логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Митрополит Струмички г. Наум:

Имајте вера во Бог. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: Дигни се и фрли се в море! и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
        Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
(Марко 11, 23–24)

        Вистинити се овие Господови зборови, деца, што пред малку ги прочитавме, но сѐ си има свој ред. На пример, ова слово во сила е разбирливо само ако се прочита во контекст на целото евангелско учење Христово. Уште поразбирливо станува ако се живее и објасни во рамките на секој од степените на духовниот развој низ кои неопходно треба да поминеме. Секако, најразбирливо ќе стане доколку потполно се оствари во нашиот живот преку нашите дела. Едно е да знаеш во кој правец е целта, друго е да ја гледаш целта во далечината, а трето е да стигнеш на самата цел. Едно е вера и доверба во Бог, друго е знаење од просветление, а трето е совршена заедница со Него. Како што вели светиот апостол Павле: Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат (1 Кор. 13, 12).
        Двете спомнати добродетели, верата и молитвата, треба да бидат правилно објаснети и сфатени ако сакаме да ја разбереме пораката Господова од ова евангелско четиво. Најпрво ќе збориме за еден конкретен аспект на молитвата, а потоа и за самата вера. Што се однесува до молитвата треба да видиме што точно значи тоа ‘сѐ што ќе побарате’...
        Во контекст на целото Евангелие Христово, во суштина, молитвата никогаш не се сфаќа како барање туку како давање. Оној што молитвата ја сфаќа како некакво барање, уште не сфатил во Кого верува и Кого бара. Ние во молитвата Го бараме само Него, но можеме да Го најдеме и добиеме само ако потполно Му се дадеме. Така, ако молитвата не ја сфатиме како потполно давање никогаш нема да Го добиеме Оној што веќе сѐ ни дал, пред сѐ потполно Самиот Себе. Светиот Дух и полнотата на благодатта ги добиваме во нашите срца уште од часот на светото Крштение и првата Причест. Како давање на Бога, како славословие треба да го сфатиме и севкупниот наш живот, постоење и делување и надвор (ако воопшто така може да се каже) од светата Евхаристија. Ние сме деца на Црквата и ние правилно може да функционираме само црковно-благодарствено, соборно-евхаристиски, само ако даваме.


      На првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите, нашиот живот во значителна мера е под влијание на страстите и демонот поврзан со нив. Можеме да претпоставиме  во колкава мера и нашата молитва преку која најчесто се изразуваат нашите желби, може заради тоа да биде погрешна. Затоа и апостолот вели: Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби (Јаков 4, 3). Богочовекот Христос го поставил во Својата Благовест точниот редослед на барањата: Барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сè ќе ви се придаде! (Матеј 6, 33). Нормално, Царството е таму каде што е Царот! И повторно сѐ се сведува на претходниот заклучок: ние во молитвата Го бараме само Него!
       Значи, многу е битно, како што видовме, каков е редоследот на нашите ‘барања’ во молитвата. Интересно е што најзначајните ‘барања’ во молитвата може веднаш да ни се остварат, а ‘ситните’ барањата за секојдневните потреби може и воопшто да не ни се остварат, посебно ако ни станат приоритет и ако го попречуваат нашето духовно растење. На пример, Господ може веднаш да Го добиеме во молитва и да стапиме во заедница со Него (затоа што никој не може да Го нарече Исус Господ освен во Светиот Дух! – 1 Кор. 12, 3). А ако најнапред бараме пари, среќа, здравје, успех, брачен партнер, итн., сигурно Господ, а со Него и сѐ друго може да изгубиме и во редот на незнабошците да се најдеме:
        Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде. (Матеј 8, 25–33)
       Дар за верните, коишто најнапред Го добија Царот и Царството Небесно, е да им се придодадат и другите работи од секојдневниот живот. Никогаш не се совпаѓа со нивната етика та навистина и во молитвата да ги бараат тие нешта за себе. Чест и радост на верните е и тоа што ќе им се придодаде, да го поделат со Христовите најмали браќа. Должност, а и за духовна полза на сите нас, е да се молиме за здравје, радост, матерјални добра и успех на сите луѓе, но не и за самите себе, како што рековме, за да не станеме како незнабошците. Дар од Бога само за совршените е ваквите молитви за другите луѓе да им бидат услишани. Како што велат светите Отци, на оној што ја исполнува Божјата волја и Бог му ја исполнува неговата.
       Словото на оние од степенот на обожение не е само просветително, тоа е и чудотворно: изгонува демони, лекува болни, преместува планини итн. Како што вели Христос: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши (Јован 14, 12). Но, кога Господ зборува за верата и во овој случај и во случајот со поместувањето на планината со помош на верата Он пред сѐ мисли на верата што произлегува од совршената заедница со Него, а не на едноставната почетна вера во Него. Едно се делата што произлегуваат од почетната вера во Него, а друго се чудата што произлегуваат од совршената заедница со Него. Едно е верата, например, со која човек ја прави првата исповед, а друго е верата што светителот ја има пред или после извршувањето на  првото чудо.
       Значи, со едноставна вера и доверба во Бог, а не во човек, оние што се на степенот од очистувањето на срцето од страстите се одрекуваат од светот, влегуваат во апсолутно послушание и се трудат во подвигот на  усноумната молитвата. Со просветлена вера во Бог, оние што се на степенот од просветлување на умот се трошат себеси во љубовта кон непријателите и во повеќечасовната умносрдечна молитва. И со совршена вера во Бог, оние што се на степенот од обожение се молат за сите луѓе и ги исцелуваат нивните немоќи и болести.
       Деца, добро е да го знаете и ова: Оние што се на степенот од просветлување немаат чудотворно слово и сила да ги исцелуваат тешко болните, на пример, од рак. Тогаш како можат тие успешно да се помолат за нив? Само ако во молитвата изјават пред Господа дека се подготвени да ја примат тешката болест на себе, наместо оној за кого се молат... Тоа воопшто не значи дека болеста ќе им биде пренесена, барем не одма, а можеби и никогаш, но многу пати значело болниот да биде исцелен од својата болест. Тоа е дел од нивниот подвиг на аскетска љубов кон секој човек.
       И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот Небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот Небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши. (Марко 11, 23–26)
       Озборувањето, судењето и осудувањето, лажењето и клеветењето се знаци дека човекот кој тоа го прави сѐ уште не простил и не простува односно не верува... Тогаш таквиот и нека не се чуди што нема вистинска молитва. Неприфатлива е пред Бога молитвата ‘Оче наш’ ако само еден човек останал надвор од нашето срце. Бессилна е молитвата ‘Господи Исусе Христе, помилуј ме’ ако сме му направиле зло на еден од оние најмали Негови браќа. На прелест и суд е молитвата без вера, без покајание, без преумување. Господи, чувај...!

(според записот на сестрите)

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная