логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

БЕСЕДА НА ЦВЕТНИЦИ А кога се приближи и го виде градот заплака за него и рече: да беше ти узнал за овој твој ден што служи за твојот мир но тоа сега е сокриено од твоите очи. Вчерашниот и денешен ден драги браќа и сестри се два дена на духовна радост после долгите денови на пост. За време на постот ние се чувствуваме како патници кои со денови и месеци патуваме по морскиот шир, желни со своите очи да го здогледаме копното. Ние сме се занеле за духовни радости после долгите покајнички размислувања, и кога и вчера и денес во овој свет храм се запеа песната поздравна и убава, со која Синот човечки (Божји) е дочекан во Ерусалим, сите радосно ја прифативме пеејќи; Осана, благословен е Кој доаѓа во името на Господа, Царот Израилев. Но иако нашите срца и нашите души се исполнети со голема радост, но сепак ние чувствуваме дека таа наша радост не е потполна. Бидејќи при Христовото влегување во Ерусалим дочекот бил со радостно викање и одушевување, но сето тоа било краткотрајно и површно. Бидејќи народот е неразумен, вели свети пророк Исаија (27-11). И мнозинството не сака со својот разум туку со своите очи па и дочекот во Ерусалим бил нешто надворешен, излегле пред Него верувајќи дека во Неговата личност дочекуваат свој земен Цар. А кога го здогледале како смирен и кроток јава на магаре а не на бесен коњ (ат), нивното разочарување било потполно, па наскоро потоа почнале да зборуваат: не сакаме да овој царува со нас! А веќе после пет дена тој ист народ брза на зло, разбеснети викале: „Распни го“. И свесни поради тоа денес ние се чувствуваме потиштени, бидејќи не боли таа црна неблагодарност на луѓето кон Синот Божји; лошите навреди и распнувањето на крст ќе бидат награда што тој ќе ја прими за сите свои добрини. На ерусалимците таков месија не им бил потребен. Тие своето спасение го замислувале како нешто сосема надворешно и не сакале ништо да знаат за внатрешното духовно спасение (Мат.1-21) кое Он им го донел. Огорчени од понижување од страна на своите политички угнетувачи, полни со гнев и желба за освета, тие не го очекувале сиромашниот и благ месија. Сите тие освен некои пророци и видовити луѓе сонувале за земен цар, за борец кој ќе го уништи непријателот. И така тие со своите неумесни желби покажале дека не ја разбрале смислата на старите пророчки кажувања, и поради тоа не го заслужиле називот на мудар и разумен народ, поради што Синот Божји не можел а да не ги пожали, поради нивната тврдоглавост да не се растажи па дури и просолзи велејќи: да беше и ти узнал барем во овој твој ден што служи за твојот мир. Но тоа сега е сокриено од твоите очи. Па сепак драги браќа и сестри солзите на Синот Божји не се напразно пролеани. Тие напротив уште кàко им користеле на луѓето. Бидејќи ако не го разбрале и примиле јудеите го примиле и признале за спасител на светот многу други народи. И така низ векови се покажало дека светата вера Христова донесува само култура и просветеност. А кога го знаеме тоа мораме да се запрашаме: дали да се држиме за Христа или да појдеме по патот на јудеите? Дали слично на нив ќе се откажеме од Христа и од неговата света вера и се вратиме во незнабожтвото. Потребно е и понатаму да останеме вистински христијани и вистински верници како и своите деца уште од раната младост да ги запознаеме со славата Божја, како и со чудата кои ги има тој направено. Тоа ќе ја оплемени нивната душа и тие сигурно ќе бидат вистински синови на својот народ. Да ги памтиме солзите кои Синот Божји ги пролеал поради неверните евреи, и да не се огрешиме никогаш на нив. Слава и благодарност за се што направил за нас. Амин.


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2089
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2107
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 550
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная