Свештеник Зоран Копчаревски - Втора недела по Педесетница (18.06.2017)
Како се објаснува решителноста на простите рибари веднаш да тргнат по Христа? Човековата душа е дадена од Бога, и таа се стреми кон Бога, копнее по правда, бара вистина, чезнее по неа. Така било и со првите апостоли. Нивните души биле чисти, прости, невини како детските. Христос овоплотената вистина, вечната правда завладеал со нив. Христос ги учел од ловци на риби да бидат ловци на луѓе, ги направил проповедници на новиот живот,