логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Митрополит Антониј Сурошски

blum.jpgВо средиштето на христијанската проповед е – Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, верата, односно увереноста дека Христос, Кој умрел на Крстот, навистина воскреснал со Својата плот. Кај христијаните коишто се наоѓаат под влијание на философските тенденции на нашето време, значењето на тој настан речиси целосно се изгубило. Но, во почетокот, Христос бил во самиот центар, поточно, Самиот Тој бил апсолутен центар на христијанската вера. Доволно е да го погледнеме расказот за апостолите (Дела апостолски), потоа основното, првичното искуство на апостол Павле, за да ја доловиме разликата во пристапот што тие го имале и пристапот што нам денес ни е својствен.

Некои луѓе, макар што ја признаваат големата важност на Воскресението во искуството на апостолите, сепак го поставуваат прашањето: како може таквото апостолско искуство да има централно значење за нас – дали е доволно да им поверуваме на зборовите на другите луѓе, така што нашата вера да се базира на нешто што совршено не подлежи на проверка? И тука би сакал да го истакнам фактот дека од сите настани во светската историја, Воскресението на Господа поденакво му припаѓа на историското минато и на реалноста на денешнината. Христос, Кој умрел на Крстот во одреден ден, Кој во одреден ден воскреснал од гробот во Својата прославена човечка плот, како историски факт му припаѓа на минатото, но Христос, Кој еднаш воскреснал и Кој вечно живее во славата на Отецот, ì припаѓа на историјата на секој ден, на секој миг, зашто – како што Тој ни ветил – Тој сега живее и вечно ќе живее и ќе пребива со нас. И од таа гледна точка христијанското искуство по своја суштина е поврзан со Воскресението, зашто тоа е единствен настан опишан во Евангелието којшто може да се „провери“, единствен настан од Евангелието кој може да стане дел од нашето лично искуство. Сето друго – расказот за Неговото распнување, различни други настани за кои се зборува во Светото Писмо – го примивме преку Преданието, запишано или усно, но Воскресението го познаваме лично, а доколку не е така, тогаш ништо не знаеме за најсуштинските, основните факти на христијанскиот живот и на христијанската вера.  

Ако ова просто и несомнено тврдење предизвикува недоумение, ако бара да се постави прашањето: се наоѓате ли вие во христијанското искуство? – дотолку подобро. Затоа што сите ние стоиме пред судот на Светото Писмо, пред правдата Божја, но во тоа, всушност, е и суштинското, централно искуство, и надвор од него нема христијанство, надвор од него нашата вера не е претстава за она што не се гледа (Евреите 11:1), туку само начин да се прими туѓото сведоштво коешто не може да се провери, сведоштво коешто се заснова само на тоа дека некој рекол нешто неверојатно, и дека ние сме подготвени да го прифатиме тоа, макар што за тоа не постојат убедливи причини.  

Да се обратиме кон самиот настан на Воскресението и да си го поставиме прашањето зошто тој настан е толку централен, зошто апостол Павле можел да каже дека, „ако Христос не воскреснал, тогаш ние сме најбедните од сите луѓе, и празна е нашата вера“ (1 Коринтјаните 15:15, 19). И навистина, доколку Христос не воскреснал, тогаш нашата увереност, нашиот внатрешен живот, сета наша надеж – сето тоа е засновано на лага, на нешто што никогаш не било и што за ништо не може да послужи како основа.

Да погледнеме внимателно во Евангелието од гледна точка на односите коишто постоеле меѓу Господа и апостолите. Учениците му пришле на Христос – едни со акт на вера, дури може да се каже и преку чудото на верата, а други скептично: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ (Јован 1:46), минувајќи низ фази на колебање, сомневање и совршена покорност не само на учењето на Христос, туку и на Неговата Личност. Ги гледаме апостолите пред распнувањето како група за која може да се каже дека навистина е одвоена од светот, избрана: тие се – избрани и издвоени. Христос станал апсолутен центар на нивниот живот. Кога Христос им се обратил на Своите ученици и ги прашал дали сакаат да Го напуштат, Петар Му одговорил: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот“ (Јован 6:88). Во Тебе е она творечко, живототворно слово коешто го пренесува, го подарува вечниот живот, го приопштува вечниот живот. Гледаме група луѓе, собрани околу Оној, Кој Самиот е Вечен Живот, појавен во минливиот, временски свет, во свет во кој човечките гревови внесуваат смрт и пропадливост. И тие луѓе веќ не можат да постојат надвор од таквиот однос со Христос, не затоа што тие се поврзани со Него со пријателство, приврзаност, верност, туку затоа што во Него тие го доживуваат она искуство на вечниот живот којшто веќе пристигнал, искуство на ново мерење на животот, ново мерење на односите – онтолошко, суштинско. Тое не е просто повеличествен, побогат, поубав живот, полнота на живот: Христос им донел друг вид живот. 

И кога Христос умрел на Крстот, отфрлен, предаден од оној кој останал надвор од тој таинствен круг на љубов, надвор од таа тајна на Божествена љубов – лична, воплотена, активна, преобразувачка, работата не била во тоа што умрел пријател, водач, учител: сè е многу потрагично. Ако Христос и сето она што Тој бил, можело да умре на Крстот, тоа значи дека овечката омраза навистина е посилна од Божествената љубов. Божествената љубов му се претставила на човекот истовремено и како осудување и како безмерна надеж – и таа љубов е отфрлена. И со тоа отфрлање згаснал вечниот живот меѓу луѓето: вечниот живот веќе го нема, таа е избркана – а што му останува на човекот без неа? Тоа што секогаш било едл од човекот: полутемнина во која се бориме, одвоени од Христос, самраци во кои се помешале малку љубов, малку омраза и многу безразличност, полутемнина во која луѓето еден на друг си се туѓи, каде што односите не се цврсти, врските постојано се кинат, приврзаноста се урива, се расејува...

Но што се случило со оние што му припаѓале на внатрешниот круг, оние што бил едно со Христос, коишто искуствено спознале дека Живиот Бог е меѓу нив? Нив им преостанало единствено да го поднесуваат животот, да продолжат да постојат, но тие веќе не можеле да живеат. Тие го вкусиле вечниот живот, и минливиот, временски живот, чиј крај е распаѓање и смрт, станала сега само исчекување на последен, конечен пораз, одложено враќање во прав. Тоа веќе не можело да се нарече живот, тоа биле предворје на смртта. Така, кога Светото Писмо индиректно или директно ни говори дека во смртта на Христос сите ние умревме во онаа мера, во која сме Му се уподобиле, сме се соединиле со Него, и дека во Неговото Воскресение ние, заедно со него, се враќаме кон животот, тоа ни говори нешто сосема одредено и реално. Има нешто што ние не можеме да го восприемаме како онаа тагична тема којашто ги опфатила апостолите – не можеме од едноставна и очигледна причина што во Велики петок, колку и да се трудиме во мислите да се пренесеме во таа трагедија, ние точно знаеме дека за помалку од три дена веќе ќе го воспеваме Воскресението. Ние не можеме од мислите да го избришеме сознанието дека Христос воскреснал, не само затоа што тоа од година во година го доживуваме и што, едноставно, не можеме да го заборавиме, туку затоа што, како членови на телото Христово, како христијани вклучени во Христовата тајна, тајната на „севкупниот“ христос, односно тајната на Црквата, ние во себе го носиме тој вечен живот којшто сведочи за тоа дека мракот во Велики Петок веќе е победен, дека во нас веќе живее светлината, дека постои Живот, дека победата, макар и делумна, веќе е извојувана. И макар што сме опкружени со темнина на Великиот петок, ние не можеме апсолутно да заборавиме дека настапува Воскресението.

Но, за апостолите Велики петок бил последниот ден од неделата, последниот ден од нивниот претходен живот. За нив, наредниот ден, кој му претходел на Воскресението, бил полн со густа, непроѕирна темнина, претставувал време во кое Бог е мртов, во кое Бог е победен, во кое Бог е дефинитивно и апсолутно избркан од човековиот град.  

И ако се сеќавате за она што го зборував за еднаквоста која, согласно евангелскиот расказ, постепено се воспоставувала меѓу Христос и Неговите ученици, така што нивниот живот бил Негов живот, тие живееле и дејствувале во Него, тие сè гледале, восприемале и разбирале преку Него, тогаш ќе ви биде јасно дека Неговата смрт означувала не само целосен, дефинитивен мрак на Великиот петок, кој за нив бил последен ден на историјата, и бил и ден на нивната сосптвена смрт, зашто Животот бил одземен, и нив им преостанало само да постојат, но не и да живеат. На тој начин, станува јасно зошто за апостолите Воскресението означувало нешто совршено ново, нешто што било исклучителен настан.

Кога на третиот ден Христос им се јавил, влегувајќи низ затворена врата, првата нивна помисла била дека се работи за халуцинација, за дух (Лука 24:37). И Христос, како во сите случаи на Неговото појавување за кои зборува Евангелието, цврсто ги уверувал дека не е призрак, дека не е привид, дека навистина е присутен телесно меѓу нив. Тој јадел со нив. И станува јасно зошто првите Христови зборови биле зборови на утеха и на смирување: Мир вам! Тој им го носел мирот, одземен од нив со Неговата смрт, во која и тие умреле, Ги ослободува од крајната, безнадежна збунетост во која западнале, од оние самраци во кои било невозможно да се препознае животот, оној временски живот од кој била одземена вечноста. Тој им го дал ветениот мир, мир кој само Тој може да го даде, мир кој го превосходи секој ум, возобновување кон Животот, надвор од границите на секаков сомнеж, на секое колебање, во целосна увереност на луѓето кои, затоа што самите тие се живи, не можат да се посомневаат во самиот Живот.

Постои длабока разлика – која, според мене, треба да се истакне – меѓу тоа метафизичко воскресение на апостолите и воскресението на Лазар. Вие сигурно знаете дека Лазар, со моќен збор, бил повикан од гробот во кој лежел веќе четири дена. Лазар умрел со физичка смрт; апостолите физички биле живи. Но зборовите Христови, повикот кој го вратил Лазара меѓу живите на земјата, го вратиле во привремениот земен живот. Воскресението, што се случило во апостолите, како да се случило во рамките на Воскресението на самиот Христос, ги возобновило за вечен живот, кој веќе победоносно настапил, живот на идниот век кој настапил со дарувањето на Светиот Дух, со Воскресението Христово. Да, тие ќе умрат, ќе заспијат со „сонот на сета земја“, но ќе умрат без страв, нив нема да ги исплашат никакви опасности и никакво страдање нема да ги надвладее, да ги одвои од Христос, зашто животот за нив е – Христос, а смртта – стекнување. Физичката смрт, земното успивање, сон со кој ќе заспијат, ќе ги ослободи од ограничесноста, од земните ограничувања, и тие ќе се најдат во безграничноста и во полнотата на животот кој исходи од Бога, којшто ќе ги исполни и ќе ги преобрази. И нам ни станува јасно на кој начин тие апостоли, пред тоа исполнети со страв, веќе не се плашат од ништо: животот којшто ги исполнува, не бил времен живот, живот којшто може да им биде одземен, туку вечен живот од кој веќе никој не можел да ги лиши. 


Извадоци од беседата во Женева, на 30 март 1967 година.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная