логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Man.Zurce4.jpg

св. Атанасиј Велики, с. Журче

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излезе  од печат  нова книга:  Св.Атанасиј Велики -  Житие и дела

Оваа книга, како и останатите од издавачката дејност на манастирот,  може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867 Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.


Man.Zurce4.jpg

ТОЛКУВАЊЕ  НА  ЕВАНГЕЛИЕТО  СПОРЕД  ЛУКА

Глава 1

  И  ете, ти  ќе онемиш и не ќе можеш да зборуваш до оној ден кога тоа ќе се исполни, оти не им поверува на моите зборови, кои ќе се исполнат во свое време. Ангелот праведно не му простува на неверниот Захариј, затоа што овој ги имал за пример оние пред него кои не биле плодни а раѓале, како што учи божественото Писмо.
  Затоа и она што ќе се роди од Тебе ќе биде свето, и ќе се нарече Син Божји. Ангелот не и вели на Дева - она што ќе се роди, за да не стекнеме впечаток дека телото влегува во неа однадвор, туку додал - од Тебе, заради сведоштво дека она што ќе се роди ќе биде примено од нејзиното естество (природа).  А ќе се нарече свето не затоа што ќе го има вселен во себе Синот Божји и што ќе стане свето по причесност, туку затоа што е навистина свето по естество (природа), бидејќи е самиот Син Божји, и притоа единствен.
  Ете и Елисавета, твојата роднина. Ангелот ја нарече Елисавета роднина на Пресветата Дева, или затоа што тие потекнувале од еден (ист) праотец - Јаков, или затоа што уште пред давањето на законот, Аарон, бидејќи бил од Левиевото колено, ја зел за жена Елисавета, ќерката Аминадавова, сестра Наасонова, од коленото Јудино. Зашто од тоа време, царското колено Јудино, од кое била Пресветата Дева, се сродило со свештеничкото Левиево колено, од кое била Елисавета. Затоа, сепремудрата благодат на Светиот Дух чудесно устроила и оваа жена на Захариј, како и жената Ааронова, да се нарече Елисавета, за јасно да видиме од самото име дека постои сродство по Елисавета, жената Ааронова помеѓу Дева и Претечевата мајка Елисавета.
А Сесвета Дева, кажувајќи: Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите твои, го изразила следното - јас сум плоча (таблица) на која Писателот го пишува она што Му е угодно. Нека Господ на с# го напише и нека го твори она што сака. И Ангелот, примајќи го од сесветата Дева ова исповедување на верата, си замина од неа.
  Го велича душата моја Господа. Како што со зборовите ,,да се слави Бог “, не се изразува како од надвор да Му се придодава на Бога слава, и со изразот ,,да се свети Господ” не означува како да Му се придодава светост, така ниту со зборовите ,,да се велича Бог” не се покажува придодавање на величието Негово. Напротив, оној кој го велича Бога прима во себе причесност (заедничарење) во Неговото величие. Затоа е речено - Го велича душата моја Господа. И тоа нема да го зачуди оној кој точно разјаснил дека Бог не прима, туку Тој дава блага (богатства).      
  Зашто погледна  на смиреноста на слугинката Своја; и отсега ќе ме нарекуваат блажена сите родови. Колку е висока девственоста! Сакајќи да се подвизува во другите добродетели, секој има за тоа закон, но девственоста, надминувајќи го законот и насочувајќи го животот кон најважната цел, е укажување на идниот век, слика (икона) на ангелската чистота. Затоа, многу може да се каже за девственоста, но за да не се задржувам, говорејќи за она што им е јасно на сите, наместо се кажувајќи едно, ќе ја покажам со тоа величината на оваа добродетел. Владиката на се, Бог Логосот (Словото), кога Отецот  благоволил сите да ги подигне и обнови, посакал само Дева да стане мајка на телото кое Тој го зел на Себе, и Дева стана мајка. Навистина, ни дојде нам Господ  - човек, за како што се преку Него постана, така и девственоста да биде од Него, и преку Него на луѓето повторно  да им биде дарувана оваа благодат, и да продолжи да расте во нив. До која мера, ова служи како пофалба на девствениците и како покажување на Неговото Божество, може да се види од следното. Ако родителите на светите маченици се славни по јунаштвото на своите синови, и Сара се радува кога го роди Исаак, и, како што вели пророкот, блажени се оние кои имаат оган (племе) на Сион и огниште (роднини) во Ерусалим  (Ис. 31, 9), дали тогаш некој е во состојба да искаже колку е голема пофалбата на светата Дева и богоподобната (боголиката) Марија во тоа што Таа станала и се нарекува мајка на Логосот (Словото) по телесно раѓање? Тоа божествено раѓање е воспеано од ангелските војски; а од народот една жена го подигна гласот и Му кажа: Блажена е утробата која Те носела, и градите од кои си се хранел (Лк. 11, 27); а самата приснодева Марија, која го роди Господа, видувајќи што се случило со неа, кажала: Отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија. Но, она што се случило со Марија се претвора во слава (пофалба) на сите девственици, затоа што овие девствени гранки (ветки) веќе се држат за неа, како на корен.
                                                           
             Глава 2

 А кога се навршија деновите за нивното очистување според законот Мојсеев, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа,  како што е напишано во Законот Господов, дека секое машко дете кое прво ќе ја отвори утробата треба да Му се посвети на Господа  и да се принесе жртва како што е кажано во Законот Господов: две грлици или две гулабици.
Господ не се облекол во тело по сличноста на другите луѓе за да влезе во постоење и за да дојде на свет, туку постанал човек за да го освети телото. А ако некој зборовите ,,да го претстават пред Господа”, ги сфати како да станува збор за самиот Господ, во тој случај ќе му избега вистинската смисла. Зашто, кога Господ бил скриен од очите на Отецот и не можел да Му биде Нему видлив? Или, постои ли некакво место надвор од Неговата власт, каде Тој престојувајќи не би стоел пред Отецот, се додека не бил донесен во Ерусалим и внесен во храмот?  Но, зошто принесле праобразни жртви, кога Тој бил самата реалност? Нели затоа што е ова напишано поради нас, а не поради Него? Како што Тој, Кој е Бог, непроменливо по природа постанува човек, и се обрезува телесно, се крштева, и трпи се останато не заради Себе, туку заради нас, за ние, бидејќи сме луѓе, по благодат да постанеме богови преку посинување, и да се обрежиме духовно, а не по Законот, и со крштението да ја измиеме гревовната нечистотија, и да се распнеме за светот, и да се подигнеме (воскреснеме) за Бога, така и она што е овде речено за нивно очистување, за Неговото поставување (положување) пред Господа, и за праобразните жртви е извршено и напишано не заради Него, туку заради нас, да се научиме да се очистуваме и да се ставаме себеси пред Бога, таинствено и духовно принесувајќи Му Нему две грлици или две гулабици. А грлицата е символ на целомудреноста и тихувањето затоа што ова животно е пустинољубиво и многу целомудрено, и ако умре грлица мажјак или женка, тогаш онаа која преостанува, повеќе не се поврзува (спојува, соединува) со друга. А гулабите се слика на незлобливост и кроткост. Бидејќи оние кои со целомудреност се очистуваат себеси од телесните задоволства и похота, а со незлобливоста и кроткоста се воздржуваат од раздразливост и гнев, навистина принесуваат добри жртви, се појавуват пред лицето Божјо и се воведуваат себеси во небесниот Ерусалим. Зашто, ништо не е толку угодно на Бога како незлобливоста и целомудреноста. И навистина, Бог сака да не направи толку целомудрени да не погледнуваме дури ни на жена со похот (желба), а за незлобливоста вели - ако не се обратите и не бидете како деца (Мт. 18, 3), не по телесна возраст, туку по ликот на децата покажувајќи незлобливост, а како пример на кроткоста и смиреноумието се претставува Себе самиот, говорејќи – поучете се од Мене зашто сум кроток и смирен по срце (Мт. 11, 29). Но, ако некој праша - А зошто заповедал од споменатите животни да се принесуваат по две, од кои две зрели (пораснати) и две птички? Одговарам: Бидејќи човекот е двосоставен (двоен), то ест се состои од душа и тело, Бог бара од нас двојна целомудреност и двојна кроткост. Ако со телото се воздржувам од телесните уживања, а со душата копнеам по нив, тогаш јас не сум целомудрен, туку сум прељубник. Зашто е кажано секој што ќе погледне со желба тој веќе извршил прељуба во срцето (Мт. 5, 28). А исто така ако некој според надворешниот изглед се прави кроток, но во душата е раздразлив, тој не е незлоблив, туку е лицемерен и гневлив, а видливата и замислената (привидната) незлобливост му служи како покривало на тајната злоба. Имајќи ги  таквите предвид, пророкот вели: Со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете (Пс. 61, 4). И уште: Кои говорат за мир со ближните свои, а во срцата смислуваат зло (Пс. 27, 3). Заповедувајќи да се принесат две созреани (пораснати) и две птички, дава со тоа на знаење дека во благоразумноста и целомудреноста треба да бидеме совршени, но со злобата како што вели Апостолот, да бидеме како деца (1 Кор. 14, 20).
Да видиме на кого се однесува, каде и кога е речено: секое машко дете кое прво ќе ја отвори утробата на мајка си треба да Му се посвети на Господ, и дека е тоа поради нејаснотија на законот?..
  Сега го отпушташ слугата Твој Господи, со мир, според зборовите Твои. Затоа, ја презираме смртта. Зашто, и да почнеме да се плашиме од неа, ние сепак ќе умреме, се разбира во времето кое ни е одредено од (Божјата) Промисла. Подобро е храбро да се дочека, како нешто неизбежно и очекувано, отколку само неславно да и се препуштиме. Оној што го завршува животот во богопочитување (богочестие), тој не умира. А оној кој се призива само повремено (понекогаш), како оној кој живее за себе, тој е должен да даде одговор и во самото време, а ако не даде, тогаш ќе слушне: си го добил своето добро уште додека беше жив, сега, пак, ти се мачиш (Лк. 16, 25). Затоа треба машки да држиме, како што заповедал Апостолот (1 Кор. 16, 13), за потполно да ги умртвиме своите органи кои се од земната природа (Кол. 3, 5); треба да подготвиме дела за заминување (исход), за кога ќе дојде крајот на времето, или кога ќе бидеме повикани од Спасителот, да можеме и ние да кажеме: Сега го отпушташ слугата Твој, Господи. А кога ќе дојде самиот Господ, нека не најде како бдееме, а не како спиеме, и да не не укори нас, кажувајќи: Зарем не можевте еден час да останете будни со Мене? (Мт. 26, 40) А душевниот сон е немарноста и несеќавањето (заборавањето) на смртта.                                                          

Глава 4
  И во синагогата имаше еден човек обземен од нечист дух, и повика на сиот глас, (34) говорејќи: Што сакаш од нас Ти, Исусе Назареецу? Си дошол ли да не погубиш? Те знам кој си: Ти си Светец Божји. Кажувајќи те знам, злиот дух не го знаел Него вистински, туку говорел лицемерно. Но, и во тоа што право го кажал (зашто точно рекол: Ти си Светец Божји), Затоа, и кога тој изговара изреки од Писмата, Господ му се заканува говорејќи - а на грешникот му вели Бог: Зошто ги кажуваш напамет законите Мои? (Пс. 49, 16) Затоа самиот глас на Отецот кој објавува: Ова е мојот возљубен Син (Мт. 3, 17) и Ангелите кои му се клањаат и светителите кои пишуваа за Него, можат доволно да ги научат верните дека е Тој единствениот Син и Логос (Слово) Божјо. Но Аријанците, бидејќи немаат чисто разбирање и не можат да ги послушаат божествените мажи и богослови, нека макар и од на нив сличните бесови се научат дека овие не  прогласувале многумина за синови, туку знаејќи го Овој единствениот, говореле: Ти си Светец Божји и Син Божји. Зашто самиот оној кој ги наведе на ерес не рекол: Ти си еден од Светците Божји (кои се многу; туку вели: Ти си Светец Божји (затоа што Ти си еден (единствен). Затоа, сосема умесно овде е додаден член (). Зашто Тој е единствен свет по природа, а другите се свети како причесници (заедничари) Негови. Така, и самите делатели на лагата неретко принудени од очигледноста, и против своја волја сведочат за вистината. Зашто ниту демоните не извршувале дело на Евангелисти, туку, кога не можеле да гледаат во светлината на вистината, викале: Те знаеме кој си - Ти си Светец Божји.
Господ му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените Писма и слободата дарувана од Спасителот, не ни прилега да се учиме од ѓаволот, кој не го сочувал својот чин и скршнал во своите мисли.  


   Глава 8
 
  А Исус, кога го слушна тоа, му одговори и рече: Не плаши се, само верувај и ќе биде спасена! Кај оние кои Го повикуваат, Господ пред се бара да имаат вера. Така, на слепиот му вели: Веруваш ли дека можам да го направам тоа? (Мт. 9, 28), а и на бесниот, што го напаѓа нечист дух му говори: Ако веруваш, ќе оздравиш (Мк. 9, 23). А тоа Спасителот не го бара затоа што му е потребно содејствие со други, зашто Тој е Господ и дарител на вера, туку сака да ни покаже дека Тој не се придобива со молби од пристрасност (гледајќи кој е кој), туку ги услишува само верните, а воедно не советува да не примаме доброчинства без вера, и да не се лишуваме од нив поради неверие. Зашто Тој сака, дарувајќи ни благодат, таа и да остане, и лечејќи, оздравувањето да биде без сомневање. Така Тој однапред го предупредил раслабениот говорејќи: Ете, сега си здрав, не греши веќе  (Јн. 5, 14). И како што лекарот, доаѓајќи кај болните, ги прашува најпрвин дали сакаат да оздрават, за ако се води за нив грижа против нивна волја, поради противење на лекарската вештина, да не биде самото лекување бескорисно, така и Господ ги прашувал оние кои ги лечел, им давал благодат на оние кои верувале, за тие да можат со вера и да ја задржат благодатта, зашто верата е знак на душевно произволение (добра волја на душата). Затоа и кажува: само верувај и ќе биде спасена!

Глава 9

 А додека тие одеа по патот, некој Му рече: Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш. (58) А Исус му рече: Лисиците имаат легла, и птиците небесни гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони. Господ гледајќи дека овој книжник заколнувајќи се ветува дека ќе оди по Него, го говори тоа само на зборови, а го нема тоа на ум, и се предава на други мисли, го посрамува со разобличување и не го брка од Себе, како да го одвраќа од Себе, и не го залажуваат неговите зборови, како овој да не знае каков е Тој, туку како оној кој знае – го разобличува, и како оној кој вразумува – го исправува. Господ како да вели вака - никој кој се успокојува во бессловесното, не може да оди по Логосот (Словото), пријателот на бессловесните не е во состојба да Го прими Логосот (Словото), оној што фантазира за бессловесното е неспособен да стекне поимање за Логосот. И навистина, во самата дрскост на книжникот, може да се види знакот на неговата непромисленост и неукост. Зашто да ја беше познал силата на Логосот, тогаш никако не би создал за себе лажно сфаќање за духовниот Логос. И бидејќи е човек, не би се осмелил да се изедначи себе со недостижната (непоимливата) сила на Спасителот, говорејќи: Ќе врвам по тебе каде и да одиш. Зашто да се оди (врви) по Спасителот само затоа за да се слушне Неговото учење, е можно за човечката природа, но само по човекољубието на Спасителот; но да се споредува (изедначува) со Него и да се оди по Него секаде е невозможно и дрско од оној кој дава такво ветување, затоа што ние не можеме да пребиваме со Него Кој почива кај Отецот (со Отецот). И дали тоа го можат оние кои се од друга природа? Ние не можеме да Му бидеме сопатници на Секадеприсутниот затоа што Тој е бескраен, а ние сме ограничени; Тој е во сета вселена и надвор од неа, а ние во вселената  имаме состав (ипостас) во определена (утврдена)  мерка. И Господ неподвижно и не преместувајќи се (не преминувајќи) од едно место на друго, она што постои насекаде (по сите места) го става во движење и со се управува, а ние луѓето, преминувајќи (преместувајќи се) од она место од кое тргнуваме, со тоа напуштање на местото покажуваме колку сме мали во однос на неподвижната (непреодната) сеприсутност на Неговото Божество. Господ го поправа книжникот и во едното и во другото, ја изобличува Неговата неподготвеност за остварување на потфатот и го научува на величието на Своето Божество говорејќи: лисиците имаат легла и останатото. Тоа е исто како кога Тој би рекол - сите создадени суштества се ограничени и разделени меѓу себе со место, а Логосот Божји има неизмерна (неопфатна) сила; затоа не говори повеќе ,,ќе врвам по Тебе каде и да одиш”. А ако сакаш да станеш ученик, отфрли го бессловесното и пристапи Му на Логосот (Словото). Зашто оној кој останува во бессловесноста не може да стане ученик на Логосот.

Глава 13

 Со што да го споредам Царството Божјо?  Тоа е слично на квас кој го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето. Нека обрне внимание на ова секој кој се сомнева во кажаното, а имено дека човекот кој стекнал и мал квас на добродетел, макар и да не успеал да го олеботвори (да го направи леб), навистина имал таква намера, но не можел да ја оствари или поради безгрижност, или поради немарност, или поради недостаток на мажественост (храброст), и затоа што го одложувал тоа од ден за ден, нема да остане заборавен кај праведниот Судија кога ненадејно ќе биде затекнат и ожнеан; напротив, Бог по смртта на таквиот ќе ги поттикне неговите ближни, ќе ги насочи нивните мисли, ќе ги привлече нивните срца, ќе ги приклони душите, и тие потресени (подвигнати) од тоа ќе побрзаат да му подадат помош или потпора. И бидејќи Владиката ги допрел нивните срца, тие ќе ги надополнат недостатоците на оној кој заминал. А оној кој целиот прекриен со трња води лош живот, исполнет со секаква нечистотија, кој никогаш не доаѓа при себе, без страв и рамнодушно се потопува во смрдеата на сластољубието, исполнувајќи ја секоја телесна желба, ни најмалку не грижејќи се за душата, и целосно предавајќи се на телесниот начин на мислење, тој ако затекнат во таква состојба се пресели од животот, се разбира, никој нема да му подаде рака за помош, и неговиот удел ќе биде решен (одреден) така што ни жената, ни децата, ни браќата, ни роднините, ни пријателите ни најмалку нема да му помогнат, зашто Бог него нема да го вброи  во ништо.

 

http://preminportal.com.mk/content/view/3836/54/

 

Друго:

 

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная