Денес нека се веселат ангелските чинови, со песни нека ликуваат потомците Адамови, зашто се роди Жезолот, кој Го израсна Цветот - единствениот Христос, нашиот Избавител.
Денес, со твоето раѓање (Дево), Ева се разрешува од осудата, се разрешува и неплодството, и Адам од древната клетва, зашто, преку тебе, се избавивме од распадливоста.
Слава Ти Тебе, Кој денес ја прослави неплодната (Ана), зашто го роди секогаш расцутениот жезол, од кого, според ветувањето, процвета Христос, Цветот на нашиот живот.
Троичен: Слава Ти, Отче Свети, нероден Боже! Слава Ти, безвремен и Единороден Сине, Слава Ти, божествен и сопрестолен Духу, Кој произлегуваш од Отецот, и во Синот почиваш.