логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

03. август 2011.
ЗА ОСУМТЕ ОСНОВНИ СТРАСТИ ПРОТИВ КОИ ХРИСТИЈАНИНОТ
МОРА ДА СЕ БОРИ

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Денес го славиме сеќавањето на преподобниот Јован Лествичник – големиот учител на Црквата, големиот наставник на монасите, прозорливец, кои со своите духовни очи ги видел самите длабочини, тајните одаи на човековото срце – споменот на Преподобниот Јован, игуменот Синајски.
Синајската гора е едно од најсветите места за Христијаните. Таму Господ преку Мојсеј му ги дал на светот Своите десет заповеди – основата  на целокупниот Стар Завет.
Уште во древните времиња, уште пред Раѓањето Христово, Синајската гора ја населувале испосници, кои се нарекувани внатрешни тихуватели. Тие го поминувале времето во псалмопоење и тихување, т.е. во непрестајно занимавање со умно-срдечната молитва и за основа на спасението ги сметале не само надворешните правила и обреди, туку, пред сè, внатрешниот живот, чистотата на срцето и мислите.
Во ранохристијанските времиња, после Вознесувањето на Исус Христос на небото, Синајската гора станала омилено место на монасите-подвижници.
Таа буквално била засеана со манастири, скитови, ќелии и изгледала како голема духовна кошница, каде што монасите собирале духовен мед од цветовите на созрцанието и молитвата.
  Таму, на Синајската гора својот живот, од младешки денови до длабока старост, го поминал Преподобниот Јован Лествичник.
Името Лествичник тој го добил според називот на својата бесмртна книга „Лествица“, којашто ја напишал на молба на својот соподвижник, игуменот Раифски.
 Во неа Преподобниот го опишал духовниот пат на човекот во вид на искачување на триесет скалила, кои водат од земјата на Небото, а во чест и сеќавање на триесетте години земски живот на Спасителот, кои поминале пред тој да излезе на проповед на Евангелието.
Овие триесет скалила претставуваат мистично приближување на душата кон Бога. „Лествица“ го опфаќа сиот духовен живот на Христијанинот.
Монасите сметале дека оваа книга, после Евангелието, е најнеопходна за спасение, но таа е богатство и за мирјаните. Заради тоа, Светата Црква благословила поуките од „Лествица“ да се читаат во деновите на Големиот пост.
   Ќе се задржам на учењето на Преподобниот Јован за борбата со осумте гревови – осум рани, осум отровни стрели, со кои демонот ги гаѓа нашите души. Кога би можеле да ја видиме сопствената душа, ние би се запрепастиле и ужаснале:
 во нашата душа е и светлината на Рајот и пеколниот пламен.
Нашата душа е налик на прекрасен небесен цвет, но цвет кој е покриен со отровни пајаци.
Нашата душа личи на преубав неракотворен храм во слава на Бога Севишниот, но по скалилата на овој храм ползат страшни змии.
За нашата душа се молат Ангели, небото се радува кога ние се каеме за своите гревови. Толку му е драгоцена човечката душа на Бога, подрагоцена од целиот создаден свет!
Но, нејзе ѝ приоѓа демонот и ѝ пее змиска пеколна песна, и таа, маѓепсана со својот соблазнител, најчесто оди со него – кон својата погибел.

Свети Јован Лествичник пишува дека гревот почнува во човечката душа од мислата. Светите Отци демонот го нарекуваат голем уметник.
 Тој прво ни дава „претстава“ на гревот.
Ова се нарекува предлог – човечката душа може да го отфрли или да го прими. Ако го отфрли – победила.
Ако човекот се двоуми во средбата со нечистата мисла, неговата душа влегува во разговор со неа и како да се соединува со неа. Потоа настанува она што подвижниците го нарекуваат согласност со мислата, а тоа е наше мислено согласување  гревот да го сториме и на дело.
Потоа, се вклучуваат и нашите чувства и гревот станува страст.
 Човекот бара прилика, замислува и смислува како да го оствари гревот.
 Потоа, кога гревот веќе е сторен, тој, повторувајќи се постојано, преминува во навика, а навиката, вкоренувајќи се во човечката душа, станува нејзина втора природа.

Гревот најлесно може да се победи додека е уште во фазата на помисла, - како што е полесно да се искорне млада билка, отколку дрво кое веќе пуштило корења длабоко во земјата.
Во Книгата за Јов, гревот е наречен мравколав (мравка и лав): тој прво е мал, како мравка, речиси незабележлив, но, кога ќе порасне станува моќен и грозен како лав и ја растргнува нашата душа како тој грабливец, а ние тогаш веќе сме беспомошни во неговите пеколни канџи.
Заради тоа, браќа и сестри, Преп. Јован Лествичник ни дал завет да бдееме над своето срце, нашиот ум да го чува срцето со Исусовата молитва.
Ви реков дека Преп. Јован Лествичник ги опишал осумте главни страсти, осумте смртни гревови, осумте отровни извори од кои проистекува сето духовно зло и погибел.
Тоа е како осум ѕидови кои стојат меѓу човечката душа и Бога, еден над друг, а последниот, гордоста, речиси достигнува до небото.

ЧРЕВОУГОДИЕ (СТОМАКОУГОДНИШТВО)

Првиот духовен чир, од којшто гнои и гние нашата душа е чревоугодие (угодување на стомакот, стомакоугодништво).
Чревоугодникот не е способен за ништо духовно. Уште во древните времиња луѓето говореле:
 „Човекот треба да јаде за да живее, а не да живее за да јаде.“
Чревоугодникот личи на подвижна кујна, во која непрестајно се готви храна, која непрестајно чади. Чревоугодникот, според зборовите на Преп. Јован Лествичник, не може да го управи својот ум кон небото, како што дебела птица не може високо да полета. Чревоугодникот целиот се претворил во смртно тело.
Самото чревоугодништво се дели на низа страсти, од кои првата е - чревобесие (побеснетост на стомакот): тоа е незаситна желба за неумерено прождерување на секаква храна.
Преп. Јован Лествичник вели:
 „Чревоугодникот е спремен да ги изеде сите житници на Египет и да го испие целиот Нил!“
„Чревобесие е“ „лага на стомакот, којшто и откако се наситил, вика – уште сум гладен.“
 Чревоугодникот престанува да размислува за духовното, небесното и веќе не е ниту способен тоа да го прави. Тој како целиот да се претвора во еден голем свински стомак.  

Друг вид чревоугодие е гортанобесието (разуданост на грлото), т.е. луда желба за слатка храна и специјалитети.
Потоа, тајнојадење, кога чревоугодието е поврзано со суетата: човекот пред луѓе се покажува воздржан, а јаде тајно.
 Потоа, во чревоугодие спаѓа јадење храна која го нарушува здравјето.
Свети Василие Велики вели:
„Храната треба да го закрепнува телото, а не да предизвикува болест.“

 Светите Отци, исто така, нè учат со стравопочит да јадеме од трпезата, не заборавајќи дека храната што ни е дадена е дар Божји. Тие за време на земањето на храната забранувале празни разговори, шеги, смеа и особено осуда.
 Кај блажениот Августин, епископот Ипонски, над масата бил закачен натпис: „Овде не се осудуваат луѓе!“.
И еднаш, кога чул како неговите гости почнале да осудуваат некој човек, тој прашал:
„Што сакате: да станам од масава или да го тргнам овој натпис?..“

Во Патерик се зборува како еднаш монасите јаделе храна и на некој прозорлив старец му било откриено:
околу оние кои јаделе во смирение и му се заблагодарувале на Бога за секое парче леб, за секоја голтка вода, невидливо стоеле Ангели и ги хранеле со мед; на оние кои јаделе во тихување и ја твореле за тоа време Исусовата молитва, Ангелите им давале некој небесен напиток со неискажлива сладост;
трети за време на трпезата се смееле, се осудувале еден со друг,
раскажувале смешни настани од животот на манастирот и демоните летале над нив и им ја скрнавеле нивната храна, ја плукале.
 Значи, браќа и сестри, Христијанинот треба да ја јаде храната со стравопочит и да му благодари на Бога за неа.

За човек да го победи чревоугодието, Јован Лествичник советувал од срце да се помоли на Бога и, јадејќи ја храната, да се има на ум дека ќе дојде час кога самото наше тело ќе биде храна на црвите, како и да се размислува за тоа како Господ на Крстот вкусил жолч и оцет.

БЛУД
Вториот чир, вториот грев е блудот.
 Преп. Јован Лествичник говорел:
„Кој сака да го изгаси блудот не победувајќи го чревоугодието личи на човек кој сака да изгаси оган фрлајќи оган во него.“
Како човек да ја победи оваа страст?
 Преподобниот авва Јован пишува:
„Треба да се засака понижувањето, да се пие потсмевот и клеветата како исцелувачки, очистувачки напиток; треба во сè да се има смирение – и внатрешно, во срцето, и надворешно, во облеката своја и однесувањето кон луѓето.“

Потоа, тој советува, човек да се оддалечува од сите поводи и причини на соблазна. Тој вели:
„Победата над оваа страст е бегство. Како што човек кој стои покрај бездна може да падне од првиот удар, така може да падне во овој гнасен грев човек кој пројавува неопрезност.“
Потоа Светиот продолжува:
„А ако човек стои далеку од бездната, дури и ако го влечат до неа, тој уште може да вика на помош, може да се фати за грмушките и дрвјата и да се задржи.“

ГНЕВ
Третиот чир на нашата душа е гневот.
 Ние се гневиме кога не ни се исполнуваат нашите желби. Заради тоа, за човек да го победи гневот треба да се труди да стане бестрасен, да не го предава своето срце на земското и световното.
Гневот се дели на неколку видови.
Како прво – јарост. Јар – значи огнен.
Тоа е незадржлив гнев, кој човекот го обзема толку, што тој се однесува како безумен.

Друг вид на гневот е злопамтењето, кога човек долго не ги заборава навредите; и ова е најстрашниот и најопасниот вид на гнев, при којшто човечкото срце како да се претвора во легло змии кои се скриле во мракот.
 Молитвата на злопамтливиот Бог нема да ја услиши.

Други облици на гнев се омраза, навредливост, одвишна подозривост на човекот, кога тој во сè гледа нечии сплетки против себе, во секој збор – осуда, алузии и потсмев; кога, како што рекол еден богослов, човекот личи на бомба наполнета со нечистотија и доволно е човек невнимателно да помине покрај неа, па бомбата да експлодира и сите да ги обземе страшна смрдеа.

Како да се бориме со гневот?
Преп. Јован Лествичник учи:
„Како прво, кога во нашето срце врие гнев, не треба да се стапува во никакви разговори и расправи; треба прво да се задуши, смири гневот во своето срце; а дотогаш победа е - молчењето.“
Потоа, Јован Лествичник советува да се сетиме на доблестите на човекот на кого што се гневиме, зашто во моментот на гневот ни изгледа дека овој човек е средиште на сите зла и пороци.
Сети се на неговите доброчинства кон тебе, сети се на сите негови добри дела и истовремено сети се на своите гревови и тогаш твојот гнев ќе стивне.
Потоа, Светите Отци советуваат, човек, пред било што да каже, во мислите да изговори молитва. Ако не можеш да молчиш, туку мораш да одговориш, ти прво изговори ја во своето срце триесет и три пати Исусовата молитва и дури после тоа одговори.
Значи, победата над гневот е, пред сè, победа над својот јазик. Потоа следи втората етапа, кога веќе се бориме со нашите гневни мисли.

СРЕБРОЉУБИЕ
Четврта страст е среброљубието. Како што пишува Преп. Јован Лествичник, среброљубието е губење надеж во Бога.
Апостол Павле среброљубието го нарекува тајно идолопоклонство (Кол. 3, 5). Среброљубието, исто така, се дели на неколку видови:
 скржавост, кога на човекот му е подеднакво тешко да се оддели од она што му припаѓа, како некој да му ја сече сопствената рака;
потоа, алчноста – тоа е скржавост соединета со желба за стекнување; љубов кон поседување предмети, богатство и слично на тоа.
Луѓето често штедат пари, велејќи дека тоа го прават за подоцна да имаат можност да им помагаат на други. Не е тоа така.
Најчесто, кога човек ќе заштеди пари станува бездушен и бесчувствителен, дури и кон своите пријатели и роднини.
Во Патерик се зборува за Преподобниот Евлогиј каменорезецот, кој се одликувал со немање желба за стекнување и необична добродушност.
Но, кога ненадејно се обогатил, станал суров кон сиромашните и горд во однесувањето со своите пријатели. И дури откако повторно осиромашил, тој се вратил кон својот поранешен добродетелен живот и Бог му простил.

Исто така, постои приказна за еден градинар, којшто целиот живот давал сè што би заработил на сиромашните и оние што имале потреба.
 Но, му паднало на памет – „ќе си оставам нешто и себеси за црни денови“ и заштедил триесет златни парички.

И настанал црн ден – почнала да го боли и да му скапува ногата. Се обраќал на разни лекари. На своето лекување потрошил речиси сè што заштедил.
 На крајот, лекарите рекле дека не се во состојба да му помогнат, дека треба да се исече ногата.
И пред да биде опериран, тој во солзи Му се молел на Бога и велел: „Господе! Прости ми што сум згрешил пред Тебе.
Господе! Откриј ми заради што ми е пратена оваа казна?“
 И Господ му открил низ видение:
затоа што имал доверба во парите, а не во Него!
 Но, заради поранешните свои добри дела, градинарот добил исцеление и следниот ден, кога лекарите дошле кај него и донеле ножеви и други инструменти за операција (било страшно и да се погледнат), па му ја разголиле ногата и виделе дека сите рани и чирови поминале и се вџашиле заради ова чудо, кое се случило на нивни очи.

Ви раскажав за четирите главни страсти, а вкупно ги има осум. Времето е ограничено и заради тоа, ако Господ благослови, следната недела ќе раскажам и за останатите чирови на нашата душа.
Книгата на Преп. Јован Лествичник е големо богатство. Кога ја читаме, ние во мислите како да разговараме со него.
На нас грешните, со оваа бесмртна книга и своите свети молитви, тој нека ни биде патеводител во вечниот живот. Амин.
* * *
Минатиот пат, на денот на сеќавањето на Преподобен Јован Лествичник, почнав да говорам за осумте главни страсти, за осумте гнојни чиреви кои ја разјадуваат и унакажуваат убавината на иконата Божја во човекот, како осум змии, кои, испреплетувајќи се во едно клопче, лежат во длабочината на човековото срце;
за осумте скалила преку кои демонот како во своја куќа, влегува во човековата душа и преку кои човечката душа се симнува во пеколните длабочини.

Говорев за страстите на стомакоугодувањето, блудот, гневот и среброљубието; а сакам да додадам дека не е само животот на среброљубецот жалосен, зашто тој е слуга на суровиот господар, туку е и негова смрт – награда за тајното идолопоклонство, за служење на богатството.

Често среброљубецот умира со смрт без покајание, неочекувано, со срамна смрт. Тоа е казна за оние кои богатството го престорија во свој кумир  (идол,заб.прев.) оние, кои своето срце – обвитувалиштето на Духот Свет – го претвориле во новчаник за чување пари.

Некогаш, во древните времиња Израилците излегувајќи од Египет и отпаѓајки од Бога,  го излеале златното теле: пееле химни, танцувале пред него и паѓајки на земја му се клањале, вознесувајќи му молитви како на божество.

 И за среброљубецот, парите се негов идол, тоа е негов кумир; во својот мрачен, безбожен живот тој само во него наоѓа радост.


Се случува оваа страст да ги потчинува кон себе и  луѓето верници, луѓето благочестиви.
Во житието на свети Андреј Христа ради јуродивот, се говори за еден, очигледно добродетелен монах, кој живеел во Константинопол.
Тој се одликувал со пост и целомудрие, со луѓето разговарал со стравопочит и нежно. Овој монах се населил покрај  пазарот,  за,   како што сам објаснувал, со својата проповед да ги упатува грешниците на покајание, за да биде меѓу народот.
Луѓето го величале како праведник.

Еднаш, Свети Андреј, сретнувајќи се со него рекол:
 „Оче дај ми за храна, гладен сум.“
Овој одговорил:
„Сине мој, дадов завет на сиромаштија, немам ништо, освен молитва.“
Свети Андреј заплакал: тој ја видел страшната змија која го обвиткала овој монах, а на телото на змијата било напишано – „среброљубие “!

Светиот го повикал монахот и рекол:
„Те молам, немој да го упропастиш подвигот на својот живот, не ја упропастувај твојата девственост, не ги упропастувај молитвите кои деноноќно ги упатуваш на Бог !
Господ ми откри дека си заробен од страста на среброљубието, твоето тело веќе го обвиткала пеколна змија, уште малку и целиот ќе те проголта!“

Кога човекот е предаден на  среброљубието во него навидум стивнуваат сите останати страсти. Но, тоа не е затоа што е тој над нив, туку заради тоа што се препуштил на една – најлудата.
 
УНИНИЕ

 По среброљубието и гневот следи страста на грешната тага, унинието.
Постојат два вида на тага.
Една е тагата на покајанието, тага заради своите гревови, проткаена со надеж. Светите Отци ја нарекуваат радостотворна тага.
Поинаква е тагата световна. Таа тага е како смрт пред смртта.
Таа тага потекнува од претераната приврзаност на човекот кон земното. Тој во животот  го бара она што овој живот не може да му го даде.
Тој бара среќа и се` што се обидува да направи на негови очи секојдневно се руши како кула од карти, и привидот на среќата  исчезнува како сенка.
Тој бара постојаност,  но тука се` се менува, се` како река тече, се струполува во бездна, како се` на земјата, исчезнува во ненаситната челуст на смртта.
Човекот бара спокој, но околу него е метеж. Тој како да се наоѓа во вечно разбранувано море. Не може да се  потпре ниту на пријателите во кои гледа несигурност и себичност.
Тој прави планови, но наидува на безбројни пречки; неисполнетите желби постојано му се враќаат:
 Како што брановите, заплискувајќи го брегот повторно брзаат да се вратат во морето, така и желбите, сега веќе како жалост, повторно се враќаат во неговата душа...


Значи, за човекот да го победи демонот на грешната тага, најпрвин мора да ја победи страсната врзаност за светот, страсната врзаност  за земното, страсната врзаност за видливото.

„Оној кој ја победил желбата за стекнување ја победил таквата тага“, пишуваат Светите Отци.
 Всушност,  тие говорат дека понекогаш демонот на унинието и тагата, без никаква причина тајно му приоѓа на човекот, му се прикрадува како змија  и ја спалува неговата душа со својот отровен здив, ја исполнува со горка жолч сета скриена внатрешност на неговото срце.
Грешната тага, по правило, преоѓа во уште полуда страст униние (очајување).

Човекот победен од унинието личи на ранетo и во замка протерано животно кое одникаде повеќе не очекува спас. Унинието е отфрлање на Божјата помош, тоа е прекриена омраза кон луѓето.

За време на унинието целиот живот на човекот му изгледа како зло и како празна шега.  На човекот му изгледа дека доспеал до некаква мрачна јама од која нема излез.
Сета вселена му изгледа како некаков огромен и бездушен механизам, спремен да го задуши како ништавно зрнце.
 Во се` што го опкружува тој не гледа премудрост  и волја Божја, туку некаков црн хаос. Крај на унинието е очајувањето и богоборството, кога човекот ја отфрла самата промисла Божја за себе.

Светите Отци говорат дека за време на унинието човекот мора гласно и јасно да ја изговара Исусовата молитва или да пее псалми, зашто псалмите имаат тајна сила за одгонување на духовите на темнината.

Човекот кој паднал во униние  треба да ги исповеда сите свои гревови, почнувајќи од детството. А главното средство кое овозможува да се победи, да се искорени унинието е послушанието.
Кај Отците може да се најдат зборови како што  се:
„Послушникот не знае за униние, тој е секогаш радосен.“


СУЕТА

Седмата страст е страста на суетата, кога човекот копнее за човечка пофалба и слава светска, непрестајно и ненаситно копнеејќи да го испива овој смрдлив пијалок. Таквиот човек станува лицемер кој се прави дека живее добродетелно, надворешно  гледано води благочестив живот за другите да го видат, “глуми“  како глумец на сцена.

Како што некои растителни паразити обвиткувајќи го стеблото на дрвото ги исцицуваат од него сите сокови, така и суетата одвнатре го опустошува човекот.
 Како што змијата нектарот на цветовите го претвора во отров, така и суетата сите добродетели ги претвора во пороци.

Како човекот да се  бори против суетата?
Со молчење, со едноставност во однесувањето, во облекувањето и во храната.

Така, на пример, Свети Јован Златоуст ја фалел ѓакониса Олимпијада која потекнувала од угледна фамилија, зашто не се облекувала раскошно, како што и` било возможно заради нејзиниот огромен имот, но не се облекувала ниту особено сиромашно за луѓето да не ја прославуваат како подвижничка, туку носела скромна и едноставна облека, не одвојувајќи се од другите.


За да ја искорени суетата, човекот сите свои добри дела треба да ги прави тајно.
Во Отечникот постои приказна како еден монах одлучил да ги посети браќата кои живееле во Египетската пустиња во најзафрлениот и најсиромашниот крај.

Браќата го промиле со радост. Му изнеле на трпезата се` најдобро што имале, на секој начин се труделе да му послужат. Тој не забележал дека овие браќа строго постат, дека пеат псалми, дека принесуваат  молитви на Бога, не видел ништо што би наликувало на општелници (осаменици, заб.прев)  и се соблазнил.
Рекол: „Колку дена и колку труд потрошив за да дојдам кај нив, а не најдов ништо полезно за својата душа!“

Простувајќи се од нив, тој се упатил назад. Но, според волјата Божја се случило на тоа место да се подигне магла од ситниот прав, што се случува во пустиња.
И тој, бидејќи долго време скитал, повторно се вратил до местото каде што тие живееле.
И застанувајќи пред вратата на келијата, тој слушнал однатре пеење на псалми.

Одлучил да не го вознемирува братството туку да сочека тие да го завршат правилото, но пеењето на псалмите траело долго, многу часови.
Не издржал, та затропал. Браќата му ја отвориле вратата.
Тој рекол:
“Жеден сум“, и го зел од масата бокалот со вода, а кога отпил почувствувал дека е горчливо – солена.
Тогаш паднал пред нозете на игуменот на овој скит и извикал:
 „Оче мој, не сфаќам што се случува овде?
Кога бев тука вие речиси  воопшто не се молевте, ми дадовте добра вода и вино, а што пиете самите?“.
Овој му одговорил:
 „Сине мој, имаме обичај никому да не  го откриваме својот живот и да не покажуваме како се молиме. Те примивме, покажувајќи љубов спрема патникот, а самите пиеме вода во која е  растворена сол, зашто држиме пост кој не се однесува само до храната, туку и вода земаме во голтки и умерено.“
И тој заминал, стекнувајќи голема корист.

Египетските Отци говореле:
„Добродетелите за кои светот ќе дознае ја губат својата цена, тие престануваат да бидат добродетели.“

Ранохристијанскиот автор Јерма пишува во книгата „Пастир“ :

Одбери си  себеси духовен отец, не го барај далеку, сеедно тој ќе биде во Црквата, само внимавај на духот на лагата.“
А духот на лагата, ѓаволот, таму е, каде што е гордоста и суетата. Страшна е гордоста, тоа е она што во животот понекогаш се нарекува „помпа“.
„Помпа“ е надворешен блесок, надворешна раскош.

Суетниот подвижник за време на својот живот потпаѓа под власта на духот на лагата. Но, смртта ја открива вистината.
Зашто, Светите Отци говорат:
„Во смртта се открива човекот, онаков каков што е.“
И забележано е дека гробот на суетниот подвижник бидува пуст, тој не ги привлекува човечките срца.

ГОРДОСТ

Осмата страст по ред, но прва по својата погубност  и лутина е  - гордоста. За неа ќе ви раскажувам следниот пат, зашто времето е ограничено.

Гордоста ги потресе небесата, гордоста Ангелот го претворила во демон,
гордоста ги протерала од Рајот нашите прародители и ни даде во наследство жалост и страдање.
Гордоста земјата ја претворила во реки и мориња од солзи и крв.
 Гордоста е осмата страст, но таа е поголема од сите заедно.
 
Ако Господ благослови,  во свое време ќе кажеме нешто за неа следниот пат.

А денес, ви го честитам празникот на великата подвижничка на Источната Православна Црква – Преподобна Марија Египетска, во чие искуство, навистина, препознаваме дека Бог е неискажливо Милосрдие и Сепростување. Амин.

АРХИМАНДРИТ РАФАИЛ КАРЕЛИН

СО ХРИСТОС КОН ВИСОЧИНИТЕ НА ОБОЖЕНИЕТО

Преведе: Мина Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная