логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Архива)

Напразно потрошено време

(24.09.2016 18:59)

            Едно од најчестите самооправдувања за стагнирањето во духовниот развој, кое го користат христијаните што живеат во светот е: многуте световни обврски поради кои немаат време да се посветат на духовниот живот; дополнето со објаснувањето дека, сепак, тие не се монаси, туку луѓе со семејства и разни одговорности. Колку е сето ова точно?

Да се потсетиме прво дека нашиот ум има една енергија, а две функции. Кога ние ја насочуваме молитвено неговата енергија кон Бог, тоа дејство го нарекуваме примарна функција на умот; а кога неговата енергија работно ја насочуваме кон овој свет, тоа дејство го нарекуваме секундарна функција на умот, односно разум. Што е наша задача?

Наша задача е: преку молитвата да ја активираме примарната функција на умот, да оствариме лична заедница со Бог и Неговата несоздадена енергија, и во тоа општење што повеќе да се преобрази  нашата создадена енергија. Со други зборови, на тој начин, да ги чистиме постепено енергијата и суштината на нашиот ум – да го чистиме срцето од влијанието на страстите, да се стремиме кон откривање на местото на срцето и кон премин на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот. Истата задача можеме да ја оствариме и преку секундарната функција на умот, доколку во целосрдечно послушание ги извршуваме заповедите Божји и своите работни обврски – со вера и со свест дека тоа го правиме во слава Божја и за добро на нашите ближни.

Значи, доколку се потрудиме нашите дневни обврски да ги извршуваме во Духот на заповедите Божји и во слава Божја – односно како свештена богослужба, тогаш целото време, како и умната и телесната енергија потрошени на нив ќе вродат со наше духовно растење. Следствено, ќе ја задржиме духовната свежина и копнежот слободното време што во текот на денот ни останува посебно да го посветиме во остварување на примарната функција на умот, т.е. молитвата. Ова е содржината и на подвигот на општожителните монаси.

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните, и затоа само се трошиме и заморуваме, а преостанатото време од денот, од очај и зависност, го поминуваме, на пример, пред разните екрани, како и во други начини на бегство од реалноста. Затоа, не е точно дека немаме доволно време. Заклучокот е дека имаме премногу напразно потрошено време; како и дека не знаеме како правилно да го поминеме времето.

Треба да сфатиме дека Бог од нас, на почетокот, очекува да Му го посветиме во молитва, колку што можеме повеќе, само слободното време, и дека само за ова време ќе ни бара одговор. Ако сме доволно искрени со себеси, ќе видиме дека нашето слободно време може да се мери со неколку часа – само во текот на вечерта. Во слободното време можеме и да прочитаме нешто од Новиот Завет, од Житијата на светиите или друга духовна книга и да се поучиме во православната вера. Доколку, пак, се потрудиме, во послушание, сето дадено време од Бог, колку што можеме повеќе, да го искористиме во исполнување на Неговата волја и во молитва, во тој случај, јас веќе не би гледал никаква разлика меѓу монасите и христијаните во брак.

Посакуваната цел на овој наш подвиг, во Црквата, е да ја надминеме внатрешната поделба меѓу примарната и секундарната функција на умот, така што тие да функционираат како една. Потврда за надминувањето е Божјиот дар на умно-срдечната молитва. Со надминувањето на поделбата на спомнатите две функции на нашиот ум почнува и процесот на неговото суштинско просветлување. Тогаш сѐ што правиме станува молитва. И дури тогаш на човекот му се отвораат духовните очи сето создание Божјо да го види не поделено и спротивставено како што изгледа, туку како едно цело, а во секој негов посебен дел да го види и целото – во заемно проникнување, остварено од Божествената несоздадена енергија (благодат) на Светиот Дух. И дури тогаш човек добива Благодат – природно да ги љуби сите и сѐ.

Господи Исусе Христе, преку Богородица, помилуј нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная