логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светото Евангелието од првата,
по Божја промисла,
се враќа во рацете на последната генерација владетели


Во врска со библиотеката на руското царско семејство и нивната преголема љубов кон книгите, располагаме со следниве податоци. Во Александрискиот дворец, каде од 1905 г. императорското семејство живеело постојано, имало 18.000 книги, а се чувале во четири соби, кои биле дел од семејната библиотека, а повеќе од 6.000 поединечни книги царот и неговата сопруга имале во нивните станбени и официјални (државни) престојувалишта. Всушност, според очевидците книги имало насекаде, во сите соби низ дворците. Сите поединечно читале, но понекогаш, во доцните ноќни часови, како што знаеме од старите руски романи, царот читал на глас додека женскиот пол се занимавал со ракоделие. Потврдено е дека често се читале делата на светите Отци; книгите биле најчест поклон за празниците Божик, Велигден, и најчесто тоа било духовна литература. Следниов податок, пак, ни укажува за многу поголемиот број книги во библиотеката на царското семејство. Имено, во 1917 г. таа содржела повеќе од 70.000 томови книги. Станува збор за книги кои биле дел од личните библиотеки на генерции и генерации цареви. „Големиот Јарослав Мудриот сакаше книги, често ги читаа и дење и ноќе; собра многу препишувачи и им нареди да преведуваат книги од грчки на словенски“. Во 1941 г. Германците присвојуваат околу 39.000 томови, а по војната делумно, односно 8.746, биле вратени во Русија. Останатите се враќаат преку најразлични канали и агенции.

Во 2000 г. во Државниот музеј „Царско село“ се појавува еден куп книги од Германија – околу 4.000 томови, кои потекнувале од Царската спомен - библиотека. Веднаш привлекла внимание една книга завиткана во германски весник од 1946 г. – станува збор за книга од 17. век, поточно Евангелие од 1627 г. Оваа книга била отпечатена во Московската печатница и несомнено претставува многу ретко и уникатно издание, бидејќи Евангелието како богослужбена книга често се користи и брзо се оштетува.
За годината на потекло се дознава од оставениот запис со кириличен полуустав, кој потекнува од пред близу 400 години, поточно од 1627 г., а е напишан од раката на игумен Михеј. Од записот дознаваме дека книгата била со црн повез. Тој денес веќе е светло син, страниците наместа и по самите агли се оштетени од восок, дрвените корици се нагризани од црви, но ова не е ништо со оглед на тоа што книгата не е реставрирана, а што укажува, пак, на фактот дека била добро чувана. Од записот, исто така, дознаваме дека книгата била подарок за манастирот „Благовештение“ од страна на „христољубивата велика старица, монахиња Марта Ивановна“, во потстриг Ксенија, мајката на првиот цар од семејството Романови – Михаил. Таа Евангелието го дава како дар поради долгоочекуваната рожба (ќерка) на својот син.   

Евангелието на себе има неколку гравури, изработени од познатиот руски иконописец Прокопиј Чирин, за кои експертите велат дека се прекрасно изработени. Во средината е Распетието.
Во сите каталози од царската библиотека не е забележано Евангелието. Но, вистинското прашање е: како тоа повторно дошло во семејството?
Во март 1916 г. царицата Александра побарала од еден свој близок соработник да најде некои антиквитети, за подарок од неа до својот брачен другар (царот), за празникот Велигден. Меѓу повеќето предмети, таа тогаш го избрала Евангелието, кое ја привлекло со својот изглед и со историската вредност. Подоцна, од блиска личност на семејството, се дознава дека во следните 2 последни години од животот на владетелот овде на земјата, Евангелието имало посебно место во кабинетот на царот Николај, како скапоцена семејна реликвија, која му служела како секојдневен прирачник: Евангелието стоело веднаш до бронзената биста на царот Михаил.

 Царот Николај не се делел од Евангелието, кое, по Божја промисла, го добил непосредно пред неговото маченичко страдање ... Со оваа книга се затвора кругот! „Уникатното Евангелие како со невидлив конец да го поврза почетокот и крајот (на владеењето) на царското семејство Романови“.

Извор: Православен пат бр.37



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная