логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

      HRISTOS.so.narodot

ЛУЃЕ СО ВЕРА И ТРПЕНИЕ

                Има луѓе кои не се во манастир, ниту задолжително се клирици, но кои го имаат во себе Светиот Дух. Луѓе со вера и трпение, со радост и надеж, со чиста мисла и прозрачни души. Луѓе кои не те збунуваат, не те возмутуваат, не те помрачуваат, чувствуваш мир покрај нив и велиш: „Колку убав човек, колку убаво си поминав со него...“. Но, внимавајте, овие луѓе не се совршени.
Само Бог е совршен, никој друг. Тогаш кои се овие убави луѓе? Едно ништо, страдалници во животот кои силно го љубат Бога и кои Бог ги љуби. Човекољубиви души, полни со разбирање и љубов кон сите. Тие се такви луѓе кои со радост застануваат напред за да го преземат ударот, кога сите фрлаат камења по тебе.
          Божјиот Дух почива на човекот и прави дом кога ќе види смирение и едноставност. Тој се оддалечува од себичноста, сезнаењето, духовниот елитизам и фарисејството, односно од чувството дека не сум како другите луѓе и верници.
Кога еден човек ја има благодатта на Светиот Дух, ние го чувствуваме тоа без тој да направи или да каже нешто. Да не зборуваме дека тој што е свет - не го знае тоа. Да го знаеше тоа, немаше да биде свет туку ќе беше опрелестен. Божјиот човек има радост, светлина во душата, ти дава надеж и храброст со секој негов збор. Не те плаши и не ти се заканува со адот, сатаната и антихристот. Молитвата, смирението и безмолвието се плодови на Светиот Дух. Кога ќе осетиш збунетост и напнатост - тргни се.

 

HRISTOS.so.narodot2


             Со една таква личност, со една таква жена од мојата црковна парохија се простив пред неколку дена. Жена која се издигна над сопствената рана. Која не ја искористи нејзината болка за да биде сожалувана, ниту ги посребри клинците на нејзиниот крст со пофалби и аплаузи. Постојано распната, но во исто време и убава. Со насмевка на лицето, со добри и закрепнувачки зборови. Секоја средба со неа беше едно откровение, радост, светлина, насмевка, трпение и вера во Христа.
              Највпечатливото нешто што го доживеав беше кога ја посетив во нејзиниот дом во последните денови од нејзиниот живот. Таму бев сведок на една голема проповед - како човек со вера ја пресретнува смртта. Беше врзана за кревет во последен стадиум од сериозно канцерогено заболување. Колебливо влегов во нејзината соба. Вознемиреност, вкочанетост и болка ми ги оптоваруваа чекорите. Знаете , кога еден свештеник прави такви посети, тоа не е лесно, затоа што многупати добива прекорни коментари, реакции на болните или на роднините, тешки прашања за еден Бог кој „молчи“ и е „рамнодушен“: „Каде е Бог, оче?“, „Зошто не ги слуша нашите молитви? " итн. Па, и свештеникот е човек - станува тешко.

HRISTOS.so.narodot1


             Во случајот со оваа жена се случи следново прекрасно нешто. Наместо јас како свештеник да ја тешам, се случи спротивното - таа почна да ме теши и да ме советува. Таа ми зборуваше за вредноста на трпението и славословието кон Бога. „Оче мој, имам големи болки, но не ми пречат. Нека биде како што благоволил Бог, слава Му, како што сака Христос. Не се обременувај оче, се е во ред. Слава Тебе, Боже!“.
            Нормално, јас не зборував - што да кажам и зошто, кога Бог кажа сè.

 

Отец Харалампиј Пападопулос
Подготвил Симеон Стефковски


Извор Богоносци.бг

23.07.2024

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная