Започна Недела на православната книга, која се одржува во Варна, во деновите од 7 до 13 септември. Книги, главно од бугарски автори ќе бидат претставени оваа година, објавија организаторите од Варна и Великопреславска митрополија на прес-конференција.
По традиција, литературата ќе биде изложена на базарОТ пред храмот "Свети Николај Чудотворец", а ако времето не дозволува - во припратата на црквата. Темата на Единаесеттото издание на семинарот е "Карактер, принципи, цели и содржина на обуката по предметот религија-православие, и на нАравственото образование - хуманитарен профил ". Со предавања и свои изданија од странство ќе учествуваат митрополит на Чешка и Словачка Христофор, Струмички Митрополит Наум од Македонија, архимандрит Макарий Веретенников - шеф на диригентска школа на Московската духовна академија, како и популарниот писател и музичар Клаус Кенет од Германија.
Во првиот ден митрополит Кирил претстави второто и дополнето издание на "Подвиг на Болјарино полковник Николај Киреев и Ослободувањето на Бугарија", а отец Теодор Стојчев - "Значењето на крстот Христов во пораката на св Апостол Павле до Галатјаните.
Повеќе од 10, се книгите за кои ќе се зборува пред публика во Варна- секоја вечер од 18 часот во пленарната сала на општината. Меѓу нив се и новите наслови на издавачката куќа "Омофор", "Добротолюбие", "Синтагма".
Во среда ќе биде отворена документарна изложба "Светите царски маченици - семејство Романови", а во петок ќе биде прожектиран и филмот за цар Николај II. Организатори на Меѓународниот форум се од Варна и Великопреславска св митрополија, Балканскиот православен младински сојуз, општина Варна и духовнопросветния центар "Свети Архангел Михаил".