Во времето на патријархот Јован Милостив се појави еден млад монах којшто штом дојде состави список на сите блудници во Александрија.
Дење се грабаше да ги работи најтешките работи, а ноќе одеше во домовите на блудниците,ги даваше парите на некоја блудница и со неа ќе се затвореше в соба цела ноќ. Штом ќе се затвореа Виталиј ќе ја замолеше жената таа да легне да спие, а тој во аголот на собата цела ноќ ќе ја поминеше молејќи се на Бога за таа грешница. Така ќе ја сочуваше да не греши барем една ноќ. Наредната ноќ ќе отидеше кај друга, третата кај трета и така с ѐ дури не ги изредеше сите, а потоа почнуваше од почеток. По неговите совети многу од овие жени го оставија својот валкан занает и едните се омажија, други отидоа во манастир, трети тргнаа да работат чесно за својот леб. На сите овие жени Виталиј им забрануваше да објавуваат зошто оди кај нив. Заради ова тој стана соблазна за цела Александрија. Луѓето на улица го навредуваа, го плукаа, а и го тепаа. Но тој трпеливо поднесуваше с ѐ , покажувајќи ја својата добродетел пред Бога, а криејќи ја од луѓето. За него се дозна дури кога умре. На неговиот гроб почнаа да се случуваат многу чудесни исцеленија; народот од разни страни почна да ги донесува своите болни на гробот на Свети Виталиј. Плукан од луѓето, придоби слава од Бога од Кого ништо не е сокриено.