ВЕТУВАЊЕ
30/04/2020
Не остави штурци да шепотат
за слава на бесмртен –
зад неа погледни
повик кон ветување на земен,
ум над магла да подигни
во времето беше испратен.
Збир на средби ли натокми
кога за рака ме поведе,
да ме запознаеш со пријатели,
твои и Господови, о Кипријане.
Благослов на Пресветата
добиен од Духот на вистината,
искован пред да се роди мислата
стаса до мене пред да пукне зората.
Ветување во окно падна
да не го виде минливоста,
но во срце на ближен застана
за да се насладува душата.
Ќе ме видиш на патеката
каде мечти нема љубовта,
мене и децата
кои ги поведе радоста.
Раце ќе подигнеме
како ангели во возход кон Бога,
клепки нема да спуштеме
пред милината која доаѓа.
Бисери ќе бидеме
на ревер Која го носи Пресветата,
души живи за вечна беседа
со тебе кој ни ја откри патеката.
Ветување во четврток
време кое го скокна и петокот,
ден нов во себе зачнува
во денот прв од неделата,
каде нѐ чекаш на Литургија
која не завршува ни во вечноста.
Итаме, итаме,
а ти радувај се Кипријане !
Поезија од сестринството на манастирот
Друго:
Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје,
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?
Еднаш порти ми отвори
во твој предел монах молитва сотвори,
зад мене одамна се затвори
СРЕШТА
Друго: