логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

  


"Со Бога во најцврсто единство"

   
Секој човек како единка, па и сите ние заедно, често размислуваме за најразлични теми и дилеми, меѓу кои и за своето потекло.Деновиве медиумите објавија една многу значајна научна информација, за тоа кои сме ние Македонците и каква крв тече по нашите вени.Имено,еден Швајцарски иснтитут за истражување (Игенеа) обелодени дека ние, современите Македонци,со сигурност,во најголем процент,водиме потекло од античките Македонци. Оваа научна информација е особено добредојдена во ова време на сомнежи,во ова време на невидени оспорувања на сè што е македонско.

Најновата научна информација е непобитен аргумент пред оние кои ни го спорат името,кои ни го негираат идентитетот,кои ни го оспоруваат дури и правото на постоење!И да нарачавме вакво истражување,се сомневам дека можевме да добиеме ваква научна дијагноза,да добиеме ваква научна потврда,која сè уште,за жал,е потребна пред некои за нашата македонска вистина– за нашето историско право на името,што е потврда и за националниот континуитет со славните претходници.Многу е значајна информацијата,зашто е потврда за нашите корени, за нашето потекло по крв, по род и народност,по име и земја,зашто истата се потпира врз историски, антрополошки и археолошки извори.
Ќе повторам, во ова време на невидени
антимакедонски стратегии,скроени во балканските, па и европските и светски кујни,оваа поткрепа за нашата вистина од Швајцарија е во вистинско време и претставува лек за нашите македонски рани.Таа, да веруваме,ќе вразуми многу неверни томи,ќе разубеди многумина кои се сомневаат во македонското во нас и ќе им помогне и на оние меѓу нас кои сè уште недоволно веруваат дека се потомци на славните Македонци.

Пред науката само аргументите говорат!Таму,кај вистинската наука,не можат да влијаат ни политички,ни какви било желби на посилниот или моменталните економски или други можности.Ние, Македонците,како православен народ,особено последнава деценија и пол,сме предизвикани почесто да размислуваме за овие прашања,зашто со прекрстувањето на државата при зачленувањето во ОН, се изродија уште многу други:со знамето,со името,со идентитетот,па и со сè што е македонско.

За секој православен народ,па и за нас, најзначајни се духовните корени,најважна е духовната сила,која ги спојува луѓето и народите… Нема посилно единство од она кое нè врзува со Бога – Таткото на сите,единство преку кое секој човек е наш брат,без разлика на неговото национално или кое било друго припаѓање.Затоа е потребно и најпотребно – да го негуваме духовното единство како најсилна врзувачка алка меѓу луѓето и народите.

Природно е духовното единство да е присутно,да е живо меѓу еднородните браќа и сестри – меѓу еден народ, за да може истото да се практикува и со другите народи. Секој човек најдобро се учи како да се однесува кон другите – преку љубовта кон своите најблиски роднини. Затоа е и речено – оној што успеал да направи единство, да направи слога во семејството, единство со оние околу себе – тој ќе може да гради единство и со другите во заедницата.

Еве, по Скопје и Велес – Струмица е домаќин на Третиот семакедонски црковен собор, преку кого се обидуваме да почнеме на дело да покажуваме колку е добро „браќата да живеат сложно“, да се дружиме, да бидеме заедно на молитва како чеда на нашата света Црква.

Страдањата и несреќите од минатото, поделбите и разделбите, преселбите и печалбите, како и пропагандите и туѓите владеења, оставиле многу недоверба и многу отуѓеност меѓу нас како народ. Но, и покрај сè, нашата света Црква имала, а и сега може да има и треба да има, улога на градител на единството меѓу нашиот народ. Во време кога се исподеливме по сите можни основи, конечно, време е да си кажеме дека и не треба, и не може повеќе вака. Крајно време е да сфатиме дека колку сме единствени, толку сме и силни! Неединството е најтешката и најголемата македонска болест, и време е да ја лечиме и излечиме! Останавме колку што останавме, и од земјата и од народот, и време е да речеме: доста како досега! Размислуваме ли до каде ќе стигнеме доколку продолжиме со неединство, со омраза и кавги? Мора да градиме мир со сите, да покажуваме љубов кон сите! Мир со своите и љубов кон своите, а потоа и мир и љубов кон сите!

За нас, христијаните, нема подобро место и подобра средина, покрај храмот, од домот и семејството. Прва и основна задача за нас како народ треба да биде семејството, таа основна клетка на опшеството, а по христијански разбрано тоа треба да биде мала црква. Нема подобро училиште за децата и младите, ниту подобро одмаралиште за возрасните и постарите од домот и семејството. Но, како да заборавивме на родителската обврска кон родот и кон Бога. Сè помалку има деца во нашите домашни и училишни дворови. Помалку деца, а со тоа и помалку надеж и помалку радост, но и помалку иднина за нашиот народ. Сè помалку и помалубројни стануваме како народ и, ако продолжиме со сегашниот наталитет, бргу ќе се вброиме меѓу неперспективните нации, коишто ќе ги снема од лицето на земјата. Тоа не смееме да дозволиме да ни се случи! Затоа и од ова свето место да ги повикаме младите и помладите македонски сопружници, да им подарат, со Божја помош, уште по едно, две и повеќе рожби на нацијата и Татковината, на Црквата и верата наша.

 stefan.sr.jpg

Посакуваното единство меѓу нас ќе роди нови перспективи на духовен и национален план. Затоа, да се погрижиме да дадеме свој прилог во таа градба која најмногу може да ни помогне да ги подобриме овие македонски невремиња, во кои, кој помалку кој повеќе – сите сме учесници. Најбргу и најлесно ќе дојдеме до посакуваното духовно и национално единство – само преку единството со Бога! Ако како православни верници, ја доживееме таа благодатна сила, изразена преку љубовта кон Бога, тогаш ќе разбереме што значи да се сака другиот, што значи да се живее сложно, да се живее во единство со сите луѓе околу себе.

Во ова време, што Бог ни го определил да живееме, имаме безброј прилики да покажеме дека и сакаме, и знаеме да градиме единство меѓу нас! Светата Црква е најширокото поле каде можеме да ги покажеме и потребното човекољубие, и корисното доброљубие, каде можеме да покажеме колку ги љубиме и Бога, и сите околу нас. Посетувајќи се едни со други, како денес овде во Струмица, во градот на Тивериополските светии, ни се дава можност да се запознаеме едни со други, да разговараме за духовните и народните потреби што ги чувствува и носи секој од нас. Овие средби, овие собирања, нека продолжат да бидат можност за градба и надградба на нашето единство и да сториме сè што е можно оваа семакедонска манифестација да продолжи да трае и да расте во секој поглед. Добро е што се собираме и што се собравме од повеќе места од Македонија, но уште подобро ќе биде ако на овие собори дојдат Македонци и од другите делови на Македонија, но и од нашите раселени по светот.

Господ, по молитвите на светите 15 Тивериополски свештеномаченици, на светите Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на сите светии, нека помогне да биде така: да се гради и изгради македонското духовно и национално единство. И,дај Боже, на следниот Собир да бидеме и побројни и поединствени. Амин!

 

Подготви: Вучковски Костадин

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная