логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Протоереј Андреј Ткачев

 Dostoevski.pogreban

          Во 1881 година, овој човек се упокои. Тој бил еден од ретките на кои им било читано Евангелието пред неговата смрт. Умрел под звуците на Евангелието, и ѝ кажал многу важни зборови на сопругата: „Анечка, никогаш не те изневерував, ниту во мислите“. Неговите деца дошле кај него за благослов, тој ги благословил и ја предал душата на Бога, овој туберкулозен поранешен осуденик, кој не ја прифаќал пресудата, исушен, измачен, за кого критичарите велеле дека клекнува да се моли пред Бога за целото човештво во стара изветвеана кошула.

           Потоа почнаа да се случуваат интересни работи. Сакале да го погребат во Лаврата, но Санкпетербуршкиот митрополит и игумен на Лаврата рекол: „Зошто да погребете некое си писателче во близина на монаси, нема поента, разбирате!“

Но, за среќа, Константин Петрович Победоносцев, семоќниот главен обвинител, удрил со својата слаба тупаница по масата и ги довел сите во страшен трепет. И Достоевски бил погребан не само во Лаврата, туку и на сметка на Лаврата. Тие го презеле трошокот на себе. Затоа што Победоносцев знаел кого погребуваат. А тогашниот митрополит не знаел.

Денеска, во пантеонот на познатите личности од XIX век, на патот кон Лаврата, од десната страна, патеката е разгазена само до него. Таму лежат Баратински, и дедо Крилов, и Жуковски, и Чајковски, и Бородин и Мусоргски. Сепак, патеката секогаш е разгазена до Достоевски. А гробот е покриен со цвеќиња, напишан е епиграф од Евангелието според Јован од романот „Браќа Карамазови“: „…ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само“.

Значи, Достоевски умрел. Тој бил положен во црквата на Светиот Дух на Александро–невската Лавра, сега неактивна, преземена од Културниот центар. И таму тој лежел. Луѓето доаѓале кај него да го читаат Псалтирот. Покојникот лежел, над главата стоел аналој, на аналојот лежел псалтир, луѓето доаѓале и читале по една катизма. Потоа доаѓале и други – „И јас сакам да се молам, и јас, и јас“, и читале катизма, па псалм, па три реда, па еден ред, па еден збор.

Еден ќе прочитал еден збор и ќе се тргнел настрана, друг ќе прочитал еден збор и пак настрана. Затоа што имало неколку илјади луѓе кои сакале да го прочитаат псалтирот кај ковчегот на Достоевски. Луѓето одеднаш почувствувале кого го изгубиле. Доаѓале да се молат обични луѓе, студенти кои ги завршиле и не ги завршиле своите студии. Доаѓале дами, доаѓале свештеници, доаѓале офицери, доаѓале интелектуалци.

За прв пат срамежливо се прекрстиле оние кои одамна заборавиле да се крстат. Бидејќи атеизмот ја зафатил Русија во широк бран, многумина целосно престанале да одат во црква. И одеднаш почнале повторно да се молат над гробот на покојникот, кој цел живот зборуваше само за ова: „Верувај, покај се, Христос постои и Бог постои, и бесмртноста на душата постои, сè постои, покај се, верувај“.

Кога го изнесувале надвор од храмот за да го носат околу храмот додека ги пееле тропарите за починатите „Волнују морскују“, не можеле да го носат наоколу бидејќи целиот двор на црквата бил преполн со луѓе. Тие буквално морале да го подаваат ковчегот над главите. Односно, ковчегот се движел, но луѓето не се движеле. Не можеле. Имало толку многу луѓе. Прозорците на околните куќи биле ширум отворени, а луѓето стоеле на прозорците со запалени свеќи. И кога го носеле кон почивалиштето, пееле „Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нѐ“. Целиот град пеел, се чинело како цел Петербург да се собрал.

Dostoevski.pogreban1

Русија никогаш не видела такви погреби, освен можеби два. Сличен голем погреб бил одржан и за генералот Скобелев, белиот генерал. Истиот што ги тепал Турците во Бугарија и се борел во Туркистан. И, исто така и погребот на Јован Кронштатски, кој исто така ја собрал цела Русија, тоа било нешто грандиозно.

Погребот на праведниот човек е потврда дека Бог постои. Погребот на праведникот е празник. Тоа е настан кој кај луѓето не раѓа страв и трепет, туку радост и нежност, и чудни солзи на благодарност и љубов.

Ете така умрел Фјодор Михајлович, кој и со својот живот и со смртта го потврди целиот животен пат, нè водеше и нè води нас, всушност, нè влече за раце низ петербуршките порти, низ зачадените кујни каде што се расправаат за животот, нè води до Исус Христос. А неговата смрт беше уште еден доказ дека не погрешил. Сè што правел и зборувал, бил во право“.

 

Превод од руски јазик: Анета Ѓорѓиевска Наковска, проф. по руски јазик

Православна светлина бр. 74

 

https://crkvaveles.mk/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%83%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%b5-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8/?fbclid=IwY2xjawMVoJVleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFlSkc3alhidThPckVnNUZvAR5K7VHa4WcqMegBKuFhzAgSs0NpEUnfvZX2UV9A1wg0r_gbqb3MDGptkhA90g_aem_M8NaITBpvflnBshSd1JBzQ

 2025

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2246
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2249
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 705
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная