логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot94

МЕЃУ ВИСТИНАТА И ДОБРОДЕТЕЛТА

Автор: Јоан Корнаракис

          Основен и суштински критериум за вистинитоста на духовниот живот на христијанинот секогаш била неговата врска — или, поточно, видот на врската — со овие две евангелски вредности: вистината и добродетелта.
Неоспорен е фактот дека секој свесен христијанин постојано се наоѓа меѓу вистината и добродетелта, зашто неговиот духовен живот претставува напор да се усогласи со двете основни заповеди:


а) „ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве направи слободни“, и
б) „бидете совршени, како што е совршен и вашиот Небесен Отец“.
    
             Всушност, во овие две заповеди е собрана целата содржина на Христовото Евангелие, зашто Вистината е Христос, и зашто совршенството во Евангелието значи дека христијанинот треба да достигне „до познавањето на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до полната возраст на Христовото совршенство“.
          Но проблемот на односот на христијанинот кон вистината и добродетелта станува егзистенцијален за неговиот духовен живот, односно се претвора во суштински критериум за вистинитоста на неговото христијанско самосознание. Зашто големата тешкотија при живеењето на овие две евангелски вредности се состои токму во тоа дали човекот има — или нема — потреба цврсто и непоколебливо да избере меѓу вистината и добродетелта, при што вистината станува основен критериум на автентичниот духовен живот.

Прашањето за односот на христијанинот кон вистината и добродетелта е разјаснето од самиот Господ и изложено со голема јасност, особено во параболата за фарисејот. Главната порака на оваа парабола, во однос на автентичноста на христијанското самосознание, е дека религиозниот човек на кого му недостасува смирение (а со тоа и вистинско самопознание), постојано се стреми кон добродетелта, зашто добродетелта најчесто претставува јавно и надворешно сведоштво — демонстрација — на совршенството, или барем на патот кон него.

Но прашањето што во овој миг сме должни да си го поставиме е: зошто религиозниот човек ја бара надворешната демонстрација на својата добродетел?

Современите сознанија за начинот на кој функционира човечката психа ни помагаат да разбереме дека човекот ја избира „добродетелта“ како главно доживување затоа што таа, до одреден степен, ги задоволува и ги потиснува длабоките психички потреби за самоутврдување и самооправдување — и пред себеси и пред барањата на општествената средина. Но во таков случај „добродетелта“ функционира како маска, зашто човечката психа ја користи како психолошка компензација за животните недостатоци и за празнините во односот на човекот со вистинскиот образ на самиот себе.
Тоа значи дека кога претставата за себеси не е задоволителна поради трауматични искуства поврзани со чувството на помала вредност и недоволност, психата реагира така што создава фиктивен образ за себе — образ што функционира како маска, како фасада. Оттука, „добродетелта“ како маска се користи за задоволување на психичките потреби за самоутврдување и општествено признание.
          Така фарисејот се повикува на своите надворешни добродетели: „постам двапати во неделата, давам десеток од сè што стекнувам“. Неговите религиозни добродетели ја сочинуваат религиозната маска што тој ја издигнува како знаме на превласт и величие над другите луѓе: „не сум како другите луѓе“.
             Од друга страна, давањето предност на „добродетелта“ неизбежно подразбира потиснување на вистината кон периферијата на личното и општественото сознание. Доколку „добродетелта“ победува во општествената сфера, тогаш јас ја избирам неа и ја поставувам во себе како главен компас на мојот живот. Но ваквото инсистирање на првенството на „добродетелта“ неминовно води кон изопачување или негирање на вистината.


Така се случува многумина од нас — инаку „добродетелни“ христијани — да постапуваат неправедно кон вистината: да ја користиме кога ни служи за поткрепа на нашата „добродетел“ (нашата фасада), на пример кога половина од вистината ни одговара; или да ја занемариме и отфрлиме кога почитта кон неа им наштетува на нашата фасада или на нашите интереси воопшто.


На прашањето: кон која од овие две вредности прво му припаѓа почитта — кон вистината или кон добродетелта, свети Максим Исповедник кратко забележува:
„Зашто не добродетелта е поради вистината, туку вистината е поради добродетелта.“


Потоа тој ги објаснува последиците од првенството на вистината или од првенството на добродетелта:
„Зашто оној што ја врши добродетелта заради вистината, не се ранува од стрелата на суетата.“

    Светоотечката аксиома — „Добродетелта се живее заради вистината, а не вистината заради добродетелта“ — е (и треба да биде) аголен камен на вистинитоста на нашето христијанско самосознание. Да се живее „во вистината“ значи борба, болка, солзи, тага, размислување и понижување, зашто вистината никогаш не се доживува без страдање и без крст.
Но добродетелта што не се раѓа и не произлегува од борбата и страдањето заради вистината е само суета и гордост — односно маска.
         Еве го нашиот проблем: кој е основниот критериум и мотив на нашите дела и на нашиот живот воопшто?
Вистината (Христос) или фантазијата за нашата сопствена надмоќ, по мерка на нашите слабости?

Всушност, во секој миг од нашиот живот ние се наоѓаме меѓу вистината и добродетелта.
Кој е нашиот прв избор?

Подготвил Симеон Стефковски

22.01.2026

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная