логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Nikifor.Leprozen

Причислен кон светите преподобниот Никифор Лепрозен
3 Декември 2012

Пред неколку години (2012 год.), од страна на Цариградската патријаршија, преподобниот Никифор беше впишан во диптихот на светители на Светата православна црква. Токму 4 јануари е одреден за ден, во кој ќе се слави неговиот спомен. Но кој всушност е свети Никифор Лепрозниот?

Преподобниот бил ученик на свети Антим Хиоски. Благодарение на неговата духовна поткрепа, Никифор успева да го понесе товарот на својата болест како вистински благослов. И покрај тоа што, за разлика од десетте лепрозни од евангелскиот расказ, до крајот на животот не се излекувал од лепрата, Господ го излекувал од една полоша болест – од гревот. Колку потешко лепрата ја уништувала телесната убавина, толку душата на преподобниот се украсувала со даровите и светлината на Божјата благодат, за кои тој им проповедал на сите. Животот на свети Никифор, полн со смирение, останува како завет за поколенијата за тоа како страдањето од една ужасна болест може да се претвори во пат кон спознавањето и приближувањето до Бога.

Свети Никифор е роден на островот Крит во 1890 година. Неговите родители, обични луѓе, му го даваат името Никола. Но момчето не успева долго да се радува на семејната љубов, бидејќи останува сираче. Наскоро откако почнува со работа во една берберница, му се појавуваат првите знаци на лепра. Во тоа време лепрозните ги затворале на островот Спиналонга. Белезите од лепрата станувале сѐ поизразени и за да не го испратат на островот, тој избегал во Александрија. Пристигнувајќи во градот, тој наоѓа прехрана во една берберница, но за кратко, бидејќи белезите од лепрата станувале сѐ појасни.


Во 1914 година по совет од еден духовник, момчето стигнува на островот Хиос, каде што биле лекувани лепрозните. На островот Хиос започнало духовното изградување на младиот Никола. Токму таму служел отец Антим. Само две години подоцна свети Антим го пострижал за монах и Никола го добил името Никифор. Меѓу Антим и Никифор се развила силна духовна врска. Старецот Теоклит Дионисијатски во својата книга, посветена на свети Антим, пишува дека неговиот ученик „дури ни на еден чекор не се оддалечувал од него“.

Поради недостиг од лекарства болеста на Никифор се развивала, со тоа што го зафаќала најмногу лицето (лек против оваа болест бил пронајден многу подоцна, околу 1947 година). Тој живеел смирен живот, постел строго и силно работел во градината. Се трудел да не се наметнува со своето присуство, никому да не пречи дури ни со збор или гест.

Во 1957 година местото за лечење на лепрозни на островот Хиос било затворено и пациентите, заедно со отец Никифор, биле испратени во Света Варвара во Егалео, близу до Атина. Во тоа време преподобниот имал околу 67 години, видот и екстремитетите му биле потполно зафатени и деформирани од болеста.

На новото место бил и отец Евмениј, кој исто така бил лепрозен, но поради развивањето на медицината се излекувал од болеста. Меѓутоа, тој решил до крајот на животот да остане на тоа место, близу до болните, за кои се грижел со многу љубов. Така тој станал духовно чедо на свети Никифор. Отец Евмениј запишал многу од чудата, кои во текот на животот, а и по својата смрт ги извршил свети Никифор преку своето молитвено застапништво. На едно од тие чуда самиот отец Евмениј бил сведок.

Една вечер, откако ја подготвил ќелијата на преподобниот Никифор за спиење, отец Евмениј се прибрал во својата ќелија за да одмори. Но не можел да заспие. Бил неспокоен, постојано мислел дали завршил сѐ што треба, и дали ја затворил добро печката во ќелијата на Никифор. Станал и отишол во ќелијата на старецот. За да не го разбуди, доколку е заспан, тој решил дека подобро е да не тропа на вратата и да не вели: „По молитвите на светите отци наши, Господ Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“, и да почека одговор однатре „Амин“, според монашката традиција. Наместо тоа, тој многу тивко и бавно ја отворил вратата и застанал, стаписан од она што го видел: Отец Никифор бил издигнат во воздухот, на еден метар над подот, со рацете кренати на молитва. Неговото лице блескало од неопислива светлина. Откако станал сведок на таа неверојатна глетка, отец Евмениј, без да каже било што, внимателно ја затворил вратата и се вратил во својата ќелија. Тој се расплакал, испружен на подот, бидејќи сметал дека го вознемирил старецот. Но плачел и од радост, кога видел колку велик и чист е тој човек. Утрото побарал прошка од старецот Никифор за грешката, која допуштил да го обеспокои. Преподобниот му простил, се насмевнал и му заповедал да не кажува никому за она, што го видел, и дека може да раскаже за тој настан дури по неговата смрт.

Многу луѓе ја посетувале ќелијата на преподобен Никифор, за да ги благослови. Ете и некои од опишувањата на неговата личност, кои се запазени:

„Иако беше прикован за постелата, со тешки рани и болки, тој покажуваше необично трпение и никогаш не се жалеше“.

„Очите му беа уморни, видот слаб, рацете му беа приковани, прстите – парализирани. И наспроти ова, тој цело време беше весел, спокоен, насмеан, задоволен, радосен и со радост им даваше совети на другите“.

Свети Никифор се пресели во вечноста на 4 јануари 1964 година, на 74-годишна возраст. По извесно време му го отвориле гробот, а неговите мошти благоухале.

Превод: Свештеник Јани Мулев

 

 +++

 



Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија го причисли кон светите преподобниот Никифор Лепрозен (+1964)

Житие на светиот

Отец Никифор (роден Николај Ѕанакакис) се родил во едно планинско село во Ханија на Крит. Неговите родители биле простодушни и благочестиви селани, кои починале и го оставиле сираче. Така, на тринаесетгодишна возраст, тој го напуштил домот. Дедо му, кој ја презел грижата за него, го однел во Ханија да работи во некоја берберница за да научи занает. Тогаш кај него се појавиле и првите знаци на Хансенова болест, односно лепра. Во тоа време лепрозните ги праќале во карантин на островот Спиналонга, зашто на лепрата, како преносна болест, отсекогаш се гледало со страв и срам.

Кога Николај наполнил 16 години, знаците на болеста почнале да стануваат повидливи и за да го избегне затворањето на Спиналонга, со некој брод избегал во Египет. Во Александрија тој повторно се вработил, овојпат во некоја берберница, но симптомите станувале сè повидливи, особено на рацете и лицето. Затоа, со помош на еден клирик, избегал на Хиос, каде во тоа време постоела болница за лепрозни, во која за свештеник бил поставен о. Антим Вајанос (св. Антим Хиоски). Николај пристигнал на Хиос во 1914 година, на возраст од 24 години.

Во Хиоската болница за лепрозни, која била комплекс од повеќе на број слични по изглед куќички, имало и црква на свети Лазар, каде се чувала чудотворната икона на Пресвета Богородица, наречена Послушание. На ова место блеснала доблеста на Николај. По две години, свети Антим, расудувајќи дека е подготвен за ангелски образ, го потстрижал за монах со името Никифор.  Помеѓу св. Антим и монахот Никифор, кој ни чекор не се оддалечувал од него, постоела особена духовна врска, како што наведува о. Теоклит Дионисијатски во својата книга „Св. Антим Хиоски“. Во тоа време тој сотворил и каталог со чудата на свети Антим, што ги имал видено со свои сопствени очи, а најмногу од нив се однесувале на лечење на демоноопседнати.

Болеста продолжила да се развива, а во недостиг на соодветни лекови (лекот беше изнајден дури во 1947), тој претрпел многу и значителни изобличувања. И покрај тоа, Никифор живел во апсолутно, вистинско послушание и строг пост. Со часови стоел на молитва во текот на ноќта, правејќи неброени метании. Работел во градината, а во храмот бил главен псалт. Поради болеста, полека,полека го загубил видот и поради тоа повеќето од тропарите ги пеел напамет.

Во 1957 година болницата на Хиос била затворена и о. Никифор, заедно со останатите болни, го испратиле во Антилепрозната станица „Св. Варвара“ во Атина. Тогаш светиот бил на 67 години. Неговите зглобови и очите веќе му биле потполно изобличени од болеста.

На истото место живеел и о. Евмениј, кој исто така бил болен од лепра, но со соодветна терапија, целосно се излечил. Тој тогаш решил, и покрај тоа што веќе бил здрав, да остане до крајот на животот во болницата покрај своите пријатели, за кои се грижел со многу љубов. Така, тој му станал и послушник на о. Никифор, кому Бог, во замена за трпението, му дал многу благодатни дарови. Реки на народ се слевале во скромната келија на лепрозниот монах Никифор, за да му земат благослов.

Еве и некои сведоштва од оние кои го запознале:

„Иако и самиот беше погоден, со болки и рани, не се жалеше, но покажа голема храброст. Имаше дар на утешување на ожалостените. Неговите очи беа крајно чувствителни, скоро и да немаше вид, рацете му беа искривени, а нозете парализирани. И покрај тоа тој беше сладок, насмеан, раскажуваше за благодатни настани и искуства, беше благодарен и пријатен, достоен за љубовта на сите.“

„Неговото лице, кое беше изгризано од раните на болеста, блескаше и од него добиваа радост сите оние што го гледаа пресиромавиот и навидум болен човек, кој велеше: ’Нека е прославено Неговото свето име.’“

О. Никифор се упокоил на 74 - годишна возраст, на 4 јануари 1964 година. Откако по извесно време неговите мошти биле извадени, од нив започнало да се шири благоухание. Многу верни, меѓу кои и о. Евмениј, раскажувале за многу случаи во кои се случиле чуда, по молитвите на о. Никифор.

Со своето трпение, преподобниот Никифор му станал благоугоден на Бога и така се стекнал со многу дарови. До ден денес непрестајно се случуваат чуда кај кивотот со неговите свети мошти.

Извор: Ромфеа 

Преземено од : Бигорски манастир

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная