Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
Божикниот пост
Тропар на св. епископ Амфилохиј Икониски 23 ноември / 6 декември 2024
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
о свети Амфилохие,
те припреми да бидеш изведен на Божја служба,
тебе кој со ангелот се молеше,
мудроста Божја на жедните преку тебе представена беше,