Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.
Сè што правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов. Без љубовта молитвата не е полезна,
советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот,
кој што чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа.
Никогаш не сте сами , бидејќи каде и да одите , војската на Создателот оди со вас.
Депресивни сте ?
Зошто?
Без оглед која болка нанесена од луѓето сега ве мачи , вашата душа наскоро ќе се врати навреме во топлината на Божјата Љубов.
Извади ја тагата !
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат.
“Синкo, пoтруди сe сeкoгаш да бидeш прoст и нeзлoбeн. Нeмoј да имаш eднo вo срцeтo, а другo на јазикoт, бидeјќи тoа e лукавствo и лага.
Биди вистинит а нe лажeн, бидeјќи лагата e oд лукавиoт. Нe враќај злo за злo; акo нeкoј ти направи злo, oпрoсти му, и Бoг на тeбe да ти oпрoсти. Акo тe мачи злoпамтeњe, пoмoли сe на Бoга oд сeта душа за oнoј брат (злoтвoрoт) и злoпамтeњeтo ќe пoбeгнe oд кај тeбe”.
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нè (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени,
Само со љубов кон ближниот и смирение пред Бога, човекот може во својот живот да го види Творецот, и да се надева на Неговата милост.
Ние лицемериме, кога се обидуваме да се претставиме како вистински христијани, а не сме тоа. Вистинското христијанство не е во името, туку во начинот на нашиот живот. За вистински живот во Христа, потребни се вера, укорување на себеси и вистинско смирение.
Торжествата по повод празникот на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2019 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен,
Овој род се истерува само со молитва и пост. Ако овој род се изгонува со молитвата и постот на некој друг, тогаш уште понемоќен е овој род да влезе во човек што самиот се моли и пости. Ете ти ограда! Има многу бесови, и сиот воздух е исполнет со нив. А сепак, тие не можат ништо да му направат на човекот што е ограден со молитва и пост.
Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши.
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби?
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто.
Света Ана е надеж на неплодните и на оние кои не можат да родат. И таа заедно со нејзиниот сопруг светиот Јоаким со горешти молитви, солзи, постојани молби го умолија Бога да им даде дете. Конечно, Бог ги слушна нивните моитви и во 69 година од животот се удостои да стане мајка на мајката на Богочовекот, нашиот Господ Исус Христос. Затоа во продолжение ја изложуваме нејзината молитва кон Господ.
Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.
Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво. Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос?
Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк.
Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нe љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ? го дава Светиот Дух на грешната душа, ? дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе...