логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Монаси

Затоа што тоа ги предизвикува основите на ропството и страдањето, а не нивните атрибути.

Зошто монаштвото е бунт? Затоа што тоа ги предизвикува основите на ропството и страдањето, а не на нивните атрибути. Луѓето – се робови што страдаат. Тие се бунтуваат против ропството, а од страдањето – бегаат. Но ропството умеело да ја промени формата, не менувајќи ја суштината. Страдањето го фаќа човекот без труд. Основите пак на ропството и страдањето се – самољубие, славољубие, сластољубие. Плодови на паднатата природа, намножени ларви на гревопаднатоста.

Најнапред ларви, а потоа и китови запливаа по сесветската тага на Земниот град на спротивната страна од Небесниот Ерусалим. Кој не ги препознал овие непријатели (самољубие, славољубие, сластољубие) и посакува да се избори за среќа, тој е слепец раскинат од внатрешните противречности. Осврнете се кон познатите светски револуции. Секаде во нив ќе забележите грст подлеци и мала армија од измамени глупаци. Првите, на плеќите од вторите секогаш ќе се пентарат на планината за да го обезбедат за себе сопствениот трон и на прелажаното стадо да му наплатат со најтешка тиранија без преседан. Ќе забележите игра на ниски инстикти: завист, жед за крвопролевање, пијанство од седопустливост. Ќе видите волци во овча кожа и смокинзи на површината од таа кожа. Ќе видите цели стада овчички коишто копнеат, исто така, да станат волци. Монахот го гледа сето тоа, и затоа тој не е таму. Тој не може никого да разубеди, но затоа може да одмавне со рака и да се оддалечи. Знаете ли дека оваа единка што се оддалечува му нанесува на мрачниот непријател неиздржлива навреда иако во рацете на овој непријател се наоѓаат милиони демони?

Во светот којшто сме навикнале да го нарекуваме цивилизиран (во што и се состои грешката, со самото тоа што има многу цивилизации, а нам ни наметнале дека таа е една и дека е универзална) постојат неколку символи здобиени по наследство. Денес тоа се знакот на парите, технолошкиот пронајдок и девојка во костум за капење на хауба од автомобилот. Но, се работи за нов каприц на времето. А некогаш имало древни символи достојни за внимание. Како прво – книгата. Зашто цивилизацијата е интелигентна и со тоа се гордее. Потоа – очите. Тоа дури не е и Севидечкото око во рамностраниот триаголник, туку човечките очи како најблескотна потврда на личноста со свест. Не мртва природа и пејсаж, туку исцрпувачки портрет што го изразува развојот на цивилизацијата којашто некогаш била заинтересирана за Личноста. Висечки портрети по ѕидовите на безбројните музеи и изложби, портрети ѕиркајќи нè од далечното „вчера“ – тоа е символот на цивилизацијата којашто ја интересира личноста. Па цивилизацијата некогаш ја љубела личноста, се борела за неа и нејзините права, за неа се беспокоела. Денес сето тоа се претвори во реторика и димна завеса, а суштината на цивилизацијата стана поробување на личноста и изострување на измачувањето врз неа.

Како своевиден символ на цивилизацијата може да се нарече – раката, поточно, зглобот на човековата рака. Тоа е восхитувачки умешен орган, вешт и силен со број на прсти коишто потсетуваат на бројот на раните на Телото на Спасителот. Рака што меси тесто; рака со сликарска палета или со компас; рака со четка или рака врз машина за пишување. Токму таа човечка рака, силна и умешна, посегнува кон Бога на една од најпознатите фрески. Кон неа и Он ја посегнува Својата рака во одговор. Таков символ сме наследиле од уметниците на изминатите векови. Навистина и на тој символ рекламите му ја испија крвта, и она што порано го символизирал взаемниот стремеж на Бога и човекот, денес ја символизира привремената гласовна врска помеѓу луѓето со помош на мобилниот оператор.

Постојат древни символи на цивилизацијата: книга, очи, рака. Сето тоа го има монахот.

Книга, очи рака. Сето тоа го има монахот. Тој не може ниту смее, нема право да живее без книги и труд. Затоа неговите очи се така убави. Тоа се длабоки и убави очи. Во нив е болката на личните порази и радоста на Христовата победа. Во нив е она богатство на затскриениот живот коешто е така тешко да заискри во згаснатите очи на уморниот современик, во краткотрајниот блесок во очите на телевизискиот херој или политичкиот претставник на златниот милијардер. Едните ја изгониле душата, другите ја продале, и затоа им се потребни очила за заштита од сонце или контактни леќи.

Трудот и знаењето се достојни за почит. Паразитизмот и непрекинливата потрага по задоволства се достојни за презир. Држете се за првото и бегајте од второто. Тесните патчиња на потрагата или патиштата на бегството порано или подоцна ќе ве доведат пред вратите на христијанскиот манастир. Вие таму ќе се чувствувате како турист и ќе бидете воодушевени. Ќе чувствувате дека сте во своевиден времеплов. Што е ова? – ќе прашате. Зарем е можно вака да се живее? Во нашево време?

Протојереј Андреј Ткачев (продолжува)

Превел од руски м-р Пантерлеј Кондратјурк Со благослов на о. Горан Тасески

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2100
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная