СРЕШТА
18/12/2019
Низ прозорецот во ноќта,
низ двогледот на денот,
низ маглата на сонцето,
низ сенката на морето.
Преку отворите на умот,
преку врвот на рамењата,
се барав себе самиот -
ги слушав туѓите лелекања.
Тешко сфаќав и разбирав,
тешко гледав, а камоли прогледував,
постојано се вџашував,
само немо во себе пропаѓав.
Се прашував и одговарав,
си шепотев и слушав,
се сакав и мразев
на ништо не пазев -
Се додека не Те сретнав Тебе ...
Од стихозбирката Манастирски води - Лебедот
сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго:
Друго: