логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Во денешното либерално време се повеќе се шири учењето дека човекот може да се спаси со своите добри дела, а Спасителот наш Господ Исус Христос за христијаните е само образец и поучен пример за морално и духовно усовршување, но никако и Искупител на светот. Следи дека спасението е можно за луѓето од сите религии и конфесии, кои се трудат да постапуваат според гласот на својата совест. Во тоа учење споредено со православното богословие, не само да се заменети и поместени акцентите, туку се поткопани и основните на догмите. Христијаните секогаш верувале дека Бог го спасува човекот; а современите модернисти доследно и плански ја уфрлаат во свеста на верниците мислата, дека човекот се спасува самиот себеси, а Бог му дава вечен живот како задолжителна награда за постигнатиот труд.

Ако ги прашате современите христијани што е вечен живот и спасението, многумина ќе речат: тоа е рајски живот, тоа е место на убавина и вечна радост, каде се уништени секое зло и страдање, каде нема трулежност и нескладност, каде ништо не ја помрачува човечката душа, односно тоа  е место каде пребиваат Ангелите и Светиите и каде слегува Божеството со Својата неискажана светлост. На прв поглед тој одговор може да изгледа правилен, но реално овде е испуштено нешто многу важно, односно, дека Бог не го дава само Своето, иако и тоа е недостижно за човечкиот ум и ги надминува сите напори и подвизи, туку дава многу повеќе – се дава Самиот Себе и го прави човекот „бог по благодат“. Пред тоа дело, сите човечки дела се покажуваат како бесконечно мали. Господ вети дека ќе врати за делата на мислордие стократно, но Тој му го дава на христијанинот она, за кое нема споредби и претстави, она кое го надминува секое сфаќање и мера: се дава Самиот Себеси. За какви човечки заслуги може да се зборува овде? Кој може да го заслужи Бог? Како може да се здобие Бога како награда? Ако сите луѓе, ги спојат сите добри дела, тоа ќе биди помало дело од вечното спасение на една душа. Спасението е – мистична Тајна на љубовта на Бога кон човечката душа, а сè останато е потребно за тој позив за љубов, да биде слушнат и прифатен.

Трагедијата на современите христијани се состои во тоа, дека тие го бараат градот Божји, како свое законско наследство, но не го бараат Самиот Бог, како извор на вечниот живот. Нив им е несфатлив светоотечкиот збор „обожување“, нив им е несфатливо што значи да се стане „бог по благодат“. Не сфаќајќи го тоа, тие не го ни сакаат тоа. Тие го сакаат враќањето на изгубениот Рај, каде цветаат и мирисаат небесните цветови, каде нема старост и смрт, каде нема страдања. Но тајната на Овоплотениот Син Божји и слегувањето на Светиот Дух, Тајната на Искупувањето и Спасението – не е само враќање на човекот, паднатиот Адам во првосоздадената, безгрешна состојба, туку и пат на душата кон Бога, преку примање на Неговата божествена светлост, преку просветлување и озарување, преку влез во божествениот живот, пат на вечно и бесконечно богоуподобување – таа тајна за нашите современици, е како сокриена под превезот на магла.

На Крстот, Господ нас нè заменува со Себеси; Духот Свет ја подготвува човечката душа за нов живот. Спасението – е голем дар Божји, а современиот човек е приклонет на него да гледа како на нешто согласно и задолжително на човековото достоинство.

Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план и може да се види и визуелно).

Тајните на Црквата ја имаат за своја основа Искупителната Жртва на Христа Спасителот. Црквата е заснована на Неговата пречиста Крв. Господ, нè засака нас уште пред нашето создавање, исполни сè, за да ни ги дарува нас не само Своите неискажливи блага, туку и Самиот Себеси. Во спасените Тој го гледа одразот на Својот образ, Својата Божествена убавина; во спасените Тој пребива како во живи, бесмртни, неракотворни храмови. За нив Христос – е сè: живот и суштина на вечноста, почеток и бесконечен крај.

Без искупување и осветување, спасението е невозможно. Оние, кои зборуваат за спасение само преку добри дела, со самото тоа ставаат некаков знак на еднаквост помеѓу нив и даровите Божји. Добрите дела – се услов за пројавување на вера и љубов, затоа што љубовта кон Бога и луѓето е соединета една со друга. Човекот кој се надева дека ќе добие спасение за своите добри дела, наликува на сиромав човек, кој собирајќи неколку железни пари, се вообразува и мисли дека со нив може да купи царски дворец.

За спасение неопходно е обожение на човекот, кое почнува во земната Црква, преминува и продолжува во небесната, и никогаш не завршува. Само преку Крсната Христова Жртва и благодатта на Светиот Дух, која делува во Црквата, човекот може да го достигне своето вистинско предназначување во вечноста, односно да постане бог по благодат.

Извор: https://otacmilic.com

Превод од српски: Елена Стојановски

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/arhimandrit-rafail-karelin-dali-e-mozhno-da-se-spasime-samo-so-dobri-dela/

 

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная