логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СВЕТАТА ПРИЧЕСТ Е ТЕРМОМЕТАРОТ
НА НАШАТА ВЕРА

архим. Андреј Конанос

Кога ќе се приближиме за да се причестиме, мислам дека тоа е термометарот на нашата вера. Другпат сме велеле дека термометарот на нашата вера е молитвата, но сега велам, дека тоа е термометар во оној час – дали нашето срце ќе заигра? Молитвата е љубов кон Бога. Светата причест е љубов кон Господа, но нешто многу повозвишено, неспоредливо повозвишено, затоа што преку светата причест не земаме во нас некаква божествена сила, како што велат некои: „Да се причестиш за здравје!“ Добро е, но не земаме нешто магично во нас, а Самиот Господ влегува во нас. Нашето тело станува едно со Неговото, во нашите вени тече Христовата крв, нашето дишење и Неговото дишење е наше дишење. Постануваме едно со Него. Нашето битие се меша со Божјото битие, Христовиот живот постанува наш живот и нешто многу попоразувачко, кое покажува колку копнееме во оној момент да се причестиме со Христос. Тоа е целта на светата Литургија. Затоа се служи – за да се причестиме. И тие кои не се причестуваме, да ги гледаме оние кои се причестуваат и да се радуваме за нив и да „љубомориме“. Оној, кој не љубомори во часот во кој другите се причестуваат, тоа значи дека не ја осеќа светата Причест, нема осет за неа. Но, да љубомориме во добрата смисла на зборот, да речеме – ах, и јас сакам да се подвизувам, да се причестам, и јас да го направам тоа кое духовникот ми рече да го направам – да го поправам тој мој недостаток, кој ме држи далеку од Причеста и наредниот пат да се причестам. Доколку гледаш како другите се причестуваат, а тебе тоа не те интересира и едноставно велиш – „Колку е часот, оф уште колку? Ајде нека зврши!“ – тоа значи, дека Причеста не те трогнува.

Кога бев мал, многу сакав да гледам како другите се причестуваат. Кога ги гледав си велев на себе си, овие луѓе сеедно се приближуваат и го примаат Сонцето во себе си. Сонцето е едно, но сите го примаат тоа цело Сонце. Така и преку светата Причест целиот Господ влегува во нас, секој од нас не прима еден дел од Него, а целиот Христос, без разлика колкава е честичката која ни ја дава свештеникот.

И доколку можеме да го прашаме Господ – Господи, која е најголемата желба која ја имаш за нас? Што сакаш од нас? Кој е Твојот копнеж? Ако можевме да го отвориме срцето на Господ, да видиме каков копнеж крие, Христовиот копнеж мислам, дека ќе чуевме нешто слично. Желбата на Господ е да стане едно со нас. Мислам дека тоа ќе ни го кажаше.

Дете мое, она кое што го сакам повеќе од сѐ, е да се соединам со тебе. Затоа станав Човек, за да станам тоа што си ти. Затоа ја оставив светата Причест како дар, за да станеш и ти тоа, кое што сум Јас; да станеме двајцата едно.

Еве што вели Откровението, кое е многу повозвишено: „Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно“ (Откр. 3, 20). Но светата Причест, т.е. Вечерата, е соединување со Господ. Целостно се соединувме со Него и се поистоветуваме со Него.

Кога една жена во Евбеја отишла да се исповеда кај старецот Јаков, таа кажала сѐ, освен еден тежок грев кој го скрила. Старецот разбрал, но не ѝ рекол ништо. Се помолил Бог да ја просвети на Неговиот начин. Бог навистина ја просветил со чудо, за да ја разбере својата грешка, за тоа што го скрила гревот. Наското таа отишла во храмот, каде што бил старецот. Црквата била празна, но жената го видела олтарот отворен и врз светата Трпеза стоел еден многу убав човек со восхитувачки убаво лице. Таа се разгневила и му рекла:

- Што правиш таму? Седиш врз светата Трпеза? Слези брзо долу! Нели ти е срам, млад човек и седиш врз светата Трпеза? – продолжила да се гневи.

Тој млад Човек се свртел и многу смирено и кажал: А ти зошто не го кажа тој грев, кој го направи?

Тој и го кажал конкретниот грев, а таа се изумила и Му рекла: А ти од каде знаеш дека не го кажав тој грев, од каде ме познаваш? И кој си ти?

Тој и рекол: Јас сум Оној, кој пто утре ќе го примиш во себе си – ѝ рекол и исчезнал.

Самиот Господ ѝ се јавил и сеедно како да ѝ рекол: Јас сум Оној, кој ќе те судам, Јас сум Оној кој ти помогнав по било кое нешто, не ѝ рекол нешто друго, а ѝ зборел за врската со светата Причест. Зошто мислата на Христос е насочена натаму, натаму оди, дотаму сака да стигне сѐ, да станеме вистинити, подготвени да Го примиме во нас. „Јас сум Оној, Кој утре ќе го примиш во себе“. Како што можете да заклучите, таа жена се втурнала потоа кај старец Јаков и со плач во очите му го раскажала тоа што ѝ се случило, а потоа го раскажале и во манастирот и настанот е сега запишан во книгата за старец Јаков.

Еден свештеник ми раскажа нешто лично – тој работел претходно како хигиеничар во болница и еднаш побарал од управникот да го постави на спратот со пациентите кои не можеле да станат од леглото, за да се грижи за нив. Сакал да ги мие додека е млад, бидејќи некаде прочитал, дека доколку човек може да ги чисте и мие тие пациенти и има во својот дом стар човек и се грижи за него и го пресоблекува и т.н., и доколку ги допира неговите рани, тогаш тој ќе го допре и Бога. Оној кој може да допира болен, не се гнаси и не му е тешко да го прави, ќе го допре и Бог. Тој побарал од управникот на болницата да му ја направи таа услуга. И неговата молба била исполнета, бидејќи на некои од младите работници таму тоа им било проблем, им било тешко да го прават тоа, бидејќи не е лесно. Лесно е да речеме – но на дело е тешко да го направиме.

Така една вечер отишол на бдение, се причестил, и потоа се вратил во болницата и заминал да им ги смени алиштата на возрасните луѓе, да ги исчисти и да си тргне. Влегол во собата на еден дедо, кој имал отворени рани на грбот. Јас не знаев што представуваат отворени рани, но оваа година на Пасха на Света Гора видов еден старец, кој беше болен. Гледката беше страшна. Хигиеничарките секогаш користеле ракавици, но овој човек бидејќи се причестил – ништо не рекол и го исчистил. Тогаш дедото му рекол:

- Да те прашам нешто, дете мое. Беше ли на бдение?

- Да, дедо, бев и се вратив за да те исчистам и да бидеш убав и чист.

- Ти завидувам, затоа што отиде и се причести. Се причести, нели?

- Да!

- Ти завидувам, Би сакал и јас да можам да се причестам.

- Дедо, не се секирај, наредниот пат ќе ти донесам еден свештеник да те причести.

- Добро, ти благодарам!

Тој го исчистил, како и другите возрастини луѓе, кои имале потреба од тоа. Но, кај првиот дедо, додека му ја чистел устата, бидејќи во забите имал некава протеза си ја пресекол раката. Си ја избришал раката со памук, и бидејќи пред малку се причестил го ставил памукот во џебот, и си рекол, дека подоцна ќе го изгори. Се вратил кај првиот дедо да види дали е добро – но тој одново имал потреба од чистење. Дедото му рекол:

- Не ми пречи, дете мое, немој да ме чистиш, дојди утре, остави ме така.

- Ама што збориш дедо, ќе те исчистам, не ми пречи.

Тој го исчистил, го измил и додека го миел му ја допрел раката од каде одново течела крв. Му поминала низ умот идеја – „Што ќе се случи сега, ако го ставам мојот прст, од кој тече крв, - а денес се причестив – и доколку го прилепам во раната на дедото? Што ќе се случи, ќе се случи ли нешто? Штом Господ е во мене!“

И без да разбере дедото, тој ја ставил својата рака во неговата рана, ја притиснал лесно и продолжил да го чисти. Но, во тој момент дедото осетил како го облива сила и рекол: Еј, дете мое, како ме изми вториот пат?

- Како?

- Почуствував сила, чуствувам силно бодрење во мојата душа!

- Ах дедо, ако знаеш што ти направив. Друг ден ќе ти кажам зошто се чувствуваш така, нешто друго се случи.

Тој го допрел со својата рака, од која течела крв, во која била и Христовата крв. Тоа било едно чудо кое Господ го допуштил.

Светата Причест очистува, а не заразува. Како што и Светиот Дух нѐ очистува. Сеедно поставиваш на сонце нешто нечисто, но на сонцето не му се случува ништо. Напротив, ја очистува секоја сквернотија и нечистотија. Затоа, во една статистика се вели дека клириците се најдолголетните луѓе во светот. Ретко ќе видиш свештеник да умре млад, освен доколку Бог не го допушти тоа, но по правило умираат на многу поголема возраст. Тие постојано се причестуваат, постојано ја употребуваат светата Причест и живеат толку години што тоа логички и научно не може да се објасни. Ние, свештениците, не можеме да прашаме дали некој е болен од сида, ниту дали има раничка во устата, а ги причестуваме сите луѓе и потоа ја употребуваме светата Причест. Тоа докажува, дека светата Причест е Тајна над тајните и огромна тајна, која не сме ја прецениле правилно и како што треба. Старец Јаков некогаш имаше кажано, дека видел капка човечка крв во Причеста во моментот кога се причестувал, а друг пат видел зрак светлина како излегува од путирот и така разбрал дека луѓето кои се причестувале дека биле подготвени. Св. Андреј Критски, авторот на Великиот покаен канон, како мало дете не можел да говори, но оздравел и јазикот му се разврал по време на една св. Литургија, кога се причестил.

Св. Јован Кронштадски бил голем светител, правел многу чудеса преку светата Причест. Лекувал болни, со толкава мера им дава света Причест, што кога го примале Христос оздравувале. Но тој имал и огромна вера, како и самите христијани.

Нажалост, знаете ли на што личиме? – личиме на мали деца, кои си играат со дијаманти во рацете, но не знаат што држат. Ако ја одобротвориме светата Литургија и светата причест во нашиот живот, ќе го променевме и нашиот живот и дом.

Старецот Сампсон, руски старец, ги поучувал своите духовни чеда: „Кога одите да се причестите, молете го Бога за еден дар во оној час. Кога светата Причест ќе влезе во устата, помолете го Бога“ – и имајќи во предвид нешто духовно, тој ги советувал особено да се молат за дарот на молитвата. Бог да те научи да се молиш, да, друг му велел да го моли Бог да му го одземе инаетот, чревоугодието, да примиш смирение. Такви прозби, такви молби.

Негов пријател, кој не можел да се моли правилно, во часот кога го допрел Господовото Тело, за да се причести, започнал да се моли за тоа, и умот му се отворил. Во оној миг разбрал што е молитвата и почуствувал, дека духовно воскреснал. Одтогаш секој пат, кога гледал света Причест, го памтел тој дар и плачел од возбуда.

Тоа се чудата на светата Причест, кои сакам и ние да ги живееме во нашиот живот и да ги почувствуваме. Има луѓе кои го живеат тоа. На Света Гора ми кажаа за еден монах, кој откако се причестил, три дена потоа гледал светлина насекаде – во луѓето, во ќелијата, во трпезаријата. По само една причест. Друг човек откако се причестил со вера и благовение, не чувствувал со денови глад. Живеел сеедно бил презаситен, како тројцата апостоли на Тавор, кои рекле – „Господи да останеме тука“. Се чувствуваш толку убаво, што не осеќаш глад. Тоа е осетот за светата Причест. Но ние не се подготвуваме и затоа не чувствуваме многу работи, не сме подготвени во оној час да го доживееме. Кога вечерта некој седи и гледа телевизија, а потоа наутро оди да се причести, не може ништо да разбере. И наместо да каже: „Недостоен сум, а се причестив“ – вели – „И сега откако се причестив што се случи?“ Ама што да се случи? Како да се случи? Штом не си подготвен, не можеш ништо да почувствуваш.

Некои велат – Ми здосади светата Литургија. Но за да ти здосади нешто, треба прво да го доживееш и потоа да ти здосади. Ти што доживеа? Можеш ли некогаш да го доживееш апсолутното во апсолутна степен? Штом Литугијата е Христос – Христос ли ти здосади? Според тоа, не знаеш што правиш, не знаеш што зборуваш и никогаш не си го почуствувал Христос. Ако го почувствуваш, нема да ти здосади. Ангелите никогаш не престануваат да го воспеваат Бога, тие тоа го прават, рајот е една постојана Литургија. Светата Литургија се труди да ја разбуди нашата душа кон славословие кон Бога, ја тера душата да се сврти кон небесните нешта и да се угледува на ангелите, за кои се вели дека непрестано го славословат Бога, без никогаш да им здосади. Ангелите го слават Бога со истата желба, свежина, енергичност, восхит, како во оној прв момент и нивниот восхит постојано расте. Зошто? Затоа што постојано гледаат нешто ново во Бога. Бог им открива една нова страна од Својата светост. Една нова страна од Неговото величие, светлина, додава мир кон нивниот мир, љубов кон нивната љубов, ликување кон нивното ликување. Ангелите постојано се восхитуваат и кога ќе посакаат да го изразат својот восхит и да се зарадуваат на Бога, уште пред да се зарадуваат Бог им покажува нешто ново, уште повосхитувачко, се радуваат уште повеќе и тоа никогаш не завршува. Тоа ќе се сличи во вечниот живот, за каде некои прашуваат што ќе представува светата Литургија во рајот, како ќе живееме во рајот, како ќе бидеме таму – постојано ќе гп прославуваме Бога, зашто ќе гледаме нешто, на кое никогаш нема да му се наситиме, нема да има насит и крај. Ќе го гледаме Господ и Неговата љубов. Тоа се случува на Литургијата и секоја Литургија е различна. На еден начин ја чувствуваш кога твојата сопруга е во болнива, тогаш ќе упатиш друга молитва, на друг начин ќе те допре Евангелието, на друг начин ќе ја почувствуваш мајката која го загубила своето дете пред еден месец, таа ќе отиде да го чуе Евангелието во кое се раскажува како Господ го воскреснал синот на наинската вдовица; во таа година евангелието ќе ја потресе, затоа што осетила што значи да го загубиш своето дете. На друг начин ќе се почувствува оној , кој создал семејство и започнува семеен живот во светата Литургија, по друг начин едно дете се јавува на испити. Зависи и од нашата состојба. Тоа покажува, дека Божјото слово е живо и се случува еден дијалог во нашата душа, но тоа зависи многу од подготовката во нашиот живот.

Еден светител се молел вака: „Господи нека оживеат нашите срца за славословие кон Тебе, нека се разбудат!“

Еднаш кај старец Пајсиј отишол еден човек и старецот му рекол:

- Дете мое, душата ти е во летаргија. Треба да се разбуди за да можам да ти говорам и ти да ме разбереш, но треба прво да се разбудиш. Ќе си направиш духовно правило, ќе одиш редовно на црква, колку што се може повеќе, ако можеш три пати во месецот, а доколку можеш секоја недела, уште подобро. Ќе се отвори малку твојот ум, ќе се стиши твоето срце, потоа ќе дојдеш да ти поговорам и ќе ме разбереш. Сега и да ти зборам нема да ме разбереш, затоа што твојата душа живее во леност и во состојба на бесчувство, безделие, безразличност, не ги чувствуваш божествените нешта, дури и да ти ги кажам.

Некој друг човек кој имал многу проблеми отишол и му рекол:

Отче, имам таков и таков проблем, што да правам?

Старецот го прашал: Одиш ли на света Литургија?

- Не одам.

- Така, значи ќе одиш секоја недела.

- Добро, а за мојот проблем што ќе ми кажете? – тој сакал да ја смени темата.

- Тоа што ти реков ќе го направиш и ќе видиш. Ќе одиш на света Литургија.

- Да, но јас ги имам проблемите за кои ви реков!

- Направи го тоа и ќе видиш.

Тој си тргнал малку вознемирен од Света Гора, велејќи: „Поминав толку пат и накрај старец Пајсиј ми кажа нешто кое што го знам. Да одиш на црква! И што е тоа? Требаше старец Пајсиј да ми го каже? Но ќе го направам.“

Тој одел на црква и проблемите на неговото семејство и во работата се решавале. Тоа го изненадило. По година и пол видел, дека многу работи се средиле и отишол пак на Света Гора и тогаш старец Пајсиј го прашал:

- Одиш ли на црква како што ти реков?

- Одам отец, и сѐ се реши. Сакам да ми кажете како се случи тоа?

- Старецот му рекол: Дете, кога одиш на црква се помируваш со Бога, а кога ќе го направиш тоа, не разбираш ли, дека Он ќе ти ги подари сите блага на Авраам? Ти пред да дојдеш кај мене, немаше добра вркса со Бога и Му се противеше, беше далеку од Него. Јас ти го кажав коренот на работите – ако се помириш со Бога, сѐ друго едно по едно ќе се реши. Затоа работите се решија.

Нашето спасение е просто, тоа е до нас, до нашиот дом, Црквата е до нас, не е потребно да патуваме.

И за таа тема е потребно едно чудо, Господ да ја допре нашата душа, да не разбуди и да го засакаме и да закопнееме за Него. Кога на светата Литургија ќе почувствуваме поголема радост од секоја друга радост во нас, тоа значи, дека започнал „изгревот“ на нашата душа во другиот живот, започнуваме да го предвкусуваме, предвремено да го чувствуваме она кое ќе го живееме во вечноста. Се молам Бог од плотските луѓе, потопени во суетноста и фалшивоста на овој свет, да нѐ направи луѓе, кои да сме способни да ги засакаме вечните, неизменливи и тајни нешта.

Така, недоразбирањата за светата Литургија се решаваат на самата Литургија...

Превод:
о. м-р Дарко Милев

 

30.07.2018 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная