логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ТРЕТ РАСКАЗ

Пред моето заминување од Иркутск, се навратив кај духовниот отец со кого бев имал духовни разговори и му реков:
— Еве ме наскоро на пат за Ерусалим;
дојдов да се поздравам и да ви заблагодарам за христијанската љубов кон мене, бедниот поклоник.
Тој ми рече:
— Бог нека го благослови твојот пат. Но ти ништо не ми раскажа за тебе, кој си и од каде доаѓаш. Слушнав многу приказни за твоите патувања; би сакал да го дознам твоето потекло и твојот живот до моментот кога си го започнал твојот скитнички живот.
— Ова ќе ви го раскажам со задоволство, му реков јас. Тоа не е долга историја.
— 
Животот на поклоникот
Роден сум во едно село во провинцијата Орел. По смртта на моите родители, ние останавме двајца, мојот постар брат и јас. Тој имаше десет години. Јас бев во мојата трета година. Нашиот дедо не зеде кај него за да не изгледа; тој беше чесен и богат старец, држеше гостилница на главниот пат и, бидејќи тој беше мошне добар, многу патници се запираа кај него. Значи, ние дојдовме да живееме кај него; брат ми беше мошне жив, цело време трчаше низ селото, а јас повеќе сакав да бидам крај мојот дедо. Во празнични денови не водеше во црква. а и дома често ја читаше Библијата, ете, оваа што ја имам со мене. Мојот брат порасна и почна да пие. Јас имав седум години; еден ден, бев легнат заедно со него на печката, тој ме турна и јас паднав. Си ја удрив левата рака и од тоа време не можам повеќе да се служам со неа, целата е исушена.
Дедото, гледајќи дека не ќе можам да ги работам полските работи, реши да ме научи да читам и, бидејќи немавме буквар, тој се послужи со оваа Библија: тој ми ги покажуваше буквите и ме тераше да ги изговарам зборовите, потоа да ги бележам буквите. Така, не знам како, од повторување по нзго, најпосле научив да читам. Подоцна, кога веќе тој не гледаше сосема јасно, ме тераше да ја читам Библијата гласно и ме исправаше. Кај нас често се задржуваше секретарот. Тој имаше убав ракопис, а никогаш да го видиш да пишува. Од самиот себе почнав да ги составувам зборовите по примерот на него. Тогаш тој ми покажа како се прави тоа, ми даде хартија, мастило и ми изостри перца. И така научив да пишувам. Мојот дедо беше задоволен од тоа и ми велеше:
— Така, Бог ти даде да го знаеш писмото, ти ќе бидеш човек. Благодари Му на Господа и моли се често.
Ние одевме во црквата за сите служби, а и дома често се молевме: често ме тераа да читам: „Господи, смилувај се на мене", а дедо ми и баба ми правеа поклони до земја, или пак клечеа на колена. Така стигнав до седумнаесет годишна возраст и баба ми умре. Дедото ми рече:
— Еве не без домаќинка во куќата, а како да се снајдеме без жена? Твојот постар брат не е за ништо, ќе те оженам.
Јас одбив, поради мојот физички недостаток, но дедо ми настојуваше и ме ожени со една добра и сериозна девојка. Таа имаше дваесет години. По една година, дедо ми се разболе и умре. Пред тоа тој ме повика, ми кажа збогум и ми рече:
— Ти ја оставам куќата и се што имам; живеј како што треба, не мами никого и моли Го Бога повеќе од се; од Него доаѓа се. Надевај се само на Бога, оди в'црква, читај ја Библијата и спомнувај си за нас во твоите молитви. Еве илјада рубли пари, чувај ги, не ги троши за ништо, но не биди скржав, давај им на питачите и на црквите Божји.
Тој умре и јас го погребав. Мојот брат беше љубоморен поради тоа што бев ја примил гостилницата во наследство; тој ми направи незгоди и непријателот го турна толку далеку што тој реши да ме убие. Една ноќ, додека спиевме и бидејќи немаше патници, тој влезе во собата со намирници и ја запали откако ги зел сите пари што беа во сандак. Ние се разбудивме кога целата куќа беше во пламен, и имавме време само да скокнеме низ прозорецот, такви какви што бевме. Ја имавме Библијата под перницата и ја зедовме со нас. Гледавме како гори нашата куќа и си велевме: Фала Богу! ја спасивме Библијата, ќе можеме барем да се тешиме во несреќата. Така сето наше богатство изгоре, а мојот брат исчезна од тој крај. Подоцна, откако се напил, се пофалил и ние дознавме дека тој ги однесол парите и ја запалил куќата.
Останавме голи и без ништо, вистински питачи; вака, така, со позајмување, подигнавме една мала колипка и живеевме како сиромашни ѓаволи. Мојата жена немаше соперник за предење, ткаење и плетење. Таа земаше порачка кај луѓето и работеше ден и ноќ за да ме прехрани. Поради мојата рака, не можев ни да плетам обувки од кора. Најчесто, таа предеше или ткаеше, а јас, седнат крај неа, ја читав Библијата. Таа слушаше и понекогаш почнуваше да плаче. Кога ќе ја прашав:
— Зошто плачеш? Ете, благодарение на Бога, се снаоѓаме некако, — таа одговараше:
— Јас сум возбудена бидејќи, во Библијата, тоа е толку добро напишано.
Се сеќававме и на дедовата препорака, често постевме, секое утро го читавме акатистот на Пресвета Богородица, а навечер секој од нас правеше многубројни по-нлони пред светите икони за да не паднеме во искушение. Вака мирно живеевме две години. Но чудна работа: ништо не знаевме за внатрешната молитва во срцето, не бевме ни чуле да се зборува за неа, се молевме само со јазикот, правевме поклони како неразумни, а сепак, желбата за молитва беше присутна. Оваа долга надворешна молитва не ни изгледаше тешка. Ние ја извршувавме со задоволство. Секако, имаше право оној учител кој ми рече еднаш дека внатре во човенот постои таинствена молитва за која ни самиот тој не знае како настанува, но таа го поттикнува секого да се моли според тоа како и колку умее.
По двегодишен ваков живот, мојата жена доби силна треска и, на деветтиот дењ таа умре, откако се причести. Јас останав сам, сосема сам, а не можев ништо да правам; не ми остануваше друго освен да одам низ светот и да питам, но се срамев да барам милостина; згора на се, бев толку несреќен мислејќи иа мојата жена што не знаев каде да се пикнам. Кога влегував во колибата и гледав некоја од нејзините облеки или нејзиниот шал за глава, почнував да липам и паѓав во бесвест. Живеејќи вака дома, не можев повеќе да ја поднесувам мојата болка, затоа ја продадов колибата за дваесет рубли, а мојата облека и облеката на мојата жена им ги разделив на сиромасите. Поради овој физички недостаток, ми дадоа дожизотен пасош, ја зедов со мене мојата мила Библија и тргнав, следејќи го погледот на моите очи.
Иога стигнав на патот, се прашав: Иаде да одам сега? Ие одам најнапред во Ииев, ќе се поклонам пред светителите Божји и ќе барам од нив да ми помогнат во мојата несреќа. Штом ја донесов оваа одлука, се почувствував  подобро  и  стигнав  во  Киев, раотоварен. Еве триесет години патувам без прекин; посетив многу цркви и манастири, но сега одам особено низ степите и полињата. Не знам дали Господ ќе ми дозволи да стигнам до светиот град Ерусалим. Ако е тоа Божја волја, би било време можеби таму да ги погребам моите грешни коски.
— А колку години имаш?
— Триесет и три години.
— Годините Христови!

(Продолжува)


Раскази на еден поклоник - Прв расказ
Расказ на еден поклоник - Втор расказ

Издавач : Преспанско - пелагониска епархија

 Raskazi.korica.jpg

(Битола, 1982)

Превел: протоѓакон Јован Таковски, проф.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная