Духот
шеста мисла
Како некој да се накашла
Звук до мене пристигна,
]е помислев да не е шала
Или прамен коса в око влета.
Поштеди, поштеди,
Поштеди од зборови,
Дарувај слова неми
Сокриени во ноќи светли.
Воздишки подарени
Ум поштеден од дигалки,
Од крила темни потемнети
Од горделиви водоскоци.
Рака на рамо пак постави
Макар чекор и да ме одмини,
Погледни на колена свиени
Ноѕе испуштени.
Замреност не во сивила
Туку благодарни лик одлика
Што ли ке беше
Или можеше да биде –
]е се случеше,
А можеби ќе ме одминеше.
Духу на вистината
Несправедлив во правдата,
Тешко на нас ако се испочитува
Казната за невистината.
Затоа, затоа
Правдата, затоа е небесна,
Е насекаде и сé исполнува,
Сé простува, на сé се надева.
Само едно останува –
Здивот што се придвижува
Има извор во Љубовта.
Духу на вистината
Дар испратен, неподарен ….
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: