Името на Македонија главен адут
По Солунскиот митрополит Антимус уште еден грчки Архиереј влезе во антимакедонската кампања. Митрополитот од Галабрите, Амбросиус, идентично како и Антимус, пред грчките верници изјавил дека Македонја е грчка и дека нема ништо лошо во тоа што грчките владици покажуваат национализам кога во прашање бил националниот идентитет.
-Митрополитот од Солун постапи сосема исправно. Граѓаните на Скопје се уште ги користат придобивките на манастирите од регионот на Битола, иако тие се дел од грчка територија, изјавил митрополитот Амбросиус.
Овие последни испади на грчките владици со вакви националистички изјави, кои немаа никаква врска со религијата, доаѓаат во период кога Грчката православна црква се наоѓа во сериозни внатрешни проблеми, поради подовеноста на грчките владици околу потребата да се избере нов грчки Архиепископ, бидејќи здравјето на актуелниот Архиепископ Христодулус е сериозно нарушено.
Црковни извори ваквите изјави на грчките владици ги коментираат како популистички во претстојната трка за избор на нов Поглавар на ГПЦ.
-Тое е изјава со милитантен популизам а во насока на кокетирање со емоциите на грчкиот народ и тоа во период кога во круговите на грчките архиереи се погласно се зборува за тоа кој ќе го наследи тешко болниот атински и на цела Грција архиепископ Христодул, велат црковни извори. Познавачите на состојбите коментираат дека ако досега се сметаше дека во битката со името ќе се вклучат само архиереи од Северна Грција и од таканаречените Неес Хорес или "Нови земји" кои важат за добро упатени во темата за македонскиот проблем, изјавата на Амвросиј чија епархија е на југот од еладската земја би била своевидно изненадување и исклучок само за оние на кои не им се познати неговите аспирации за освојување на тронот на еладската црква.
За овој архиереј, велат нашите извори некогашен собрат на актуелниот архиепископ Христодул уште како член на братството Зоодохо пиги (Живоносен источник) велат дека чекал згодна прилика да застане на кормилото на Грчката црква.
Еден од помладите членови на Синодот на Македонската Православна Црква за кого изјавите на грчките митрополити Антим и Амвросиј се несреќни и жални вели: "За жал во нивните изјави триумфира духот на елинизмот кој како надмен и супериорен го субординира и го подвластува духот на ортодоксноста т.е православието".
Марјан Николовски