Што значи “самооправдување”? Во самата својата структура, овој збор го означува однесувањето во кое едно лице себеси си ја припишува вистината, со други зборови – мисли дека е праведен. Теоретски, сите ние себеси се сметаме за грешници, се покајуваме на исповед еднаш месечно или почесто. Но, кога станува збор за конкретни случаи, ние самите себе се оправдуваме: во овој случај, јас не сум виновен, во однос на тоа јас се однесував правилно…
Пред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението,...
Непрестајната молитва и благодарењето кон Бог за сѐ што ни се случува се условите за нормален живот. Ако човекот не Му благодари на Бог за сѐ, тој не може ни да се моли... треба да биде задоволен со сѐ што се случува, било тоа да доаѓа од него самиот или од заедницата, или од непријателите, или од демонот. На пример:
„Ние не постоиме поради протест кон властите на некоја земја или поради несогласувањето со некој епископ. Воскресението не е симбол на уневерзалното братство меѓу народите. Литургијата не е политичка демонстрација во служба на човековите идеи, иаоко дефинитивно содржи визија за човечкиот род, неговата земна и небесна судбина, која мора да ја научиме...
Секој човек ја бара вистината, го бара животот, бара од каде дошол и каде треба да оди. Ќе се осмелам да ги приведам зборовите од мојот духовник: „Ниту еден човек не сака да греши“.
Јас се изненадив, затоа што знаев дека сите сакаме да грешиме, но тоа е забрането.Тоа не е вистина! Човекот не го бара гревот. Гревот – е искривување на природата. Гревот.
Kога некој одлучи да води духовен живот, најпрво што треба да направи, е да се раздели со логиката, доколку сака да напредува. Животот по логика и духовниот живот се две сосема спротивни состојби, кои се спротивставуваат една со друга.
Оној, кој живее духовно, не ја користи логиката (т.н. ‘здрав разум’.)
Радоста, која ја дава знаењето, треба да биде дополнета од радоста на созерцанието, и тогаш ќе биде совршена. „Сè знам, сè разбирам, и сепак се зачудувам“, – вели човекот. Вчудоневидување пред СЕ, вчудоневидување, без оглед на сите маки, – тоа е убавината, тоа е спасението на светот, тоа е почеток на патот кон Бога…
А животот без восхитување пред убавината, а значи и без Бога, е празен и ништожен.
Многумина мислат дека Бог создал само едно небо, но Тој создал не едно, туку две. Многумина мислат дека Тој создал само една земја, но тој создал две. Но да почнеме од почеток...
Пред Бог да го создаде овој свет, кој го знаеме и во кој живееме, Он го создал духовниот свет, светот на ангелите. Пред создавањето на светот, кој го познаваме, се случил бунтот на Деница против Бог.
Малубројните, а богато надарени осаменици го пронаоѓаат патот до целта, до бесмртнита убавина. Другите одат по широкиот, „исшкрабан“ пат од уметноста и нејзините техники, односно преку надворешното: канони, ритуали, надворешна побожност – тоа е патот за „многуповиканите“.
Улогата на христијаните во светот е да ја прочистуваат атмосферата на земјата и да ја шират атмосферата на Царството Божјо. Од човекот кој го носи Божјото Царство во себе зрачат светли мисли, полни со љубов кон човекот, сочувствителност, Божји мисли.
Пустинските монаси привремено го напуштале тихувањето и доаѓале во светот за да го исповедаат Православието и да ги утврдат Православните во вистинската вера. Така свети Антониј Велики дојде во Александрија за да ја објави својата спротивставеност кон догмите на Аријанците.. Монасите одбивале да се причестат со декларираните еретици. Преподобните отци наши Сава Осветен и Теодосиј Општежителник...
Во нашата душа е и светлината на Рајот и пеколниот пламен.
Нашата душа е налик на прекрасен небесен цвет, но цвет кој е покриен со отровни пајаци.
Нашата душа личи на преубав неракотворен храм во слава на Бога Севишниот, но по скалилата на овој храм ползат страшни змии.
Одбележувањето на кој било христијански празник е незамисливо, доколку не се извршува евхаристија. Строго гледано, како празнични денови можат да бидат определени само оние денови во кои, според богослужбените типици, се служи литургија. Неучествувањето во евхаристиското собрание го лишува христијанинот од можноста да биде полноправен учесник во празниците.