логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

VOVEDENIE.na.Presveta1

Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022 16:50)

Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн човек каков што е свети Григориј Палама, кој ја живее и возглавува Тајната на Црквата, може да ги изрече од опит следните зборови за Богородица и Секогашдева Марија, кои се вистинско славословие. Ќе внимавам што повеќе тој да говори за Неа во оваа беседа отколку јас.

„Таа Самата ја образува границата меѓу создаденото и Несоздаденото, и никој не може да дојде до Бог освен преку Неа и Посредникот роден од Неа, и ниеден од даровите Божји не може да биде даруван ниту на ангел ниту на човек, освен преку Неа. ’Бог е среде неа; таа нема да се помести‘ (Псал. 45, 5).

Вечен закон на небото е дека помалото ќе учествува преку повеликото во она што е над суштествувањето. Така, како што Мајката Дева е неспоредливо повелика од сѐ така и многумина што ќе учествуваат во Бог, тоа ќе го направат преку Неа, и како што многумина ќе Го познаат Бог, ќе Ја препознаат Неа како Онаа што Го носеше Несместливиот, и како што многумина ќе Го слават Бог, и Неа ќе Ја воспеваат по Него.

Таа е причината на сѐ што Ѝ претходеше, заштитничка на сѐ што стана потоа и причината за вечни блаженства... Таа е почетокот, изворот и коренот на неискажливото добро, врвот и исполнувањето на сѐ свето...“

Да се потсетиме како Пречистата Секогашдева Марија се удостои да стане и Мајка Божја – Богородица. Верувам дека тоа е и значењето и пораката на денешниот празник – Воведение.

Да влеземе прво, преку четивото што следува подолу, во Стариот Завет и да го видиме тригодишното девојче Марија како чекори кон Светињата на светињите од Соломоновиот храм и како влегува внатре. Да погледнеме и да видиме како малата Марија го посветува Својот живот за да ни ја покаже вистинската Светиња, а како старозаветната станува сенка во Нејзиното присуство. Да видиме како Пречистата Дева девет години во осама се подготвува преку умно-срдечната молитва да Го прими во Себе Единородниот Син Божји. Да видиме како времето се исполнува и како Тој бара дозвола да се воплоти во Неа и како Таа слободно и љубовно Го прифаќа. И на крај, да видиме како Богородица и Приснодева Марија станува Вечнонова и Единствена Светиња на светињите – Ширшаја Небес. Да го видиме сето ова мисловно преку напишаното од Григориј Палама – Светилникот на Православието:

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – безмолвие на умот, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на подобриот дел.

Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себе: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бог“.

Ова движење, кога умот се врти кон самиот себе, односно кога енергијата на умот, која престојува во главата, се соединува молитвено со суштината на умот, која е во срцето на човекот, Отците го нарекуваат кружно движење на умот. Тоа е дејство со кое умот се надминува самиот себе и се соединува со Бог. Тоа е движење на умот што не подлежи на никаква прелест.

Тоа е, значи, начинот на кој Пресветата Дева, вели свети Григориј Палама, престојувајќи во храмот, „се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски... и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна божествена молитва... Таа... се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, кој јас ќе го наречам молчание на умот.

И, предавајќи го Својот ум на ова молчание, ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја, и беше посветена во божествената благодат, која никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание, својствено за непорочните души и умови.

Бидејќи причесна на ова созерцание, Пречистата – како што пеат црковните химни – стана светлоносен облак на навистина живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот“.

Од овие зборови на Григориј Палама секој може да заклучи дека Пречистата Богородица, престојувајќи во Светињата на светињите, со умно-срдечната молитва се вознесе до највисокиот степен на богопознание.

На овој начин, Богородица, со Својот пример и опит, со Самата Себе – им даде засекогаш, на сите христијани, образец за собран и внимателен живот на внатрешниот човек, за да можат и тие, одрекувајќи се од световното, да се подвизуваат во умно-срдечната молитва, секој според своите сили, но и по Нејзините молитви – за да Ја следат докрај.

Како што Богородица престојуваше во Светињата на светињите, во Ерусалимскиот храм, пред Христовото воплотување, така нашиот ум, со послушност кон Бог, треба да престојува во чиста молитва, пред да го добие дарот на откровение на местото на срцето. Девствената молитва е услов за пројавување на божествената благодат во срцето и за добивање на дарот на умно-срдечната молитва.

Согласно свети Григориј: „Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Кој Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бог. Тихувањето е, значи, брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бог, особено за оние кои во сè и потполно го практикуваат.

А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа – не знаејќи за маж – и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос“.

После сѐ што е кажано, верувам дека на сите им е јасна важноста на божествената умно-срдечна молитва, чие исполнување е Самата Божја Мајка, раководена од Светиот Дух. И дека на сите им е јасно како Пречистата Дева живеела во Светињата на светињите.

Можноста за чистота на срцето и потребата од непрестајна будност над самите себе е исклучителна новост и благодат на Новиот Завет. „Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Матеј 5, 28).

Во Новиот Завет се заповеда бдеење над срцето поради негово очистување. Кон тоа се упатени и сите заповеди Господови: „Очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Матеј 23, 26); и „она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот“ (Марко 7, 20–23).

На Гората на Блаженствата Христос ни го дава есхатолошкиот одговор за целта и смислата на подвигот на очистувањето на срцето – „блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бог“ (Матеј 5, 8). Затоа што „внатре во вас е Царството Небесно“ (Лука 17, 21), и Царот.

Но, бдеењето над срцето и неговата чистота се невозможни без умно-срдечната молитва Исусова. Заедно со заповедта, Господ ни ги даде и начинот и средството: „А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба [во срцето] и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“ (Матеј 6, 6).

Исусовата молитва – „Господи Исусе Христе, помилуј нѐ“, е востановение Божјо. За оваа молитва се говори и во Евангелието Христово. Самиот наш Господ, Богочовекот Исус Христос, ја востановил оваа свештена молитва и заповедал да се молиме со неа.

По Тајната Вечера, кога е востановена Тајната на самата Црква, Светата Евхаристија, а пред излегувањето на Голгота заради смрт на Крст за спасението на паднатото човештво, Господ на Своите ученици им ги предал последните заповеди. Во нив на луѓето им ги дарувал и благословот, заповедта и послушанието да се молат со името Негово: „Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам“ (Јован 14, 13–14). „Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна“ (Јован 16, 24).

Апостолите ја почитувале и ја исполниле и оваа заповед Христова. Како што гледаме од Делата апостолски, тие со божественото име на Господ Исус Христос веќе чинеле големи чуда: исцелувале неизлечиви болни, воскреснувале мртви, им заповедале на бесовите, изгонувајќи ги од луѓето опседнати со нив.

Исполнети со Светиот Дух, без однапред да се подготват, просветлени одговарале, сведочејќи пред судиите пред коишто биле обвинувани. Запрашани и испитувани од Синедрионот со каква сила и во чие име го направиле ова, преку Петар, исполнет со Светиот Дух, го дале одговорот: „Нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека во името на Исус Христос Назареецот, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, овој стои пред вас здрав. (...) Зашто, под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“ (Дела 4, 7; 10–12).

Сите овие чуда ги правеле, пред сè, откако ја почувствувале чудесната сила на името Исусово во своето срце. А и не може поинаку, бидејќи овие два дара – умно-срдечната молитва и творењето чуда – се неразделно поврзани. Сходно својот личен опит, светиот апостол Павле повикува: „Молете се непрестајно“ (1 Сол. 5, 17).

Преданието на Исусовата молитва никогаш не престанало низ вековите, од апостолските времиња до ден-денес. Со Неговото име светите маченици ги претрпувале маките. Со Неговото име Светите отци ја населувале „пустината“; од Египетската Пустина и Палестина, преку Мала Азија и Света Гора во Македонија и на Балканот, сè до Русија, и денес во Америка. Обновата и заживувањето на монашкиот живот и денес, како и секогаш, се темели врз обновената пракса на евхаристискиот и исихастичкиот живот во парохиите и манастирите.

VOVEDENIE.PRESVETA

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная