е гордост, празноумие, непослушание, непослушност кон Бога и оддалечување од Него.
Човекот му е скапоцен на Господа, сиот свет му е нему покорен. Самиот Син Божји слезе од небото на земјата заради негово спасение од вечните маки и помирување со Бога. Секаквите плодови и месото од разните животни му се дадени на човекот за јадење, и разните напитоци му се дадени за да го заслади грлото, но не и за да се врзе страсно за нив, не само заради наслада. Христијанинот има на располагање возвишени насладувања, духовни и божествени, на тие насладувања тој секогаш треба да ги подредува телесните наслади, насочувајќи ги овие или пак, и сосема прекратувајќи ги, кога ќе станат пречка за духовните насладувања. Значи, на човекот не му се забрануваат храната и пиењето за му се направи жалост ниту пак за да му се ограничи слободата, како што говорат во светот, туку заради тоа да му се даде повистинита и потрајна сладост, сладост вечна. Токму и поради тоа за време на постите се забрануваат мрсните јадења и винските напитоци, зашто човекот му е многу скапоцен на Бога - за неговото срце - наместо кон Бога - да не се приклони и   прилепи кон    пропадливата твар која за него е недостојна. А човекот кој е ранет од гревот лесно се приклонува кон земните задоволства, заборавајќи дека неговото вистинско насладување, неговиот вистински живот е - Вечниот Бог, а не пријатното надразнување на телото.
Коренот на секое зло е самоволното срце, или самосожалувањето и снисходливоста кон себеси. Од самољубието или од претераната љубов кон самите себеси, која е спротивна на Законот Божји, потекнуваат сите страсти: рамнодушноста, бесчувственоста и бездушноста во односот кон Бога и ближните, злото, нетрпението и раздразливоста, омразата, зависта, скржавоста, унинието, гордоста, сомнежот, маловерието и неверието, лакомоставо јадењето и пиењето или стомакоугодувањето, користољубието, славољубието, мрзливоста, лицемерието. Не жали се себеси никогаш во ништо, распни го во себе стариот човек кој се вгнездува првенствено во телото и ќе ги отсечеш сите свои страсти. Трпи благодушно се што не му годи, а ќе ти се случи, не го поштедувај своето тело, оди против него и ќе бидеш вистински следбеник Христов! Сета мудрост на христијанинот се состои во тоа, во својот живот благоразумно да оди против својата плот во се, зашто во мене, односно во моето тело, не живее доброто (Рим. 7,18) - вели Апостолот.
Преку прејадувањето и пијанството бестелесниот непријател влегува во човековото срце - оној кој е внимателен, тоа секако може да го почувствува. Ете, од каде кај човекот кој се повеќе и повеке пие, толку страшно нараснува наклонетоста кон алкохолот - оттаму што расне и силата на ѓаволот над човекот! Ете зошто кај пијаниците може да се види и дека некоја сила просто ги тера да ја задоволат страста, тој нивен внатрешен нагон за вино - на тие несреќници ѓаволот им е во срцето! Со што се изгонува демонот на пијанството? Со молитва и пост. Ѓаволот влегува во луѓето поради тоа што тие се предаваат на телесен начин на живот и на стомакоугодување, и поради тоа што не се молат - тогаш е природно што ѓаволот може и да излезе од нив од спротивни причини: од пост и молитва.
О, колку е страшно кога храната и пиењето се користат за забава, страшно е човек да се прејадува и опива! Ситата утроба ја губи верата, стравот Божји и останува без чувство за молитва, за благодарење и славословење на Бога. Ситото срце се одвраќа од  Господа  и станува тврдо како камен и бесчувствено. Еве зошто Спасителот грижливо не одвраќа од прејадување и пијанство - за да не ве затече оној Ден ненадејно (Лука 21, 34) поради гневот Господов врз нас, поради лекомисленото и празно трошење на времето на јадење и пиење.
Совршеното угодување на Бога се состои во тоа, заради Него, да имаме потполна непристрасност кон телото, на пример, кога за време на молитвата, не гледајќи на својата мрзливост и на силната желба за сон, се принудуваме себеси и не се предаваме, тогаш ја манифестираме својата непристрасност кон телото. Совршена непристрасност пак, имале мачениците и подвижниците (Христови)...
Кога ќе почувствуваш дека во твоето срце исчезнал мирот поради пристрасност кон нешто овоземно, и дека наместо мир, во него дишат раздразливост и злоба, истиот час застани на стража на своето срце и не му давај да се исполни со огнот ѓаволски. Моли се срдечно и со силата Божја укрепувај го своето острастено и нетрпеливо срце. Биди цврсто уверен дека злобната распламтеност на срцето е дело на непријателот и дека непријателот силно војува против нашето срце преку ситиот желудник. Самото искуство тоа ти го говори.
Не верувај му на своето тело, кое за време на молитвата ти се заканува дека нема да можеш да ја издржиш - те лаже. Кога ќе почнеш да се молиш, ќе видиш дека тоа ќе стане твој покорен слуга. Молитвата и него ќе го ободри. Сеќавај се секогаш дека плотта е лажлива.
Почни да ги исполнуваш заповедите кои се однесуваат на малите нешта, па ќе ги исполниш и заповедите кои се однесуваат на големите. Малото секогаш води кон големото! Почни да ја исполнуваш макар заповедта за постот во среда и петок, или десеттата заповед, која се однесува на лошите помисли и желби, и ќе ги исполниш сите заповеди: неверниот во малку и во многу е неверен (Лука 16,10).
Хранејќи се преизобилно, и самиот стануваш плотски човек кој нема дух, или тело без душа, а постејќи, го привлекуваш кон себе Светиот Дух и се продуховуваш. Земи го, на пример, памукот ненаквасен од вода - тој е лесен, и кога го има сосема малку тој лета во воздухот, но - накваси го со вода и тој станува потежок и истиот миг паѓа на подот. Така е и со душата. О, колку само треба да ја чуваме нашата душа со пост!
Материјата на овој свет е како ништо, секаде и во се е Духот Божји,     Живототворен и Севишен. Кога се молиш на Бога, замисли дека материјата просто и не постои и дека ни тварта воопшто ја нема, а дека секаде постои само и единствено Бог како Единствен, никаде Несместив, Кој се со Себе исполнува, опфаќа, гради и се чува. Ако си непристрасен кон материјалното и ако се вежбаш во пост и молитва, тогаш и твојот дух ќе ја впие плотта и ќе бидеш духовен и секаде во природата ќе го согледуваш Духот - Бога. Наспроти тоа, оние кои се пристрасни кон земното, особено кон јадењето и пиењето и парите, телесни се и немаат Дух (Јуда 1,19) и во се ја гледаат само плотта која не го согледува духот и дури ја отфрла и духовната страна на предметната стварност.
Да се каеме, значи, во срцето да се чувствува лагата, безумието и вината за своите гревови, значи, да се станува свесен дека со нив сме го разжалостиле својот Творец, Господа, Отецот и Добротворот, Кој е бескрајно Свет и Кој бескрајно се гнаси од гревот, значи - со сета своја душа да сакаме поправање и нивно исчистување.
На јадење и пиење не итај, но на делото Божјо поитај побргу. Вршејќи го пак делото Божјо, на јадење и пиење и не помислувај. Запомни добро пред Кого стоиш, со Кого беседиш, Кого го славиш со песни, сиот биди во Бога, сецело припадни Му Нему Единствениот, моли Му се со сето срце свое и воспевај Го со сето срце, на ближните служи им како на себеси, сесрдечно и топло не двоејќи се со срцето и мислите. Господи! Помогни: без Тебе не можам да направам ништо (Јован 15, 5).
Поради што Господ ни придодава ден на ден, година врз година на нашиот живот? За постепено да го отсечеме и да го исфрлиме од своите души лукавството, секој своето, и да ја прифатиме блажената простосрдечност, за да станеме како незлобиви јаганца и како простосрдечни деца, и да се научиме да немаме ни најмала пристрасност кон земните работи, туку, како простосрдечни деца кои љубат, да се прилепиме со сето срце кон Единиот Бог и да Го засакаме со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и ближните како самите себеси. Да побрзаме со срдечна молитва и со солзи да измолиме за себе во Господа срдечна простодушност, и да ревнуваме и да се погрижиме со сите средства да го отфрлиме лукавството од нашите души, нпр. злиот презир, злонамерноста, злобата, гордоста, надуеноста, самофалењето, нетрпението, унинието, очајанието, навредливоста и раздразливоста, плашливоста и малодушноста, зависта, скржавоста, стомакоугодувањето и прејадувањето, блудот во мислите и срцето и блудот на дело, среброљубието и воопшто безумната страст за стекнување, мрзливоста, непослушноста,   и   целата   мрачна   силесија на гревови. Господи, без Тебе не можеме да направиме ништо. Ти Самиот благослови не за ова дело и дарувај ни победа над нашите непријатели и над нашите страсти! Нека биде така!
Кога ќе огладниш, не навалувај со сета сила на храната, зашто ќе го оптовариш и срцето и телото. Јади полека, без лакомост, со расудување, во слава Божја - сеќавајќи се на Бога - нашиот Хранител, пред се на Неговата непропадлива Храна - Телото и Крвта Христови, и на тоа како Он Самиот Себеси, од љубов, ни се дарува нам за храна и пиење, како и на светите евангелски зборови.
Ете, на тоа свое секојдневно дело, на земањето на храна и пиење, обрнете најстрого и најделотворно внимание, зашто од јадењето и пиењето, од нивниот квалитет и количина, многу зависи дејственоста на вашиот дух и вашата делотворност во општеството и семејството. Само пазете се, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство (Лука 21, 34), а исто така, и чајот и кафето спаѓаат во средства за опивање ако се земаат во невреме и прекумерно. О, тешко нам, кои сме наситени сега и со омаловажување гледаме на даровите Божји! Господи! Како што на Прволикот му е својствено да привлекува и според себе посредно да ги обликува другите ликови, да се всели и да живее во нив, така и на оние кои се по ликот Твој треба да им е својствено со сета своја љубов и ревност да се стремат кон Прволикот и да Му припаѓаат со сето свое битие. Но, оваа наша лакома и сладострасна плот, духовно груба и трома, не оттргна од Тебе, па затоа ни се неопходни постот и воздржувањето, затоа што сме толку острастени, што секогаш бараме само наслада!

превод:
Братство на Манастирот
„ Св. Гаврил Лесновски"

Извор: ТРОИЧНИК(2005)

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная