логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

11 април/24 април 2018 лето Господово    

Старец Пајсиј Светогорец


Душата која се возбудува од убавините на овој свет, покажува дека во неа уште живее суетниот свет и затоа тргнува по созданието, а не по Создателот, по глината, а не по Бога. Не е важно дали таа глина е чиста или е кал на гревот, зашто човекот по дух е сроден на Духот Божји и со духот, преку молитва, се соединува со Бога.

Исихастичкиот живот (во пустина) со своите повеќекратни предности многу помага во молитвата. А и самото тихување е една мистична молитва и многу помага во молитвата, како дишењето на човекот.

Молитва во недостиг од сон ја храни душата и ѝ дава чувство на сигурност, кое го има детето во прегратките на мајка си. И секако дека е попаметно детето кое трча во прегратката на својата мајка и бива нахрането со љубов и нежност, отколку ние возрасните што го избегнуваме соединувањето со Бога, преку молитва во љубовта, која многупати ја гледаме како задача.

Не постојат поблажени луѓе од оние кои воспоставиле врска со небесната станица и така примаат бранови (пораки) од Бога, исто како што не постојат понесреќни од оние, кои прекинале секаква врска со Бога и зашеметени скитаат по светот.

Блажени се оние кои за свој центар во срцето Го имаат Христа и се вртат околу Неговото свето име, умствено, постојано повторувајќи Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот.

Тихувањето надвор од светот многу брзо донесува и внатрешно тихување на душат, соединето со подвиг и непрестајна молитва. Тогаш, човекот повеќе не се вознемирува од надворешните немири зашто, всушност, само телото се наоѓа на земјата, додека духот се наоѓа на небото.

Во таа состојба, природно, се наоѓале и Светите отци, продуховени луѓе кои, речиси, по ништо не се разликувале од ангелите, зашто и тие, деноноќно, пребивале на небото, молејќи се постојано умствено.

Срцето поробено од суетниот свет ја држи и душата ненахранета и умот помрачен, и тогаш човекот се покажува како духовен изрод.



Бдението со молитва му обезбедува здравје и живот на духовниот развој, зашто го чисти и изострува умот, го смирува немирното тело, го грее срцето со љубов кон Бога, а душата ја прима божествената благодат.

Ноќната молитва помага многу повеќе од дневната, како што ноќниот дожд многу повеќе му помага на растението од дневниот.

Оние, кои на бдение се борат со молитва, дури и да задремат малку, повеќе Го радуваат Господа, од оние кои се наситуваат со сон и не дремат. Дури и оние кои ќе заспијат на столот, илјада пати се подобри од оние кои спијат во кревет. Не треба да ги трошиме своите енергии на суетни работи, кои, еден ден ќе станат прав, зашто тоа е Каинова жртва (2. Мојс. 4, 3). Кога заморот е оправдан и задремуваме, подобро е за време на бдението да не обземе сон две-три минути и така природно да се раздремеме, отколку да го растеруваме сонот со кафе и да ги раздразнуваме нервите. Подобро е да се бдее помалку часови со чиста молитва, отколку да се бдее цела ноќ и нестрпливо да се очекува крајот, а потоа денот да се помине во кревет.

За чиста молитва од голема помош е оддалечувањето од светската врева и од многу луѓе и, ако е можно, човек да остане потполно сам. Кога човекот ќе се осами, душата многу полесно се движи, а срцето се отвора пред Бога. Тогаш лушпата на душата полека се распаѓа и таа станува почувствителна, не само кога размислува за Бога, туку и кога ќе го чуе Неговото име. Нормално, истото се случува и со името на Христа и Богородица.

За монахот е природно да биде сам и молитвата да му е одмор. Всушност, затоа и се вика монах, за да живее сам со Бога, постојано да разговара со Бога, а не да празнослови со луѓето. Колку повеќе избегнуваме разговори со луѓето, дотолку повеќе добиваме помош во молитвата и со молитва им помагаме на луѓето. Световните разговори се духовни паразити (дури и ако некој само ги слуша), кои ја спречуваат непрестајната молитва, особено во нејзините почетоци. Затоа е неопходно внимание, за на почеток да се сконцентрира умот, а и подоцна да не падне во самоизмама.

Проучувањето на Светите отци е од голема помош, зашто Отците со својот евангелски живот ни го толкуваат Евангелието. Добро е и проучувањето на самиот себе, нашата грешност и неблагодарноста за добрините Божји. Сето тоа природно донесува смирение и благодат Божја. Духовното проучување ја грее душата и ја поттикнува кон подвиг и молитва. Проучувањето на самиот себе донесува смирение и покажува неопходност од молитва. Затоа е добро пред да почнеме да се молиме на бројаница, да ги измериме многуте наши гревови и многуте Божји добрини.

Кога за време на молитва умот ни застранува кон непријатни работи или тие доаѓаат без наша волја, не треба да се посегнува по војна со зборови против непријателот, зашто и кога би се собрале сите адвокати, не би можеле да излезат на крај во расправиите со најмалиот ѓавол. Тој може да се истера само со игнорирање, а така треба да се прави и со богохулните помисли. (Секако, непријателот ќе лае некое време, но, потоа ќе замине). Човек не треба да се вознемирува поради хулењата на ѓаволот, туку, само поради своите гревови и да се надева во бескрајната милост Божја, зашто таму, каде што недостига надеж во Бога се појавува опашката на лукавиот.


Значи, умот за време на молитва треба да го спуштиме во срцето, и од голема помош е малку да се задржува дишењето, но не постојано, зашто на срцето може да му штети овој телесен притисок. Секако, срцето не се чисти со ваков вид на притисок, туку со една усрдна, смирена и покајничка воздишка, која излегува од длабочината на срцето. Ова донесува божествена утеха, додека телесниот притисок донесува безнадежност и потиштеност, а особено кога човекот себеси се принудува егоистично и без мерка.

Но, кога човекот се бори со надеж, добива божествена утеха и душата непосредно чувствува милување на Божјата љубов. Тогаш срцето станува привлечено од Бога, а бројаницата со радост се врти. Секако, на почетокот е потребно ревносно смирение, со мерка, додека се опушти нашето духовно масло за душата да може да тргне напред и непрестајно да се моли.

Разнообразноста во бдеењето е од голема помош. Кога некој е сам, првин треба да направи големи метании, потоа мали и на крајот молитвата. Седејќи или клечејќи да го повтори сето ова според времето кое го има на располагање. Овој образец многу помага, бидејќи донесува духовна живост и го одбива уморот; исто така, ја разбива поспаноста и дава духовна бистрина за време на молитвата.

Големата презафатеност со уморот и истоштеноста, а особено ако е под принуда, ја запоставува и разгневува душата. Зашто, при недостиг од молитва и духовни делања, непријателот ги напаѓа нашите духовни достигнувања и војува против нас преку телото и помислите и ги отстранува сите наши сили, душевни и телесни, и ја прекинува нашата врска со Бога, а потоа доаѓа ропство на душата со страсти.

Умерената физичка работа (особено кај почетник) многу помага, бидејќи му донесува двапати повеќе здравје и благослов Божји на човекот. Зашто, освен тоа што се снабдува со неопходните нешта, со нив може да им помага и на други, и така да Го прославува името Божјо. Нормално, од монахот се бара духовно господарење, т. е. да дели благослови (материјални добра), а не да живее од благословите (материјалните добра). Духовното господарење многу помага, бидејќи и дава крилја на душата и го одржува телото со малку храна.

Рачната работа која се практикува во мир и молитва ги осветува луѓето, додека, пак, онаа работа која е под присила и нервоза, ја пренесува таквата демонизирана состојба и на другите. Присилната работа им припаѓа на луѓето од овој свет.

Секако, на монахот му доликува внатрешен и надворешен мир, потоа побожност и непрестајна молитва за осветување, како на неговата душа, така и на душите на неговите ближни, кои не се во можност да се молат.

Во случај, рачната работа да е бучна, тогаш помага тивкото пеење на псалми, се додека душата не го достигне оној степен на божествена отсутност, кога повеќе не слуша никакви звуци, или ги слуша само кога сака, т. е. кога умот ќе се врати од небото. Секако, рачната работа треба да биде едноставна, за рацете да се навикнат да работат сами и да немаат потреба од умот.

Потребно е целосно внимание за да не ги исцрпиме сите телесни сили на рачната работа, па, потоа да не можеме да ги вршиме духовните обврски, или да ги вршиме без волја и едвај да чекаме при вртењето на бројаницата, да наидеме на крстот; или кога правиме метании едвај да чекаме кога ќе завршиме со метаниите, кои се покорисни од сите духовни вежби.

Со метаниите понизно Му се поклонуваме на Бога и бараме милост и прошка на нашите согрешенија и затоа се викаат метании. Метаниите за нас или за нашите ближни (живи или упокоени) се најважната физичка работа од сите рачни работи. Тие не спаѓаат во рачна работа со огромен труд, доволно е само да се биде усрден и да се поработи на метаниите.

Треба да знаеме дека кога се губиме во залудни, неважни работи, на крајот ја губиме и душата.

Повеќето метании се случуваат кога срцето ќе затрепери од благодарност кон Бога, зашто душата се пројавува преку овие метании, кои ни донесуваат изобилна благодат Божја и телесно бестрастие.

Многуте метании му даваат можност на човекот да го издигне духовното ниво на добродетелите, како што лесно и без умор би се искачил на врвот на ридот.

Ако не се бориме, ќе останеме статични и неподвижни. Да имаме барем смирение, раката Божја, иако не сме заслужиле, ќе не подигне кон небото. Но, ако немаме дури ни смирение – Господ да чува! – ќе тргнеме надолу. Добро е смирено да се бориш и да не испитуваш, ниту да осудуваш други, туку самите себеси, доколку сакате да стекнете духовно здравје.

Оние, кои се телесно болни и не можат да се подвизуваат, можат да се подвизуваат духовно, со внимание и непрестајна молитва, за да ги искоренат душевните страсти и непрекинато да размислуваат за светите страдања Христови и со нив да се ‘насладуваат’ (во смисла, мевлем на рана) во нивните болки и трпеливо да Го прославуваат Бога, за да добијат маченички венец.

За време на молитвата, додека другите го завршуваат своето правило, ако не можат да прават големи метании, тогаш можат мали, или, барем, можат да изговараат молитви за да не заспијат; доколку монахот не е болен, или на некој друг начин оправдан. Постојано да се испитуваме себеси, дали сме во право или не, за да не останеме духовно празни и непријателот да не нè изненади, бидејќи тој никогаш не спие, туку постојано чека прилика да ни направи големо зло.

Затоа, кога ќе се најдеме себеси помрачени и со замрзнато срце, треба да посетиме некој подвижник за да се разведриме, и некој напатен човек за да го принудиме срцето да не заболи и да им помогне на други со љубов, и така да се загрее со љубов и да одмрзне.

Кога човек духовно е здрав и ќе се оддалечи од луѓето за повеќе да им помогне со својата молитва, треба сите други луѓе да ги гледа како светии, а себеси како грешник.

Пустината (во добра духовна состојба), ако себеси целосно Му се предадеме на Бога, многу помага. Тогаш треба да бидеме нерасеани и целосни, „со мирна душа”, така што, духот да може да прави големи чекори, но, потребно е и внимание за да не западнеме во прелест (себеизмама). Тогаш, главата треба да ја држиме добро заклучена, за лукавиот да не вметне горделива помисла и да не заведе со фантазија и лажна светлина, која не воздигнува до рајот, туку фрла во амбис. Лукавиот, амбисот ни го претставува како градина и така ги исмева слабите созданија Божји. Секако, духовно здравиот човек во овој живот не бара да му се покаже ниту вистинската светлина, туку само милоста Божја, а Бог го дава она што на Неговите созданија им е потребно.



Оние, кои живеат во општежитие, со своето заемно помагање се движат многу посигурно од отшелниците, кои се сами. Макар што и во општежитието може да се појават караници и неволји, но, сепак им е полесно, зашто со малку самооткажување можат многу да напредуваат. За разлика од отшелникот, кој мора многу да се откажува за да го отпочне својот подвиг на смирение и внимание, умереност и непрестајна молитва.

Почетникот кој бега од сигурноста на општежитието и егоистично се затвора (правејќи се затвореник), исто е како да се затвора во лудачки кафез. А, ако уште и по природа е наклонет кон тага и затворен во себе, тогаш ќе се задуши од помисли и потиштеност. Доколку има малку смирение, ќе се врати во општежитието и ќе се спаси, а ако и понатаму продолжи по свое, ќе се изгуби.

Природен курс за монахот е: пред се, да биде послушен, да се исчеличи и да се подвизува со потполно смирение и побожно да ја проси Божјата милост. На тој начин, постепено ќе се искачува кон Голгота, ќе се распнува и потоа духовно ќе воскреснува, радувајќи се и славејќи Го Бога како ангел.

Оние, кои вака го живеат духовниот живот во светот – т. е., како секој ден да е Велигден, без претходно да го доживеале Великиот пост и Распетието – не можат духовно да воскреснат, ниту да Го засакаат Христа. А тоа е од причина што самите не страдале, за да можат да ја почувствуваат маката и страдањето Христово за наше спасение, та, така да се насладуваат со љубовта Христова и да бидат духовно обземени со божествената љубов и вознесени на небото.

Значи, ако човек не напредува на природниот пат од духовниот живот: распетие – воскресение, за да ги доживее воскресните духовни и небесни состојби, тој бива победен од световните луѓе. Зашто, световните луѓе некако и можат да ја разберат божествената љубов, ако некој им објасни, додека оние кои се определиле и упатиле кон небесната љубов и возвишените радости, остануваат на половина пат како Лотовата жена (2. Мојс. 19,26), и нормално е, срцето да им е бесчувствено како камен, и да се соблазнуваат дури и од самите зборови „божествена љубов”, која, инаку, ја слушаат и од нашите црковни книги.

Таквите луѓе имаат најголема потреба од молитва, за чудо Божјо, кое, нивните скаменети срца би ги преобразило во човечки, духовни, за да Го засакаат Бога, зашто само Бог може од камењата да издигне чеда Авраамови, како што вели Евангелието (Мат. 3, 9).



Извадок од книгата: Старец Пајсиј Светогорец, Велес: Повардарска епархија „Св. Ѓоргиј Полошки“ 2016, 210-217

 Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная