Наследството на свети Климент
Свети Климент за нас Македонците е Новиот Павле кој во маки, со дарот на словото и со силата на молитвата, од род во род, грижливо духовно нè раѓа и родителски се труди – наспроти стариот, да се вообличи во нас новиот христообразен човек, оној што го наследува сето она што Христос го подготви со своите распетие, смрт и воскресение.