Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Константин Кавасила во Охрид (31.10.2015 )
Неизброен е бројот на светиите, запишани во диптихот, но и незапишани, кои светата Црква, научена од Светиот Дух, ги прославува, а преку нив Го велича и Троичниот Бог. Многумина останале и по долго време непрославени, но никогаш не биле заборавени од светата Црква Христова, а и Самиот Бог ги воздигнувал и возвеличувал на разни начини.