Едно божиќно утро, еден свештеник појде на литургија во црквата. Таму веќе го чекаа верници од градчето. Отецот во раката носеше празен рѓосан кафез. Го остави на подот и им се обрати на присутните.Да ви раскажам една случка. Вчера, одејќи кон дома, сретнав едно дете. Во рацете го имаше овој кафез, а во него, три измрзнати полски врапци. Го сопрев и го прашав: - Дете, што планираш да правиш со овие кутри птици.
- Ништо бе оче, малку да се забавувам, ќе им ги искубам предувите, ќе ги оставам гладни неколку дена и кога ќе почнат меѓусебе да се убиваат, мртвите ќе ги дадам на мојата мачка. Она обожава пилиња.
- Колку бараш за нив?
- 1000 денари, ми рече, со потсмев.
- Па тоа е разумен компромис, ДОГОВОРЕНО.
Извадив и му дадов. Ги земав пилињата, појдов до првото дрво и ги ослободив ...
Потоа отецот почна со проповедта.Браќа и сестри, еден ден сатаната излезе пресреќен од едемската градина. Го сретна Исус и му рече:
-Да знаеш што сум им направил на луѓено? Ги насамарив со трик кој знаев дека ќе ми успее. Ги свртев еден против друг. Ги натерав на грев. Ќе ги научам да се мразат, да се лажат, да се убиваат меѓусебно. Откако ќе ми здосадат, сите до еден ќе ги убијам.
- Колку бараш за нив, - праша Исус.
- Целата твоја крв, сите твои солзи и на крајот, твојот живот.
- ДОГОВОРЕНО ...
Извор:
10.06.2011