✤✣✤
"Лицемерниот, сѐ додека мисли дека не е откриен, спокоен е и молчи, задоволен е од славата што ја има пред луѓето, бидејќи им се претставува како праведен, но кога ќе го откријат каков е, тогаш почнува остро да ги прекорува другите, мислејќи на тој начин да го прикрие својот срам.
Светото писмо таквиот го споредува со змијски пород, го смета за лукав и го повикува да роди плодови достојни за покајание, односно сообразно со тоа да ја измени и скриената состојба на своето срце. (...) Со цел да му наштети на својот ближен, бидејќи е вистински волк, се облекува во овча кожа, за да ги прикрие своите злосторнички намери, таквиот се ползува со чесноста на другите и со нивните христијански чувства, ги уловува и ги проголтува, а потоа немилосрдно ги напаѓа и ги навредува другите. За ваквите луѓе пишува апостолот, нарекувајќи ги лажните браќа, што дојдоа и се привлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христа Исуса, за да не поробат (Гал. 2,4)."- Свети Максим Исповедник
Подготви:Т.С
13.10.2017