Во неделата на блудниот син, кога се празнува светиот великомаченик Георгиј Кратовски, во црквата на посветена на овој Светител во Детроит, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Американско-канадски г. Методиј. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
„...Радувај се, чесна главо, Георгије, зашто денес си Го прославил Христа како некогаш Стефан првомаченик или Стефан нови...“
„...имаше осумнаесет години. Имаше тенка и висока става, со руса коса и со долги образи, со високи и густи веѓи, нос малку свиткан надолу, со тенки прсти на рацете. Беше смирен и кроток и при средба со друг човек секогаш прв поздравуваше и на својот соговорник секогаш му се обраќаше со “господине”. Никогаш не се смееше без причина, ниту од неговата уста излегуваше празен и недоличен збор, и никогаш со ништо свое не се фалеше и никому не завидуваше....“ (од житието на светителот)