логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 




papa kuran

  Што се однесува на проблемот екуменизам, накратко би го споделил својот екуменистички опит.

Завршувајќи го факултетот, посакав да ја видам Европа, самиот да се отворам, да прошетам, да стекнам пријателства во сите агли на светот, да добијам пристап во најголемите библиотеки. Но, се разбира, не можев да добијам стажирање преку својот факултет, зашто местата во Свето-Сергиевскиот институт се даваа само на тие, кои што чистеа кај професорите и седеа со нивните деца, така што, јас успеав да го направам тоа само преку еден екуменистички фонд.
Како и да е, идеите на екуменистите се совпаѓаа со мојата наивна желба да се стапи во дијалог, да се отворам, да дознаам како размислува другиот. Јас мислев, дека само со дијалог и отвореност ние можеме да бидеме вистински христијани. Мене ме привлекуваше обединувањето на христијанските цркви во една христијанска црква, за на тој начин да им се удри шамар на јогистите, будистите, индусите, следбениците на New Age-от, кои постојано ме убедуваа дека христијанството – е изживеана религија, и како можат да се обратат во религија, која е разделена на толку цркви, кои спорат меѓу себе.


Christ - Hope of the World

Christ - Hope of the World

Тој екуменистички фонд ми предложи стажирање од една година. На нивните молитви тие „зборуваа на јазици“ што ме направи да си го поставам прашањето: тие католици се или пентакосталци? Забележав дека нивните храмови потсетуваат на њу-ејџевските: апстрактни симболи, статуи во африкански стил, експресионистични платна наместо икони. Нивните најнови храмови со њу-ејџевска архитектура се погодни само за антихристот да би се чувствувал удобно во нив. Ми се создаде таков впечаток, дека Католичката црква со децениското осовременување духовно и технички се подготви, за прием на антихристот.
Тие ми рекоа дека сакаат јас да останам православен, да не преминувам кај нив, туку секој од нас да се вдлабочува во својата религија, споделувајќи го својот религиозен опит. А јас сфатив дека тоа е невозможно, затоа што:
1) Тие на ништо не се поучуваа од Православието, дури не ги ни интересираше. Се обидував да им раскажам за Силуан, за Симеон Нов Богослов, за Станилое, но тоа не предизвикуваше интерес кај нив.
2) На нивните екуменистички средби со протестанти од секој ред, католиците и православните седеа за декорација, за да додадат тежина во репортажите: велат, погледнете, и православните се тука. Всушност, дијалогот го водеа протестантите и католиците, и моето мислење е следново: католиците денеска многу се опротестантија. Така што, денеска ефективното обединување на католиците со православните е уште помалку возможно, зашто католиците уште повеќе се оддалечија од нас. Во секој случај, тоа нив воопшто не ги загрижува;
3) Сретнав католици-традиционалисти, кои се придржуваат до католицизмот, кој бил до ΙΙ Ватикански собор. Тие многу се незадоволни од папата за њу-ејџевскиот дух, за скратувањето на Литургијата, новотариите, протестантизацијата. Какви се тогаш плодовите на екуменизмот, кога дури и старокатолиците се откажуваат од него? (И повеќето католици нив ги сметаат за „конзервативци, заостанати, фундаменталисти, тупи глупаци“);
4) Мене лично, екуменизмот не ми даде ништо, освен збунет дух на космополитизам, културни површни познанства со млади луѓе од различни религии и земји, познанства кои не се прелејаа во цврста христијанска дружба; таквите, со ист успех би можел да ги стекнам на интернет;


Далай Лама и католический свящ. Лоуренс Фримен, практикующий медитации
Далай Лама и католический свящ. Лоуренс Фримен, практикующий медитации

5) Со мене не се случи никакво духовно збогатување. Не се научив да се молам подобро. Екуменизмот не ме направи потолерантен. Не се открив за другите. Наместо тоа, почувствував опасност од синкретизам, растворување на Православието, оддалечување од сериозниот религиозен живот заради некаква синкретистичка религија, доста сомнителна и шарена;
6) Екуменизмот не изврши врз мене забележително влијание дури ни после една година експериментирање во еден екуменистички центар во странство. Но, врз другите православни романци, кои беа само површно запознаети со Православието, изврши. Тие не станаа подобри како православни, туку како екуменисти. Денеска ги подготвуваат за примање на њу-ејџот, и кога ќе се појави антихристот, тие ќе потрчаат кон него, како мувите на медот, зашто се подготвени за примање на неговите идеи;
7) Опасноста на екуменизмот се состои имено во тој њу-ејџ, кој ќе стане глобална религија на антихристот. Идеите на екуменизмот јас до скоро време ги наоѓав на интернет страницата на Мајтреја;
8) Како православен свештеник јас сфатив, од опитот на молитвата и мисионерството, дека само водењето на живот според Православието, дури до пролевање на сопствената крв (Евр. 12, 4) – е најсигурниот пат за избегнување на најразличните современи искушенија;
9) Треба да се чуваат православните канони, решенијата од Вселенските Собори, треба да се покажува послушание, не треба да се скратува Литургијата, да се воведуваат новотарии. Треба да бидеме современи само во откривањето на светоотечката ризница, треба да бидеме православни до маченичка жртва, ако има потреба. Не треба да се молиме со луѓето од други вери, зашто со тоа им даваме легитимност. Зашто како тогаш ќе им дадеме можност да преминат во Православие?
Би се обратиле ли во Православие Плакида (Дезеј), Оливие Клеман, Давид Хјустон, Серафим (Роуз), Калист (Вер), Питер Хилквист, ако не би велеле дека нивната религија е добра? А што ќе биде, ако Христос на Судот ги побара од нашите раце душите на тие кои ние сме ги оставиле во нивната вера, затоа што нас така нè учела идеата на екуменизмот? Павле не бил екуменист, светите отци исто така не биле. Излегува, дека ние сме попаметни од нив?
10) Јас сфатив дека мојата мисионерска сила беше ниска додека не ги чував православните норми до последниот услов, и според мерата на тоа колку почнав да се задлабочувам во дејственото Православие,мислите ми се зацврстуваа, срцето ми се просветуваше, а луѓето околу мене почнаа да ме разбираат и да приоѓаат кон Христос евхаристиски, сами започнуваа да се молат, да одат по патот на спасението;

vudu

11) Што ново може да донесе екуменизмот, што немало во Православието? Отвореност, сочувство, хармонија, трпеливост – постојат и во Православието. Опасностите пак на екуменизмот се неизбежни. Екуменизмот – е вратата, преку која антихристот ќе влезе во Црквата. Не залудно екуменизмот има масонско потекло.
Читав на сајтот на Мајтреја дека преку екуменизмот, тој сака во своето стадо да донесе православни „фундаменталисти“ кои, признава тој, ќе му создадат многу расправии, и околу третина од нив нема да го прими него. А кој ќе го прими? Не оние ли, што сметаат дека сите религии се добри, а следствено, логички, нивната сума – њу-ејџ – е подобра од сите, зашто ги содржи сите?!
12) А кој нема да го прими антихристот и неговата светска синкретистичка религија? Православните, како мене, кои ќе ги обвинуваат дека се „фундаменталисти“, „конзерватори“, „застарени“ „заостанати“, „талибанци“, „реакционери“, „терористи“.
Не чудете се. Тие гонења ќе послужат како оправдување на големото гонење, какво што немало и нема ни да има (Мт. 24, 21), со нив утрешното њу-ејџевско мноштво ќе се крене против православното малцинство, „кое тврдоглаво се противи на новото“….
Последно прашање до сите, екуменисти или не: ако јас не успевам да бидам добар православен, каде ќе најдам време да бидам уште и екуменист.
Не успевам вистински да се молам, не се молам колку што треба на ден, не читам патристика онолку колку што би сакал, не извршувам мисија како што би сакал, немам време за да бидам вистински православен, каков што би требало да бидам, тогаш зошто да губам време на екуменизмот?
А вие успевате во тоа? Поминувате по три-четири часа на ден во нерасеана молитва? Поминувате цела ноќ во молитва? Одите ли во болници, прифатилишта, домови за деца, затвори секоја недела, за да ја исполните заповедта од Господа, според која ќе биде суден светот? (Мт. 25, 34-46)

193725.p

Ги облековте ли голите, кои секој ден чепкаат во ѓубрето под прозорците на вашите многукатни домови, се погриживте ли за оние што спијат на градскиот асвалт, за оние кои се лишиле од домот и се населуваат на брегот на реката со мали деца?
Се боревте ли со моралното распаѓање на православните, се боревте со абортусов, пијанствата, развратот, сектите, против тоа да се тепаат жените, а децата на сред ноќ да се бркаат на улица, како резултат на што ѓаволот ја жнее својата жетва во стадото Христово и јаросно ги истребува православните?
Ги приведивте ли луѓето кон пламена вера со своите беседи, усилија, зборувајќи им за Христос во време и невреме? Се заинтересиравте ли кој во вашата улица се наоѓа во бедност, која многудетна мајка нема од што да живее и сака да се фрли од прозор, зашто ѝ се закануваат дека ќе ја исфрлат на улица и ќе ја продадат куќата?
Се боревте ли со неинформираноста на младите за окултизмот, источните религии, магионичарството, сатанизмот кои цветаат меѓу младите поколенија?
Ги положивте ли своите пари, компјутер, време, срце, живот за служење на Христос?
Се чувствувате ли дека сте тој добар и верен слуга, кого Владиката, кога дошол го пофалил и поставил над мнозина? (Мт. 25, 21) Или пак напротив, тој слуга кој се занимавал со животни грижи и ништо не направил за Преслаткиот Исус? Се чувствувате ли благословени, кои Он ги повикува во рајот (Мт. 25, 34), зашто Го баравте во затворите, прифатилиштата, болниците, домовите?
Ако одговорот е да, тогаш дојдете да ги обединиме своите сили и заедно да се бориме против сатанинската ентропија која војува со Православието, дојдете да го споделиме опитот, дојдете да размениме идеи, да се укрепиме еден со друг со молитва за сите, дојдете да станеме една душа и едно срце, – и Христос ќе нè укрепи и возљуби!
Ако пак не, тогаш дојдете да искупиме време, зашто времето е скратено и сатаната бара да нè сее (Еф. 5, 16; 1 Кор. 7, 29; Лк. 22, 31), дојдете да распространуваме брошури против алхохолизмот и абортусот, дојдете да мисионериме и да го облечеме бедниот и голиот, сиракот и вдовицата, да ја носиме благата православна вест онаму, каде што таа доаѓа со тешкотии: во бедните предградија, каде што развратот, сквернословието, крајната сиромаштија, пијанството, азарните игри, кражбите и веселбите предизвикуваат пустош.
Дојдете, топло да се помолиме еден за друг, како што нè учеше апостолот Јаков (Јак. 5, 16). Вие, мирјаните, давајте ни нам свештениците поменици од сите, за кои знаете дека се оддалечиле од љубовта Христова: за младите рамнодушни луѓе, за тврдоглавите старци, за пијаниците, неверниците, сиромашните, гонетите, затворените, несреќните, и ние ќе се молиме за нив на секоја Литургија.
Вие монасите, усрдно молете се за нас, спомнувајте ги нашите имиња додека читате Псалтир и на четириесетдневните литургии, поддржувајте нè во борбата со силите на злото, кои се наоружуваат на полето на невидливата борба со светот.
Ајде да ги поставиме на интернет книгите кои се од животна важност за православните христијани, а кои не доаѓаат до бедните луѓе, зашто немаат ни за храна, и бесплатно да им даваме извадоци од нив!
Дадете пристап до своите информациони ресурси на огромната маса млаки православни луѓе и бесплатно распространувајте акатисти, молитви, текстови од светите отци испечатени на принтер!
Секоја недела собирајте од своите милосрдни пријатели продукти за храна и стара облека и барајте деца, кои избегале од дома и преноќуваат по парковите и плажите, и принесете им ја својата насмевка, и солза, и молитва, и храна, и облека, и Христос!
Организирајте се во групи во секој град и барајте го Христос во сечие страдање, во сечија мака, во секоја непозната солза на соседот и непознатиот сопатник кој ќе го сретнеме на патот!
Организирајте молитвени вечери во своите домови – час, кога би читале житија на светиите, стари молитви од Никодим Светогорец, би пееле причасни стихови и рождественски песни, би гледале филмови за Света Гора Атон, би слушале проповеди на големи духовници. Нека дојдат таму и вашите другари и младината од зградата наспроти, за и тие да ја откријат за себе убавината на Православието и повеќе да не одат во дискотека, рокотека и попсотека!
Земајте ги децата од детските домови и водете ги во парк да си поиграат, испејте им божиќни песни, дајте им по неколку пирошки, кои ви останале после Божиќ, кога веќе сте се наситиле!
Заинтересирајте се, каде е вдовицата која нема никого и и се заканува опасност да умре од глад и да нема кој да ѝ запали свеќа. Побарајте го оној работник, кој останал без куќа затоа што не можел да плати, и сега спие под отворено небо и пие, „за да се згрее“.
Постојат луѓе, кои сметаат, дека денеска Црквата не треба да гради сиропиталишта и домови, туку дека тоа треба да го прави државата. Таа и не мора да го прави тоа! Тоа и не е потребно! Но да се побара оној кој страда, да се утеши, да му се помогне во страдањата и осаменоста – од нас тоа го бара Христос. И тоа ќе биде тој критериум, според кој ќе се суди на Судот (Мт. 25, 31-46).
Мои драги братчиња и сестрички, тогаш ќе ја чувствувате Литургијата ангелски, ќе се молите со сила, ќе го вознесувате своето срце до небото и назад, и ќе се отвори вашето срце за секоја болка во светот, и ќе сочувствувате на секое страдање на светот кое се разбива на брегот Божји.
Постојат луѓе кои што велат, дека човек треба само да се моли. А јас велам, дека отпрвин треба да се помолиме, а потоа да излеземе и да бараме несреќни, ако сакаме Бог да ја услиши нашата молитва. Еве што вели отец Арсениј (Бока):
„Човекот, кој може да прави добро и не го прави тоа – е ништожно суштество. Без милостиња, самата молитва е бесплодна. Со каква надеж ќе му се молиш на Бога, кога не ги слушаш прозбите на бедните луѓе? Како ќе просиш со верните во храмот: „Подај Господи“, кога самиот не им даваш на бедните, иако можеш да им помогнеш? Со каква уста ќе кажеш: „Услиши ме Господи“, кога самиот не го слушаш бедниот, а поточно – Христос, Кој те повикува преку бедниот?
Како што се однесуваме кон ближниот, така и Христос ќе се однесува кон нас. Го презре ли бедниот? И Бог ќе те презри тебе. Не му отвори на оној што тропа? И тебе нема да ти се отворат вратите на Царството Божјо. Не ги слушаше воздишките на оној што се мачи? Нема да биде услишан ни плачот на молитвата твоја“.
И така, отпрвин молитвата нè укрепува за правење добро, а доброто – е сладок плод на молитвата.
Ете, тоа е вистинска отвореност за светот, а не екуменизмот; тоа е вистинска толерантност, при која ти остануваш православен и се задлабочуваш во Православието, жртвувајќи го сето свое време, пари и сили заради Христос, додека не започнеш да Го љубиш толку силно, што ќе бидеш спремен и животот да го дадеш за Него!
А никој не може да има поголема љубов од таа, животот да го положи за Христос (Јн. 15, 13).
Тогаш ќе бидеме подготвени, храбро да го сретнеме доаѓањето на антихристот, како достојни воини на Небесниот Христос во борбата со силите на злото.
Тогаш ќе заслужиме да се нарекуваме луѓе, православни, христијани, следбеници на Христа!
Ако пак не, антихристот ќе нè избрише од историската цена, како виорот непотребните лисја.
Погрижете се! Извршувајте ја мисијата, додека сеуште можете, зашто доаѓа темнина, кога веќе никој нема да може да ги твори делата на светлината (Јн. 12, 35).
Мисионерете, додека сеуште можете! Правете добри дела, додека уште ви е дозволено! Борете се за Христос денеска, кога сеуште не ја бараат вашата крв, за да останете христијани!
Да ни помогне Бог Троица да поминеме преку тие искушенија.
Да се молиме еден за друг!
Испратете ми ги вашите имиња и имињата на вашите пријатели кои страдаат, и ќе се молам за вас постојано, и ќе им раздадам на сите свештеници наоколу, кои се борат заради Христос!
Обединете се во градовите и состанувајте се, за да бидете посилни во добродетелта! Многу е тешко сам, полесно е заедно; зашто каде се двајца или тројца собрани во името Христово, таму е и Христос меѓу нив (Мт. 18, 20).
Мараната! Дојди Господи! (1 Кор. 16, 22; Откр. 22, 20).
Или сите нека влезат во рај, или никој во пекол, како што велел Пајсиј Светогорец!
Да се спасите, браќа и сестри во Христа!

chilia-daniil-sihastrul-23

Свештеник Даниил од Сату Маре (Sfantul Daniil Sihastul)

Извор: http://www.pravoslavie.ru/orthodoxchurches/76079.htm
екуменизам

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная