логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Voskresenie.s.jpg


Беседа на Воскресението (15.04.2015)
Христос воскресна! Навистина воскресна!

       Еве, во четири слова сета судбина на сите луѓе на сите времиња! Во четири слова целата историја на родот човечки! Во четири слова твојата и мојата историја. Во четири слова најголемата револуција во сите човечки светови, најголемата пресвртница, најголемото скршнување. Кога возот на човечкиот живот, кој јурел на шините на смртта, одеднаш скршнал кон бесмртноста, сѐ се изменило. Пресврт невиден! Што се случило со родот човечки?

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо, од небитие го воскреснал човечкото битие во Живот Вечен. Господ му го одзел човекот на ѓаволот и го дал во прегратката на Бог. Тоа е Воскресение! Тоа е Воскреснување! Навистина, најголема револуција во сите светови. Единствена совршена и довршена револуција, бидејќи со неа – што му се дава на човекот? Живот Вечен! Живот Вечен во кој се влегува преку Вистина Вечна, преку Правда Вечна, преку Љубов Вечна, преку Радост Вечна.

          „Еве ги деновите што ги создаде Господ!“ (Воскресен антифон) – така денес се пее во една прекрасна црковна песна. А до денес кој ги создавал деновите човечки? Кој ги создавал деновите на твојот и мојот живот, на секој човек – кој? Смртта! Смртта ги создавала твоите денови и моите денови, и преку гревот нѐ ставала во прегратка на ѓаволот, а ѓаволот нѐ фрлал во пеколот. Еве кој ги создавал деновите на родот човечки и деновите на животот човечки. Гревот, смртта, ѓаволот – еве ги творците на нашите денови, еве ги црните сонца во страшната ноќ на гревот и смртта, во која живеел родот човечки до Господ Христос. Што правеле тие до Господ Христос? Подигале споменици. Кому? На смртта и на ѓаволот! Бидејќи секој грев е споменик што човекот му го подига на ѓаволот. И овој свет до доаѓањето на Господ Христос се претворил во едно бескрајно игралиште преполно со лажни богови, преполно со споменици на гревот и смртта, преполно со споменици на ѓаволот. А тие споменици ги подигале луѓето, луѓето со своите гревови. Полн свет со идоли, полн свет со лажни богови. Човекот ги создавал сите нив, лажејќи се себеси со гревот, насладите гревовни.

             И денес, по Воскресението Господово човекот го бара истото кога не оди по Него. Тој и денес со гревот свој му подига споменици на ѓаволот, создава разни идоли, лажни богови и ним им се поклонува. Колкумина денес им се поклонуваат на лажни богови? Колкумина денес се бесчувствителни кон Воскресението Господово? А луѓето, луѓето во лагите на културите. Културата европска: идолиште, страшно идолиште полно со лажни богови, полно со лажни философи, лажни мудреци, лажни научници, лажни законици, лажни цареви и кралеви, лажни диктатори, лажни мачители, тирани. Сето тоа без Христос и против Христос – и не може да стане на друг начин! Не може да стане на друг начин! Луѓето постојано му подигаат споменици на ѓаволот, луѓето постојано живеат меѓу лажни богови кога не веруваат во Воскреснатиот Господ Исус.

            Овој свет без Господ Христос – што е? Смртиште! Мртовечница! Огромна гробница! И во неа го ставиле човекот, леш до леш, мртовец до мртовец, смрдливец до смрдливец. Тоа е свет без Господ Христос! А со Него, со Спасителот овој свет станува воскресилиште, станува расадник на бесмртноста. Овој свет станува миомирисна пролет на Вечноста. Тоа учинило Воскресението Господово.

          И ние христијаните што сме, кои сме ние? Ние сме мртовци што излегле од гробовите, воскреснале од гробовите и живееме во овој свет. Што ни учинил Господ со Воскресението Свое? Што му дал Господ на родот човечки победувајќи го нашиот најголем непријател, смртта и ѓаволот и гревот? Што дал Господ Христос? Ни дал Живот, Бесмртен Живот, Вечен Живот, кому смртта нe може да му наштети, кому ѓаволот не може да му наштети, кому никаков грев не може да му наштети. И секое човечко битие Господ го претворил во бесмртник. Ние христијаните во овој свет живееме како воскреснати мртовци. Што е Светото Крштение со кое Го почитуваме Христос? – Светото Крштение не е ништо друго, туку, како што учи Светото Евангелие, погребување со Господ Христос и воскреснување со Него (види: Рим. 6, 3-4). И ние преку крштението се погребуваме во Господ Христос, како што се вели во прекрасните песни: „Вчера со Тебе се погребав, а денес со Тебе воскреснувам“ (Воскресен канон, песна 3). Да, воскреснувам со Тебе, Господи! Тоа е христијанин.

             Христијанин е човек што совоскреснал со Господ Христос, и како таков живее во овој свет: како мртовец што излегол од гробот, ги совладал сите смрти и оди низ овој живот како бесмртник кому никаква смрт не може да му наштети. Не една, туку и сите смрти да навалат на Христовиот човек, ништо нема да му можат! Бесмртник – посилен од сите смрти, тој се чуди на секоја смрт и ја сотира со силата на Воскреснатиот Господ. Како што вели светиот апостол Павле, ние кои во овој свет живееме, Христос стана, Христос воскресна и ние во обновен живот одиме (види: 1. Кор. 15, 20; Рим. 6, 4). Тоа е нашиот подвиг, христијански подвиг во обновениот живот. Во каков? – Во бесмртен живот.

          Ти си христијанин. Доаѓа тага преку овој свет, но знај, сѐ што правиш е бесмртно. Сѐ оди во Вечниот Живот со тебе. „Кој е во Христос, тој е ново создание“ (2. Кор. 5, 17), вели свети апостол Павле, тој е ново создание. Да бидеш во Христос, со верата си во Христос, гледај, ти си нов човек, човек од крштение, човек на бесмртноста. Гледај, ти нов човеку, ти воскреснат мртовецу, ти имаш ново срце, нова душа, бесмртно срце, бесмртна душа и бесмртна радост во Воскреснатиот Господ. Гледај, сѐ „старо помина и сè стана ново“ (2. Кор. 5, 17). Старото помина, помина стариот смртен човек и настана нов, бесмртен човек во Христос. Помина смрдеата на човечкиот живот и настана пролет на човечкиот живот, вечна пролет. Поминаа старите мисли, старите чувства, смртта смрдлива и од Христос во човекот се појавија нови чувства, бесмртни и вечни, што мирисаат на Небото. Чувствата и мислите на христијанинот мирисаат на Небото.

       Ништо ново под сонцето освен едно – освен Господ Христос! Тоа е Единственото Ново. И луѓето што во себе сакаат да го имаат тоа Ново, тоа Вечно Ново, таа Новина што никогаш не остарува, еве, ја имаат во Господ Христос. Ја стекнуваат само со вера во Него, вера во воскреснатиот Господ Исус. Бидејќи во овој свет, браќа, ништо не е вечно освен тоа што не умира, освен тоа што е посилно од смртта – а тоа е Господ Христос и сѐ што е од Него и во Него. Тоа никогаш не умира и тоа е Вечно Ново. Вечно Ново и за тебе и за мене, и за секој човек, зашто таа воскресната божествена сила што Господ му ја дава на човекот, тој Вечен Живот, таа Вечна Правда, еве вечни сили што никаква смрт не може да ги сотре, ниту да ги истера од тебе, Христовиот човек.

Да, во овој свет само христијаните се вечно нови, вечно млади, бидејќи нема смрт во нивните души. Нив ништо не може да ги остари. Во овој свет човек остарува од гревот, остарува од смртта, сѐ додека не умре и не се распадне во калта своја. А Христовиот човек е вечно млад. Што подолго живее, сѐ е помлад, зашто таква е вечноста што Господ ја дава, таква е Вечната Сила, Вечната Правда, Вечниот Живот што Господ им ги дава на оние што Го следат.


* * *
         Ние христијаните почнуваме од Крштението. Тоа е единствената сила, тоа е единственото ново, таа сила Господ Христос му ја дава на секого од нас. И ние, ние се разликуваме од сите други луѓе по тоа што веруваме во Воскресението на Господ Христос и во своето лично воскресение. И ние, денешните христијани, христијани во 20 век, иако калливи и сакати, ние сведочиме една вистина со светите Апостоли. Сведоштво, какво? Го сведочиме Воскреснатиот Господ! Воскресна Господ, воскресна човекот! Тоа е нашето сведоштво. Во овој свет ние, секој еден од нас како христијанин постојано проповеда едно, сведочи едно: Воскреснатиот Господ и воскреснатиот себе. И живее во овој свет како воскреснат мртовец што ја победил смртта, ги победил сите смрти и денес и утре, и во сите векови. Со кого? – Со Воскреснатиот Господ Исус Христос.
Христос воскресна! Навистина воскресна!


Преподобен Јустин Ќелиски(http://www.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=6418)
1966 година во манастирот Ќелии

Избород фејсбук страната на: Violeta Teacher-lingva

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная