логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Заштитничка и покров на хрисгијанскиот род

Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински молби пред својот Син, испросила милост за своите безбројни грешници, многу заблудени ги извела на вистински пат, на илјадници болни им го повратила здравјето, безброј луѓе ги избавила од опасности, многу нажалени утешила, ги охрабрила малодушните, омалаксаните ги поддржала и укрепила, и на сиот род човечки му измолила многу милости од Бога. Нејзините добри дела се безбројни и познати му се само на единиот Бог. Затоа ја славеле, ја слават и ќе ја слават сите човечки генерации, до крајот на вековите, како милосрдна Мајка која брзо нè услишува.


Покровителка и заштитничка на Света Гора Атонска
Пресвета Богородица покровителка и заштитничка на Света Гора Атонска

Кога апостолите по слегувањето на Светиот Дух врз нив се распрснале низ светот за да го проповедаат Евангелието Христово, посакала и Мајката Божја да и биде дадена област каде што и таа би проповедала. Имајќи ги предвид големите тешкотии кои се поврзани со службата на проповедниците, апостолите сакале да ја поштедат од таквите напори. Меѓутоа, Господ на чудесен начин и ја исполнил желбата на Неговата Мајка. Кога тргнала со брод во посета на воскреснатиот Лазар, кој бил епископ на островот Кипар, нејзиниот брод го зафатила бура и го однела во пристаништето на Света Гора Атонска, на којашто тогаш биле почитувани незнабожечки идоли. Кога таа со ногата стапнала на брегот, идолите во храмот испопаѓале, а демоните од нив објавиле дека во пристаништето стигнала Мајката на великиот Бог Исус. При тоа Господ Исус и открил дека Света Гора е нејзина држава, поверена на нејзината грижа и заштита. Таа својата грижа и заштита ја покажала во повеќе прилики.

Кога еднаш настанал глад во лаврата на свети Атанасиј, сите браќа се разотишле по свој пат. Потиштен и Атанасиј тргнал да бара друго место. На патот тој сретнал една жена, која го прашала каде оди. „Која си ти?“ ја прашал Атанасиј, зачуден што гледа жена на Света Гора, каде што на жените не им е дозволено да влегуваат. „Јас сум онаа на којашто ти и го посвети твојот манастир. Јас сум Мајката на твојот Господ“, му одговорила таа. – „Се плашам да ти поверувам, извикал Атанасиј, бидејќи и демонот може да се претвори во светол ангел. Со што ќе ме увериш во вистинитоста на твоите зборови?“ – „Удри во оваа карпа со твојот стап, и ќе разбереш која сум јас, што зборувам со тебе. Само знај дека јас засекогаш останувам икономиса на твојата лавра“, му одговорила светата Пречиста. Атанасиј удрил со стапот по карпата, и карпата се затресла и напукнала како од гром удрена, и од пукнатата карпа избил извор на вода. Исплашен, Атанасиј се свртел за да и се поклони на светата Пречиста, но таа веќе исчезнала. Тој се вратил во својата лавра, и, на свое огромно чудење, ги нашол сите амбари преполни со жито.


Пресвета Богородица и Св. Атанасиј

Му се јавила на едно болно девојче во Охрид. Во текот на зимата 1931 година, тешко се разболело девојчето на некоја бедна вдовица во Охрид. Цел месец не знаела ништо за себе и не изустила ниту збор. Секоја надеж за оздравување била изгубена. Тажната мајка веќе почнала да позајмува пари за да ја подготви за погреб. Една вечер мајката седела покрај постелата на болното дете и тивко плачела. Одеднаш, девојчето не отворајќи ги очите проговорило и рекло: „Не плачи, мамо, туку однеси ме утре во манастирот Калишта, па ќе оздравам. Тоа ми го кажа небесната Мајка, која е тука покрај мене!“ – Изненадената мајка сета затреперила. Утредента го однела девојчето во манастирот на света Богородица во Калишта, и ја вратила дома здрава.

Пресвета Богородица – пример за христијански добродетели. Таа е избран Божји сад, исполнет со сите добродетели: смирение, кротост, девственост, побожност, послушност, љубов кон Бога и кон сите Божји созданија. Затоа била удостоена со најголема чест: да послужи како мост помеѓу земјата и небото, како скала по која Бог ќе слезе на земјата и од неа ќе земе човечко тело и ќе се роди како човек. Таа за сите времиња останала пример за девствена чистота и на сите христијански добродетели, без кои невозможно е да се влезе во Царството небесно. Христијанските добродетели се облека на душата, која на душата и обезбедува влез во Христовото небесно царство.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная